Кога беше ептен мало натопував на чепкалка за уши физиолошки раствор и така му ги вадев. Сега капнувам од растворот во носе и со чепкалка за уши чистам
Потврдувам за теоријата на @Rtulka за БиоГајата. Од кога почнав Waya да давам, чакрите на бебето му ги отворив. Нема непокакана пелена.
Да се пријавам, моево бебе сака Аптамил сма не бил гладен ја не знам што е со дерењево дур се цица, Значи денес цицаше и му дадов Аптамил испи 10ml и го тргна како да нејќе без драми. Ова ме советуваше педијатарот да видиме да не е гладно. Значи не е. Значи четврти скок ќе ме шекне
Што е ова, како некоја епидемија да има меѓу бебињата, наречена ,,вриштење на и за цицка". Сериозно, знае некој да објасни, што им е проблемот? Инаку машала, бебуш ми пораснал за кило и 500 од минатата контрола. На три месеци направи 7500. Збогум кичмо.
Познато ми е хахаха. Го носев на педијатар зашто не јаде. ТАа ми рече не се грижи мајка, има залиха. Негде околу 8 9 кг е ама само бутки е. Нема меше дебело, гушка.
За една недела сме закажани за вакцина. Мислам дека малку е за да се опорави после вирусот, да презакажам така ? Уште си кашла. Колку време после опоравување се чека?
Само мрсулки и шлајмче имаше ако не се лажам? Без температура? Јави се и објасни им се, па види што ќе ти кажат. Мојата беше исто така, само за една недела ја одложив вакцината, а и тогаш имаше уште малку мрсулчиња. Поминавме без никаква реакција. Ќе си направите крвна слика секако.
Даваш ли пробиотик? Пс: отпосле видов дека веќе си пишала.. Пробај ти во твојата исхрана вметни нешто што делува лаксативно, чај, храна или било што да видиш како ке делува на бебе.
Јас користам премиум. Не знам искрено дали има врска. Треба до 31 декември да имаш четири пакета купено. И Тинекс, и Зегин и Еурофарм даваат. Може и на друго место. Зависи што сакаш и од каде сакаш да купиш.
Само јас сум изгледа задоволна од биогаја И тоа пробав Ваја, почна запек да има и се вратив пак на биогаја.
Во овај скок не знаеш бебе шо сака, цело време плачки, стави го на цице уште плачи, и јас си плачев со него од умор.
Уште користиме 2ка премиум. Во зегин некој флаер ми дадоа ама тоа беше за 4/5 ка мислам памперс премиум зошто земав и за внука ми, се собираа некои купони... Конкретно за 2/3 ка дали има некаде, и 3ка од колку до колку кг е?
Го однесов во Систина, добар е, нема наод на плуќа, нема температура, веројатно фатил вирусче од татко му затоа што тој беше настинат. Ми рекоа повеќе да цица, ако се влоши ситуацијата да го носам пак. Преплашена сум, 3 недели има само, ептен ми е страв нешто да не се искомплицира.
Вирус беше од големиот, мислам ама не сум сигурна дека рсв вирусот беше. Имаше ризик од бронхит и уште не е чиста целосно, ја носиме уште на контрола. Имаше еден ден малку температура, не крена многу. Ќе прашам и таму, крвна слика обавезно, некни црп и беше 30.
Најдобро консултирај се со матичен и доктор од диспанзер. Ќерка ми беше болна баш кога требаше да ги прима рота и шестовалентната. Рота ни препорачаа воопшто да не ја вакцинираме дека е ограничена со возраст нели, а за шестовалентната ни кажаа да има поминато најмалку една недела од последната испиена доза антибиотик.