Ќерка ми се роди со нокти мислиш маникир правела у матката, уште да не и ги сечев 40 дена и ќе не заколеше дома
Никој не знае, ни тие самите не знаат и не ја ни знаат причината кога ќе ги прашаш зошто. Ова е ко приказната со невестата и колбасите. Се омажила невестата и ајде да пржи колбаси, арно ама на сите колбаси им ги сечела краевите. Мажот ја видел и ја прашал оти ги сечеш, таа му рекла па не знам така мајка ми правеше. Мажот заинтересиран зошто отишол да ја праша мајка ѝ. Ја прашал зошто бабо ги сечеш краевите на колбасите, таа му рекла па не знам така мајка ми правеше. Е ајде и неа отишол да ја праша, оти бабо ти си ги сечела краевите од колбасите, таа му рекла ами синко не ми ги збираше во тавчето зато. Ако слушаш секоја бабина деветина тешко тебе.
Уште од 7ми ден му ги сечам со бебешка турпија, се роди со нокти дури и црно под нив имаше, ако го оставив така ко на нива да копал беше Ова истото го знам со лебот, зашто не го збирал во сандчето за леб па му се сечеле краевите
Моево е 5ипол месеци и тежи 9,200кг,со се алишта. И баш е слатко и не е дебелко. Досега не ми искоментитрала докторката ништо. Инаку 5 скок е . Вришти од нигде никаде буквално за ништо и треба многу време за да ја смирам. Вака вришти посебно пред денското спиење, а претходно се буни не дава да ја заспијам, а веќе кога ќе сака она се вознемирува и вришти. Ноќите не се лоши, ама од бебе што се будеше 2 пати, сега се буди мин 5 пати . И то... А 6тиот можам да замислам каков ќе е
Мајки, какви лигавчиња ставате на бебињата кои се лигават? Памучните, пријатен материјал но се пропуштаат. Фротирни добив од џамбо, не пропуштаат но некако груби ми се.
https://www.babycenter.mk/lassig-ligavce-ligavce-51-gluvce-little-chums-mouse-1311002725-776725.html Овие ги имаме , преубави се , премеки и не пропуштаат.
Не фати само малце имаше секрет. И чистев со аспиратор. Јас многу брзо оздравев само еден ден бев со температура и болки во телото. Мислсм дека се од грлото произлезе кај мене. Пиев антибиотик два три денс и го прекинав
@Iris-1234 јас уште на клиника му ги исеков нарачав по маж да ми го донесе ноктарчето. Надносено бебе со долги нокти се роди. Сечи и без страв, 20 секунди работа е. Првите неколку пати може ќе ти биде, ама многу брзо им растат ќе се навикнеш. Некои педијатри советуваат дур спие бебето да му ги пресечеш. Никако. Може да развие страв понатака па после со години дур спие да си обврзана да сечеш. Ќе си го земеш пред тебе и ќе си му ги пресечеш да гледа од мало. И не се плаши ич ако го штипнеш. Ништо нема да му биде.
Јас траума од сечење никти имам. Крв му пуштив од прстето на два пати и ми идеше да умрам од мака. Сестра ми му ги сечи сега
Како да ја одвикнам од штипење ко ќе цица? Како маче да ме гребело на гради сум цела. Сега почна со двете раце да ја фаќа и ја носи в уста и цело време штипи и пушта во ритам дури цица.
Ние сефте прво сечење нокти и прстот му го закачивме и имаше крвца малку. Среќа ептен беше мало па немаше сила глас да пушти
Јас од почеток сечам нокти со ножички, без проблем. Вчера баш му ги сечев и сега нели поголем, па такви фаци налутенки правеше, се утепавме од смеење. И ова мое второ бебе ќе биде манекен, а и ќе ни бега од просек. Ние сите така машала си сме,полнички Првото беше полничко и ставаше по 1кг секој месец, ама маки мачев со повраќање, и тоа како сифон, обилно. И не беше прејадување, тој ако глесаше некој до него да јаде,повраќаше. И така до 4год, јас живци искинав. Малово си јаде, си цица, весел е, тоа ми е најважно. И кај нас може има некој скок или почна периодот кога сака да патка, па никаде не го собира и ништо не го интересира. Во раце кај мама е најубаво. Затоа раменициве и лактиве не знам дека се мои.
Некој искуство со лој од гуска кај бебе од 5.5м? Било дали со мачкање/давање? Нема спуштено, но има мнооогу шлаем; Во меѓувреме секако инхалирам и влечам со пумпица.
И јас исто. Само во спиење гледам да биде тоа. На два пати и пуштив крв и од тогаш траума. И мојава исто прави. Сама си ја става и си ја ваѓа од уста. И кога ќе ја извади ја држи како микрофон и и гуга.