Добро мајки нормално ли е бебе да е нервозно и да вади заби а нема ниту 4 месеци? Приметив овие денови се лигави многу и непцата го чешкаат дури нервозно ги пика рачињата му ржи дури и врти со глава лево десно... и плаче само јас кога го држам се смирува, се изморов ептен овие два три дена, плус и скоков не дотепа..
Мајки ај помош. На ќерче ова и се појави минатата недела , претпоставувам од мокро лигавче што доаѓаше во допир со кожата, бевме на гости и го носеше едно 2-3 саати , вечерта се појави, ваљда од иритација со мокрото . И помина малку , матичната ми рече 2 дена афлодерм и денес дадов банана ( и претходно јадела) сега можеби малку повеќе , речиси пола, по 20 минути и се вцрвенија, стоеја така 15-20 мин и пак избледија. Зар е можно од банана да реагира? Инаку има атопична кожа, ама не ко синко што му беше, поблага варијанта…. Еве ја Ова на обравчето Под муце
И што ви рекоа да мачкате? На левата страна има најмногу зошто обично од десната града цица и така заспива , па претпоставувам што и капело млекце и било влажно се направило вака
Никако моиве дома сите го поминаа освен јас и бебушот. Се надевам ќе не поштеди. И тоа не баш лесно, со тешка кашлица и уште кашлаат после 2 недели...
И ние имаме исто вакво, педијатарот рече дека е лишајче и да мачкаме Биодерма атодерм или Веледа невен за лице. Јас зедов Биодерма, му го чистам лицето прво со газа и водичка и го мачкам со биодермата и еве му се изгуби.
Девојки само што добив менструација, четири месеци после раѓање дали тоа е океј, читав негде значело млекото се намалува се испаничив?
Зашо да не е океј. Некој порано, некој покасно добива. Јас добив вториот месец. Млекото ќе се врати у нормала после менструацијата. Може бебе нема да сака баш да цица сега, се менувал вкусот на млекото имам читано
Јас добив циклус на 2 месец. На комбинирана исхрана бевме, но со добиеното скроз ми секна. Пиев апчиња, чаеви од билна, лакта микс, леден чај, овес.. ништо, не ми се врати млеко воопшто.
@jelo мојава има 4,5 месеци и од ко направи 1 месец почна да се лигави и да прави балончиња. Педијатарот кога ја виде рече набрекнати се единиците ќе излагаат. Сега на контрола на 4 месеци ги гледа пак набрекнати до четворка. Се лигави ко чешма расипана да има во уста, се чеша, се нервира, раце бута до желудник ама заб абер нема да извади @GoldenFrida јас добив после 4 месеци. Тука читав дека се менувал вкусот на млекото па одбивале да цицаат бебињата. Да ти кажам кај мене си цицаше најнормално како и пред тоа, а фала богу и не осеќам дека ми е намалено млекото, така да уживај и гушкај се со бебуле
Не ми текнува колку ИЕ беше вигантолот дека оддамна го користам. по препорака на ортопед еден ден 2 капки , следен 3 .
Ама и убаво ти вика. Подобро дома измери си го на вага, детето си се познава дали е добро, ако имаш некое прашање јави се, отколу да го однесеш здраво, а да го вратиш болно. И јас кога се јавив да ја прашам сестрата дали треба да ја водам за книшка и на контрола или не, ми го рече истото. И воопшто не и замерив. Ниту првото сум го носела на контроли, ниту второто. Не велам дека така е исправно, ама и за двете периодите со болести беа, па избегнав одење по ординации. Секако и двете се разболуваа околу 4ти месец, па тогаш и кс правевме. Ако нешто не е во ред или стагнира и самата ќе познаеш. А веројатноста да закачи вирус е огромна.