За давање во нешто е мало, а за мачкање пред некој ден прашував кај што продаваат од 6 месеци ми пишаа. Мојата е помала, прашував и јас тука пред некој ден за мачкање со маст, јас 2-3 пати ја намачкав по малку на гради, немаше некаква лоша реакција, а кашлицата е намалена и шлајмот е потечен сега. Веројатно од инхалациите е тоа, со атровент инхалираме инаку беше преполна во горниот дел. Ама мислам и маста имаше ефект, кај големиот се смири кашлицата целосно, а друго не пие ништо. Секој ден ја слушаат мојата, утре ни рече матичната пауза да направиме. И секој ден ја чистат таму во носот, ја аспирираат, дома многу малце вадам јас. Таман ќе помислам се исчисти пак се полни цела, многу лош вирус. Пробај по малку, овде и членка ми пиша дека со доктор се консултирала и рекол дека нема штета од тоа.
За нокти сечам од првиот ден кога си дојдовме дома, со Чико ножички. Мене па ич не ми беше страв не знам зошто
Дечки ми дадоа да пробам дохрана 30мл после подој ако бебе сака па да видиме дали е до тоа. Бебе си напредува одлично, ама многу плаче после цицање како да сака уште па го заќуткувам со цуцла. Може е домтоа може е до лудиот скок. Докторката ми кажа да не се грижам да видиме ја загрижи фактот што не кака редовно амс рече и тоа не мора да значи ништо.е сега кажете совет како да зголемам лактација (се молзам после цицање и не се качува) и совет кога е подобро да дадам дохрана сабајле или навечер после доење. И како се прави дохранава земав аптамил еден ама мн комплицирсно вика 40 степени со што мерите?
Јас искрено со ништо не мерам. Флаширана вода земам и ја пробувам на внатрешен дел од раката дали ми е таман. Не ја вријам само ја топлам, така од прв ден му правам па еве го здрав жив.
Мајкии дали навечер бебчињата ви спијат на страна? Мојов од синоќа почна да се врти накај мене и сака да спие на страна ама јас штом завлечи го местам на грбче да спие дека многу ми е страв така да не легне на меше.. некако многу ми е мал уште нема 4 месеци за така да спие или грешка сум? Вчера прв пат се заврте дента од грбче на меше и си ја исправи главата без никаква помош, ме изненадува ептен
Да, се врти и мојата накај мене. Ја исправувам исто во грпчето дури сум будна. За една недела 4 месеци, се нема уште на меше свртено целосно мојата. И мене ми е страв особено овие дена на повисоко спие поради кашлицата и знае да занурка надолу ко ќе е свртена Штом знае да се врти така мислам дека не е страшно, има многу бебиња и на меше што спијат на оваа возраст.
Јас добив 4 месеци после пород, никаква промена во млеко немав. И останав бремена тој месец...сега ги одбив и двајцата, постариот 2год и 3 месеца, помалиот 1год и 3 месеца. Ниту бремена немав проблем, бебе цицаше цела бременост и од колострумот му пиеше Мислам дека не е кај сите жени исто.
За зголемување лактација многууууу течности, јогурт, овесни снегулки, компоти, сок од јаболко, млеко и млечни продукти... Има сигурно и многу други работи, ке прочепкаш на гугл. Посебно ми нагласи за јогурт и овес педијатарот кога ме испуштаа од болница...
Немојте никогаш да расоните бебе што е во полуспиечка состојба. Леле мајко. Ај што денес плачеше, не сакаше да цица, ниту пак спие, т.е сака ама глуми лудило, едвај го наканив, заспа по два саати. Еднаш се разбуди накај 1 ипол, и накај 4 ипол пак почна да се буди, ама осеќам носето суво, не диши убаво. Со цел памет спреј прснав. Кога ококори очи, кога рече да вришти, животот пред очи ми излезе и каење и ми идеше солна киселина да се напијам. И сега пак не сака да цица, ниту да лежи, па морав да го исправам, друг да го држи, додека јас му давам цице. И го фати така. Дискретно го превземав и го легнав на раце. Заспа. Следен пат и крокодили во нос да има, не чепкам. Морници ме лазат. Четврти скок шо? И меѓускок, и осмина скок, и полускок у пм.
Не се примаат вакцини во приватна болница освен првата за хепатит и бсг, за тие секако ги прегледуваат.
Јас па се нервирам шо не гуга уште (2месеци) само кратки крици испушта... Ама значи да поуживам уште малку додека не почнала