Првите две купончиња ми беа за тројка. Тек сега почнав за четворка да купувам. Ми спие бебе во раце, ќе видев од колку до колку кила е. Имаш на самото паковање за секое памперс од колку до колку кила е. До 9 е мислам, а од колку не се сеќавам.
Ако продолжи да кашла убаво би било да го носиш секојдневно да го преслушуваат некаде. Тој совет го добив од Искра и од Живкович од Ремедика.
Јас обично кај Живковиќ го носам ама денес не ми одговораше подолго време на пораката, а јас ептен уплашена бев и го однесов во Систина. Тој не кашла често ама знае да поткашла по малце, се надевам ќе му помине ако треба и секој ден ќе го носам да го наслушуваат.
Да, мора секој ден зошто многу брзо спуштале бебињата. @Iris-1234 има секрет во носе, се задавува или суво кашла? Ако му се бери многу најди кај кој доктор чистат носе со цревце, до горе ги чистат убаво, јас дома ни третина не вадев колку таму секој ден што ја чистат. Ако се накашлува само не е страшно, ќе знаеш ко ќе е полно и ко ќе е лоша кашлица зошто не дишат на уста бебињата. Мене ми рече матичната дури може да цица не е многу страшно, ако се трга да ја носам одма.
Јадранка не прегледува болни деца. И јас со неа се консултирав цело време тогаш по телефон, ама ме прати кај Искра. И двете докторки ми рекоа поради возраста на бебето мора секојдневно да се прати. @kristina.k Да, мојата спушти на гради за не цели 24 часа. Во Ремедика сабајлето со наод од десно, по два часа кога бевме во Систина спушти и на лево. Завршивме хоспитализирани таму 4 дена.
@purple..m баш ми е жал добри сте сега? И на матичната и се слушаше нешто кај мојата, па на приватно ја носев не беше страшно, ја инхалираа и таму и следевме. Уште се плашам јас, само ја слушам на грпчето, ама доста е намалена кашлицата и течен е шлајмот полесно го исфрла.
Само се накашлува засега, не кашла со секрет. Секретот како горе негде во носе да му е, ми рекоа може и млекце да му се враќа и од тоа да хрчи така, а докторката рече дека носето му е проодно. Ми рекоа да цица почесто, ако почне да одбива да цица или ако крене температура да го носам пак. Знам дека не прегледува ама ете рече дека ако има потреба ќе ме прими.
Здраво,, јас сум нова во групава а пишувам бидејки имам бебенце кое утре прави 40 дена а изминатиов месец постојано грофта ( ако можам така да кажам) како да и е затнато носето. Купив морска сол и ја прскав а потоа вадев мрсулчиња ( немаше ништо посебно) а грофтањето зачести. Дури од вчера кога ке ја фати тој напад на грофтање ко да неможе ибаво да диши и се прави нервоза и плаче. Ова се случува најчеато на спиење и не е континуирано туку на моменти. Дали имал нркој вакво искуство, на што се должи ова? Фала ви однапред
@Iris-1234 може и се чисти уште. Нека си цица почесто, ако ти е нешто сомнително ќе одиш пак, ама мислам добро ќе е. Да, еве цела недела мојата спие на перница од половина нагоре. Како под агол и мене ми препорачаа. Во Плодност докторката ми рече ако се закашлува ноќе многу на мене да си ја земам исправена, така најдолго поспиваше ама треба пазење многу.
Супер е сега, бевме после тоа уште на две контроли во Систина, чиста е веќе. Среќа беше на почеток фатено. И кај вас веќе е веројатно во фаза на поминување, иста беше и ќерка ми кога не пуштија од болница, со растечнат секрет и намалена кашлица. По 3-4 дена целосно и се повлече. За неколку дена ќе бидете како нови @Iris-1234 извини мајка, може и за џабе те паничиме. Тој период навистина знаат да накашлуват и поради тоа што се прочистуват. Ама дека изгорев сега брзо со ова. Да, малце ми беше поткренато душечето од креветче. Ми се давеше кога беше легната целосно на грб.
Не се плаши, ќе биде добро. И моето на месец ипол се разболе, една вечер беше со температура и растечено носе. Помина како на кутре. Од тогаш фала му на Бога нема никаква мака, сме биле во контакт со болни, јас сум била болна, тој нема гајле. Мора да ствараат имунитет некако, без грижи.
Страв лозје чува, така велат. Дај Боже да се чисти ама претпазливоста е најдобар лек, премал е и подобро да превенираме или да фатиме на почеток што и да е. Фала ви за советите
Оххх дај Боже, ќе се разболам јас од грижи, многу се испаничив, сите сценарија ми поминаа низ глава. Дај Боже да му помине брзо
Кога ве читам за килажата само моево е манекенка? Не испуштија со 3070. Сега сме 4 месеци и тежи 6200. А нон стоп цица. На ексклузивно доење сме.