Подршка стиже На 6 месеци 6 кг На 12месеци 7.500 кг. Деновиве ќе ја носам на мерење. Се сеќавам на тебе мама, моја со-борка, успеа. Жив и здрав да биде јунакот. Јас природно се породив и имав отоци скоро цел месец.
Некои денови ќе пие помалку, следните ќе надокнадува. Ако почнува да преспива преку ноќта, а сметаш дека пие малку млеко зголеми му некое шише преку ден. Пример кога ќе стане може да понудиш поголема доза или пред спиење. По формулата мислам дека се пресметува додека не почне со цврста храна.
Жени вака изгледс ќе користам BLW за исхрана иако бев против поради обврските што идат и порано почнување со работа сепак не сакам да му го скратам тоа на бебето. Пред се Др Палчевска ме советуваше и ми даде фини насоки околу начинот и за тоа колку е добро. Сега ме интересира мислење некоја мајка што го изодела тој пат и ако може да ми кажете дали има тема за тоа или како се отвара за да не пишувам тука!
И јас бев со отоци и ми поминаа! Имав 2-3недели не се секирај. Само притисок да не креваш. Така мене ми рече др.
Еве тема. И јас ја поминав. https://forum.femina.mk/threads/baby-led-weaning-бебињата-јадат-сами.32577/
Ако може малку инфо за целисходноста на ова? Што е поентата? Ако некој го мрзи да блендира? Постои некој што не се научил да џвака и да јаде сам, па да треба на бебињава да им тупнуваме парчиња толкави за да џвакаат? Не сум иронична, стварно ме интересира.
Да, вториот пат и со повисока температура ама пократко траеше. Сега крај на месец сме за трети дози....од сега ми се врти во глава плус и прва доза превенар ќе прими....
Еве јас да одговорам. Со овај метод бебињата најпрво јадат онолку колку што им е потребно, ја развиваат фината моторика, сами бираат што ќе јадат од понуденото, побрзо преминува на фамилијарната храна. За полесно дека е, не би се согласила зошто е многу потешко напротив. Поголемата многу долго јадеше каши, се давеше од најмало парче и мене ми беше полесно така. Знаев колку точно ќе изеди и бев сигурна дека јади доволно. Ќе изблендирав 200 грама и ќе ја наранев за 5 минути и завршено. Е сега втората ќерка не сака каша, а сака парчиња. Мене ми е многу потешко зошто не можам да исконтролирам колку изела (пола е фрлено, згмечено, залепено на алиштата), не можам се да протнам како во кашата, има хаос и после секое јадење следува преслекување комплетно, чистење на столчето и на подот ( некогаш и косата е цела со храна), кога сме надвор од дома или на пат е уште потешко за хранење, секој зеленчук и секое овошје и месо треба да смислувам како да го дадам, како да го сечам дали ќе помине варено, печено, мафин.... Е со кашата е свари, изблендирај нема полесно.
Жив и здрав да е јунакот убав, добро дојде мила и побрзо да ни се опоравиш. Примаш некоја терапија за отоците?
Од кај 4-4 и пол месеци само еднаш. Заспива во 9, за јадење се буди во 3,4 или 5. Мислам она ќе се разбуди неколку пати, ама со цуцлето ќе си презаспие одма. Пробај ако сака цуцла да држи дали ќе заспие.
Ако и е добра кс ќе ја вакцинираат или само рота ако ви е следна. Нашиве така направија а сеуште кашлаше и имаше секрет во нос. Еве и сега цел месец е таква а крвна слика добра , одложувам и јас ама ќе мора
Бенефити прво за бебето, а потоа за целото семејство има многу. Бар повеќе од земи нарани го со кашичка и мислиш си завршил работа, а понатака требаат милион транзиции во пасирано, па во парчиња, па мешано па перипетии. И до 2 години нема да знае да џвака и голта правилно и ќе го раниш до 10 години. Со овој метод се поттикнува независност и нема потреба од грижа колку изело, оти првата година е најбитно запознавањето со храната, цицање и ад секако е останува главна храна и бебето нема да е гладно. При патување храната се спрема исто како кога одиш на одмор и спремаш храна. Знам дека ве има ребелс во групава, ова со џвакањето ти е исто како шо има врска ставање на меше еве сите проодиле и протрчале. Исто е ама не е исто. Тоа е првиот ворк аут на бебето. И е многу битен за правилен развој за секој мајлстоун понатака. Исто ко јас до пред 3 години кога трчав 3 пати неделно и се качував до 7ми без да сетам, и јас денеска 3 години тотално физички неактивна се задишувам до први. Се си има свое и се си многу потребно и битно. Не за џабе сите експерти советуваат така.
Душички... ми се темни кога треба на вакцина да одиме. Примивме денес втора доза. Мене повеќе ме плашат грчевите од ротата. Со првата доза имаше и грчеви и температура. Ама од температурата не даваше некој знак весела беше се смееше. А од грчевите вриштење цела се грчеше...