Исто бевме и ние до пред брзо. Ама сега кога не спие цело време го поминува на под, бос и се турка со нозете нанапред, лаза, се крева, седнува, станува, паѓа..ја распореди тежината, не е слаб ама не е тоа буцко бебенце со стомак и фалти. Кога ќе почнат да се движат е подруго, па и во раце веќе не сака толку. 6 месеци е. Ако полни пелени не би требало да е гладен, па чим и дохрана даваш. Ваљда е рефлекс, ќе се одвикне како расте. Моето почна сега тек прсти да цица, а најаден напиен..
Се сѐ сведува на тоа - да е жива и здрава. А реално здрава е. Хгб предобар, железо исто, се има разболено 2 пати за 1 година, не и е лош ни имунитетот да кажеш. Ама вегетаријанка ми е дома. Јас уствари знаеш зашо се нервирам, ете од тоа шо тие работи не ги сака - риба, било какво месо, компири, леќа, било каква тестенина. Сакам да кажам похранливо, поздраво де. Тоа не го јаде. Ама дај и ориз и златна мешавина ( рижото по ново нели ), ќе се удави во него. И не може секој ден тоа да јаде. И се некои чудни комбинации јаде и во скоро се и ставам јаболко. Боже сачувај, телешко со јаболко јадеше едно време. А во градинка лапа, не пребира. Или јас многу лошо готвам или знае кај може да се лигави, трето нема. Е такви мафини, палачинки, нешто лебесто да е јаде И активна е многу, тоа ми е голема утеха. Не застанува, поготово сега ко се пушти да оди Нзс, ти викам - да е жива и здрава на крај И не ме толку нервира како порано да ти кажам, отрпнав до некаде. Последен пат ко намали на килажа, цел ден плачев искрено. Мислев јас грешам некаде, јас не ја хранам како шо треба, јас не ја молам доволно итн итн. Е сеа не сум ја однела на контрола ама дома мерена демек 8кг е.
Мајки за крвна слика мора од прсте да му земат крв или може некако и да го боцнат? Претходниот пат од прсте па собираа со епруветката и му направија плускавец на прстето. Јас не видов и да му измијам раче, мислам дека плачеше повеќе него од вакцините
Јас бев таква до пред некоја година, и сум била и како бебе/мало дете . Ништо не сум јадела буквално, само чајна и јаболка и макарони со ништо хаха. По здраво дете од мене немало во фамилија, не седнував по цел ден, сите спортови ги тренирав и сега како жена уште нема да не се урочам, сите ми се чудат, во прво одделение имав 18 кг а бев висока доста. Моево бебе на 6 месеци има 10кг и фазла, како преживував и сама не знам и сега кога имам свое дете си викам дека никогаш нема со сила да го терам да јаде како мене што ми правеа, трауми
А од каде друго ако не од прсте, тоа од таму ако плаче се буни, од вена па ич нема да даде. На мали бебиња од петите им зимаат, ама на поголеми не, од прст само.
Мајки ве молам за совет дали се работи за скок во развој или постои простор за грижа? Следната недела сме на педијатар но не можам да издржам да не прашам. Бебе е 3 и пол месеци, родено предвреме и корегирана возраст од неполни 2 месеци. Почнува наеднаш да плаче и штом го земам се смирува. Јаде помалку од порано, спие повеќе преку ден. На стомак претходно кога го ставав ја креваше главата сега не, само лежи и секогаш на десна страна лежи и раката ја става во уста. Ме секира тоа што не е заинтересиран да ја крене главата а ставам и играчки и тропалки но пак ништо. Приметив дека во последно време повеќе гуга и враќа и повторува кога јас му зборувам. Можеби претерувам но прво дете ми е и сум мнпгу загрижена.
Денес посебен mental breakdown имам. Глава ме кине, надвор пукаат со петарди, бебе плаче ли плаче, цел ден. Се будеше цела ноќ на саат ипол. Ми идеше главата од ѕид да си ја мавам и да вриштам заедно со бебето. На крај се расплакав цела шпихозна мокра му ја направив. Кичмата ми е лом што цел ден е во раце. Многу лош ден. Очаен. И таман ќе се смири, ќе се разбуди за кратко и пак ќе вришти. Страшно.
Иста ситуација и кај нас, он плаче ја плачам, не спиени, не сака навечер, не сака преку ден. Ни во раце не спие..
Многу е сладок, има помалку благи чајчиња или пак сама да си направиш од ким, 100мл вода, 5 зрнца ким, да повари малку и извади ги, таман ќе олади и давај по малку.
Малце подобри сме со оваа комбинација. Моето не сака во креветче, се буди ако го ставам в креветче. Кога ќе го земам до мене мирно си спие, се буди на неколку саати да се нацица и си продолжува да спие.
За мир у куќа еве го 4 месеци до мене спие. Неколку ноќа во креветче беше само. На тема јадење - блендер за кашички да препорачате?
За мала количина рачен на Bosch. 8 год маста му ја извадов. Купив и на Комодита ама треба голема количина да се стави и кашичките се мноооогу водести, баш смути.
И кај нас за мир во куќа спие до мене, а и искрено жал ме фаќа ко ќе го видам сам в креветче. Знам дека ќе го научам до мене да спие ама уште ми е некако многу мал, а јас под дејство на хормони и сакам да си се гушкаме
Јас имам на фуего сличен на нутри булет, го зедов 2500 од нептун на попуст од 1000w пред 2 години, маста му ја извадив. Кога беше помал си спиеше во креветче сега цело време со мене на спална сака, го тегнав креветчето само место ми фаќаше.
Другарке по мака, фала ти најмногу многу ми е мило што стигнав до тука, ова е мојата следна фаза која желно ја исчекував долги години, се’ ми е ново после царскиот, но отоците ми се најголем проблем, на контрола сум во вторник па ми треба трпение а дома ништо не може да чека, па сакам да сум поактивна а раната ме успорува, отоците уште повеќе. Месец дена е навистина долг период Дали е тоа од хормоните и дали ти дадоа некои лекови и некоја препорака како да си олесниш? Сакам да ги намалам и да функционирам нормално, денеска носев чизми на маж ми, некако сум загрижена, но изгледа и хормоните лудуваат па сакам одма да се вратам како и пред бременост фантазии си правам
Немав терапија. Примав само клексани заради високи ддимери. Кај мене имав отоци на лице и коленици. И се вратив во нормала каконпред пораѓај, 48 кила. Ќе се средиш не се секирај Важно е да сте добро.