А намерно пишувам ако можете, пошто за прво дете ретко некој успева да не се нервира за сенешто. И ја натаму терам. 5 и мене не ми бегаат. Јас се надевам второво да покаже интерес за храна за и првото да пројаде нешто, пошто таа од воздух повеќето денови живее. Фала ти Ели. За праска сум заборавила. Утре во план ми е да почнам со морков здравје. Се мислам и јас да дадам повеќе лажички ако по некое чудо сака. Многу сум возбудена ко прв пат да ми е.
Оброк е доручек, потоа втор оброк е ручек и трет оброк е вечера. Со тек на време ќе стасате до 3 оброци и 2 ужинки меѓу оброците. Ќе си направиш рутина. Под претпоставка дека се будите и денот ви почнува во 6 ипол. Одма по будење даваш да цица. Накај 7 ипол или 8 ( порано подоцна ќе си видиш сама кога огладнува) даваш оброк односно сега ќе пробуваш вкусови. Кога ќе завршите по 5-10 минути нудиш некоја лажичка вода или шише како планираш. После тоа даваш цицка на барање.
Од мое искуство бебушот ми кашла од прв ден што се вика, и кива на секое. Од прво и јас се паничев вака како тебе бидејќи најчесто ноќе се случуваше во спиење ама после видов дека е најверојатно нормално, се чистат, не можат да издуваат носе, ќе им се исуши грлото и сл. Прочитав и дека нема температура и е добар што значи нема простор за грижа и мислам дека е нормално се тоа што му се случува а не вирусче. Мислев дека сум допишала ама излеа склероза ме фаќа Значи и од блендирано на пасирано има премин? Па ја од прва почнав со пасирано, некогаш така некогаш така зависи колку ме мрзи. Ама поубаво ми е кога си џвачка по малце ситни парченца отколку лапни голтни.
Е моево не е ни разгалено, не е ни распрдено ама си сака блендирано да јаде. Нагони страшни има за повраќање и повраќа од парчиња, чиниш и колострумот од првиот ден го исповртил кога повраќа. Такви ми се погодија мене. Ламинатов го направив како за хокеј на мраз од рибање. И се откажав, си правам блендирано, бебе најадено. Почнав да му давам храна во раце, кога прифаќа кога не. Еве сега хит му е портокал, си го шмука за чудо. Леб нема шанси да стави во уста сам, ама со јогурт јаде. Не се потресувам многу околу тие работи, сметам дека е сеуште бебе и дека поимот ,,каша,, е баш за бебе наменет. Исто како и @fana олд скул сум, не би пробувала новитети И големиот јадеше доста долг период каши, навреме се научи сам да јаде, без да тропне лажица не седува на маса, маже цело е. Нека јадат само, другото само ќе си дојде.
Кога пробуваа само вкусови ги давав сабајле. Прв оброк воведов ручек, најдоцна до 14часот, а сабајлето продолжив да давам нови вкусови. Тоа ми беше совет од матичната, но најчесто гледам дека препорачуваат појадок да е прв оброк. Најдобро е да се консултираш со матичниот на детето или докторот што го следи развитокот. Кај мене двете деца имаа различни насоки за што прво да им воведам од намирници.
Јас ги користев на Hipp, Holle, babylove и dmbio. Последно земав од bellina, некои француски, интересни комбинации имаат и имаа повеќе избор на каши со парчиња во нив, да не се мазно блендирани. Ама поскапи се од другите.
Женски малиот ми е 3 месеци. Е денес прима вакцина редовна што е за државата кај што живееме. Ми спомнаа за рота вакцина а јас прашав нели е касно ми рекоа дека до 5 месец може да прима 1 доза. Ок ли е тоа?
Тие таму ако не знаат да ти кажат, ние овде сигурно ич Има одреден датум од-до ротата, штом ти рекле дека може, значи уште имате фора.
Кашите на ДМ и Холе на Зегин. Хип има некои добри само без да се прочита декларацијата не се купува од нив. Има некои со шеќер, некои не се 100% овошје. Органски се овие.
Sab simplex ако можеш да набавиш. Може не скрос ама ќе помогне малко. Инаку мора да се мине низ тоа. Со лесно.
Пази не треба многу често, мало е многу, нежно треба ептен ако е затнато, стави му физиолошки само ќе се исчисти.