Хахах дебело било. Да му јаде газот. Да не треба на диета да го ставиш А за тоа колку тежеше мојата на 6 месеци, мудро ќе си молчам
Чорба умот ми го направи. Демек било на ризик да развие некоја белодробна инфекција дека било со тежината леле да не ви кажувам ни докторката ни каде бев на вакцинација.
Моево е толку на 5 месеци. А ќерка ми беше 9 кила на 12. И двете сосема нормални тежини. Бебе што уште не е физички активно ниту се смета за дебело ниту се става на диета. Допрва ќе има балансирани оброци, па ќе почне да лазе, да се исправа, да оди и да трча, тежината ќе му ја регулираат новите околности. Ич да не се секираш за такви глупи коментари.
Вакви ризици постојат понатака. Кога стануваат активни, а трошат помалку од она што го внесуваат. До годината главен оброк е сеуште млекото, плус повеќето деца ќе бидат повеќе на млеко и оброците ќе им бидат помали. Ама ќе бидат активни, а дете кога станува активно веќе нема да седне. По година-година ипол ризиците се зголемуваат. Децата се многу активни и се очекува и да трошат повеќе. Имаат главни оброци и ужинки и ако се гојазни може (а и не мора да значи) да си завлече последици понатака низ животот. Додека се бебиња не е апсолутно никаков проблем оти се гледаат различни параметри.
@Arababy на доење сте? Машала Колку сакав бебе буцко да си имам , преслатки ми се Ама моиве манекени .
Бебе е 3 недели и ноктињата му се големи, само се гребе, вчера сакав да му ги сечам ама ме искараа, наводно не му се сечеле до 40 дена, не знам ни зошто првпат слушам за ова Како сте правеле вие?
3 месеци е бебе, уште ги немам сецнато. Чекам само да се заљупи и ќе го извадам со прст. А ти ако можеш сечи. Мене ми е страв малце.
Да му го јаде газот . Моето има 9 кила на 5 и пол месеци, не е буцко само е долго. Никој не ни рекол дека е дебело до сеа а и јас и мм сме 2 метра. Иначе се роди просечно 3350гр.
Цврсти и остри му се, не му се лупат, лом му е лицето со гребаници. И мене ми е страв да му ги сечам ама некни око ќе си извадеше со ноктите, па и педијатарот вчера ми рече да ги сечам.
Прво доаѓање дома со турпија. Они нека не си ги сечат 40дена ноктите. Ич да не слушаш бабини деветини.
Од болница кога се вративме дома веднаш и ги сековме ноктите. На мојата и беа ептен долги, се чудеа докторките, ме прашуваа дали е надносено бебето (а не беше). Таман работа до 40 дена така да ја оставев. И јас прв пат слушам за тоа.
Фала женски, не знам од кај е произлезено ова да не се сечат до 40 дена ама бидејќи го слушнав и од помлади си реков ај да си прашам и тука