Не знам кој ми кажа за совет да не враќам назад ФАЛАААА ТИ! Ставив бебе у креветче така будно ама зашамутено пуштив шум (colicky baby sleeps to this magic барајт на јутуб) бебе спие си се успа сам и еве го уште спие од 19:30. ШТО ПИЕ КАФАНА?
Мамички се расчитав по темите за температура на бебе и се замислив. Бебе најчесто има 35 со нешто температура. Сега читам не е нормална, а јас знам од 35 до 37 е нормална. Лошо е тоа да преземам нешто или да ја сметам за нормална? И не знам колку точно мерам, користам дигитален за под мишка, го држам под мишка додека да свирне. Денес прими вакцина па битно ми е ова за да знам дали ке качи. Моментално има 35.6
Хаха ај да се множи вакво спиење. И ние така вториот месец со сопругот си ја подававме, ја заспивавме и на крај се откажавме и ја оставивме на кревет со пуштен шум као демек ене лежи шо знаеш прај, ко за 5 минути заспа сама. Оттогаш бебе во раце навечер за успивање немаме земено, не се откажувај и секоја ноќ пробувај така, нека ви премине во рутина. Од ко почнавме да ја оставаме до нас во креветчето единствено ново шо смени е сака да ме држи за прсте, но заспивањето сама не и се скрши. Кога почнува фамозната регресија? Приметувам дека и е потешко да заспие, пример ќе заспие за 5 минути, ама ќе врти лево десно со главата, ќе крева нозе и ќе се мачи така некое време за да завлезе во длабок сон. Дали тоа се должи веќе на регресијата или да се спремам за нешто друго? Инаку цела ноќ ја преспива со само едно будење и затоа сум збунета дали воопшто е во регресија. За разлика од ноќното спиење, промени повеќе сетивме во денското, дремките потешко ги заспива, во смисол два три пати треба да ја земам в раце за да заспие убаво и сите ги скрати на 45 минути, ретко некогаш една да ја потера до кај саат ипол. Инаку според апликација во 4 скок е веќе 6 дена, а некои негативни промени нема, напротив. Единствено бара многу да цица, не дочекува некогаш ни 2 часа, туку си цица и на саат ипол онака обилно, не од лигавење. Има ли други вака шо го поминале лесно 4 скок или бурата допрва доаѓа и џабе се надевам? Ај да речам пу пу, со страв го пишувам постот.
Сега почнува и моето заспиваше само после нејќеше никако сакаше само думкање во раце, п деновиве ништо не сакаше и еве сега пак сака со шумот ама пресреќна сум. Бурата доаѓа полека. Ние сме 20ти ден и сега почна лудото во скокот ама еве три дена беше, денес според ова до сега се враќа во некаков нормален ритам ❤️
Јас давам 1 капка која содржи 400 ие. Ама давам 2-3 за секој случај оти знае и да голтне. Цела година ми рекоа вака да давам.
Дебели чорапчиња, купив едни како чизми од ваикики ќе ги изгубев дур да се спуштам у лифт пред зграда
Да, ама тука секаде е иста препораката за 400UI без разлика дали е држава со зима или у лето си 365 дена. Регресијата е кога се менува циклус на спиење на бебе и преминува како кај возрасни. Трае 90-120 минути и после тој период бебе влегува во лесен сон каде ако не е во околина во која заспало настанува проблем. Пример ти ќе заспиеш со перница се будиш некаде у сред ноќ ја има перницата се вртиш и продужуваш, ама ако ја нема се вознемируваш и ја бараш… е така бебе бара цице ако заспало на неа. Проблемот со регресијата е дека ако сега не го одвикнеш може и понатака да остане истото темпо на будење и презаспивање.
Патичиња имам 2 пара едни од Енци Менци и едни од Тила, големки се ама со лепеката ќе ги стегнам и таман
И моето е така некогаш дури спушта 35.3. Па после знае да качи до 37 со 5 и сл. Немаат уште развиена терморегулација.
Друштво, на 6м колку ви се тешки бебушите? Една луда докторка за моето што тежи 9,5 кг. ми рече дека било дебело