Не качувам притисок, многу се големи на глуждовите, ако стојам 5-10 минути отекуваат многу, кога спијам со кренати нозе само малку се повлекуваат но останува отокот и ако застанам пак отекуваат. Не знам дали ако се движам ќе се намалат а раната ме боли и конците уште не се извадени, ќе видам во вторник што ќе каже докторот но многу е непријатно и страв ме фаќа Фала ти мила, верувам и дека тука убаво ќе се дружиме, ќе ми требаат совети од искусни мајки Јас примам сега панцеф до вторник, ќе одам на контрола и ќе правиме крвна слика и уште нешто, во болница беа мали отоците, пиев многу течности и инфузии и секакви лекови, кога излегов после 4 дена состојбата драстично се смени станаа големи и сега ни чизмите не можам да си ги облечам Леон е супер, напредува добро, почнав да испумпувам млеко бидејќи сум со запушени канали на градите ама се трудам и вадам млеко со масажи и чуда, денот е прекраток , но јас сум упорна и се надевам ова со отоците брзо ќе поминеФала ти мила твоите збирови ми значат многу
Фала ти мила, јас исто примам клексан од 0,6 ради високи ддимери, имав и многу крварење на пораѓајот, бев со дрен од раната и сега се борам со отоци, ги имав при крај на бременост но ова е премногу драстично, изгледа и хормоните уште влијаат, кај мене се на глуждовите и кога стојат се шират по листовите на подколеница, ајде се надевам ќе помине брзо Фала ти
@Sienna_MK ајде и јас да те утешам Јас бев со оток на десната нога само после пораѓај ( царски ) За време на бременоста не отеков ни еднаш, ама од ко си дојдов дома отече ногата. Стравот е голем знам, јас немав душа во мене. И јас се боцкав со клексани цела бременост и месец дена по пораѓај ама мислам дека нема врска со тоа. После недела дена од нигде никаде се повлече како ништо да не било
@Sienna_MK Отоците по пораѓај со царски се нормални. Најбитно е се симетрични и да немаш болки. Да, треба да се движиш затоа што со зголемување на циркулацијата се помага во исфрлувањето на течностите од телото. Исто важно е и дека треба да пиеш многу течности, иако звучи нелогично, ама и на тој начин се исфрла вишокот. Никако не смееш да останиш дехидрирана. Во меѓувреме (веројатно знаеш) избегнувај сол и процесирана храна.
Пишав во Царски мислам, имав и јас. А немав во бременост. Нормални биле. Ај провери дали ко ќе стиснеш се враќа одма. Мене ме виде патронажната и одма реагираше. После правев кс и се беше во ред. Јас бев на нозе, раце и лице. Ми рекоа да внимавам да не се болни и црвени само.
@V.N. Фала ви многу, се смирив малку, изгледа брзо сакам кај мене се’ да биде за да се посветам на мајчинството како што сакам, бидејќи лежев 4 месеци константно во кревет, многу ми се смачи и сега ме нервираат уште ограничувања Инаку отокот е поголем на левата нога, немам црвенило и не ме боли, само ме тера да лежам за да се повлече, тоа ме ограничува, на други места немам, а течност пијам како да ќе снема утре, имав киселини во бременост и не можев да се напијам вода, после царскиот почнав да пијам многу течности и плус примав многу инфузии. Како и да е, се смирив сега
Син ми лошо бил наместен со главчето и затоа такви прекини во дишењето, сега е на тврдо душече со граничник во U форма и добро дише. Прво бебе и немав осет како да го наместам, сега е ок, си дише нормално.
Мене после царски ми отекоаа глуждовите докторот ми рече да ги држам нозе горе. Кога седиш стависи столче да ти бидат подисправени за неколку дена ми се средија.
Како ги одвикнувате бебињата од еден ноќен подој? Мојата станува кај 1, во 4-5, па после пак во 6. Сношти ја презаспивав за тој во 1 и во 4. Три пати ја презаспав, остави ја во креветче се буди плаче. Па се откажав, дадов цице -.- Денес си викам ајде барем во 6 да не ми станува, а во 5 цицала, исто трипати ја заспав, ја ставам во креветче и одма плачките. Не дадов цице ама еве ја во раце ми спие... Моево ќе испадне од дрвено на камено. Како да ја одвикнам барем од ова јадење? Иначе 4 месеци сме и некој ден.
Исто сме. Едно време пиеше еднаш млеко, сега пак двапати. Не знам ни јас како, се буди и одам по полесниот пат. Плус прета, немирно спие. Пукнав.
Неколку недели само еднаш стануваше кај 4-5, преспиваше околу 8 часа непрекинато, па еве веќе недела дена пак почна да станува во 1 за цицање. Затоа знам дека може без еден оброк навечер, и двете ќе сме понаспани (дневните дремки ни се очајни уште од втора недела). Да не зборувам што јас тешко презаспивам откако ќе станам во 1, па некогаш се случува да не спијам воопшто до наредното цицање.
Гледам дека нашите се тука, и ние сме 4 месеци и седум дена. Ќе да е скок или регресија штом се будат вака.
Да, изгледа тоа е регресијата. Ајде тоа, ја заспивам лесно, ама ја спуштам во креветче и се буди. Навечер по 2 саати некогаш се мафтаме, ќе ја заспијам, ја ставам во креветче се буди или одма или за неколку минути, ајде пак. А бевме стигнати дури и до заспивање сама во креветче. Сега нормално тоа не може, плаче па морам во раце. Како пак да е новороденче. Многу се нервирам кога читам мами блогови на тема спиење, никогаш ништо не ми успеало. Таа сама си скрати ноќен подој, па еве сама си го врати. Сама почна да си заспива во креветче, па еве сега си одлучи дека сака во раце. И јас апсолутно ништо не можам да направам околу тоа. Кога и да се обидам да ја "научам" нешто, плаќам за тоа со и тоа малку сон што можам да си го дозволам. Со читањево по интернет цело време се осеќам како да треба нешто да ја учам, зошто ако не ја научам ќе си имам проблем на долга стаза. Ама еве се' се покажува како невозможна мисија. По се изгледа треба да се предадам и go with the flow. Тогаш барем не се нервирам.
Не се секирајте таман се израдував дека спие опппп си стана. Тешко спиење до 18 години. Сега се во регресија најлошото било. Но ме загрижи фактот што ми го кажа докторката. Ако сега го земаш на секое ќе го земаш до 3 години мораш да бидеш јака и да разграничиш кога е гладен. Вчера стана во 10, во 12, во 2, во 4, во 6 значи на два сати. Преморена сум а по цел ден сака егзибиции и да сум кловн по дома. Навистина е ергетски не се издржува с сум многу енергичен човек
Исти сме и ние. Од раѓање сон немам врзано. Прво во 1, па во 3 или 4, па 6, па 8. Некој пат од 4 до 8, на секој саат станува. Повеќе уморно се осеќам после спиење. Се тешам само дека ништо не е вечно и ќе порасне. Инаку вчера едвај заспа бебе, а јас веќе почнав да халуцинирам. После цел ден борење, најубавото чувство беше кога заспа и одеднаш настанува тишина. Мислам дека мака си имаше, не можеше ни да прдне ни искака. Затоа сабајле поклон ми остави на чаршав и на шпихозна. Толку гнасно во живот не се имам чувствувано. Чаршавот на 100 места бљуцнат, на едно помочан, на неколку места испотен, сега и покакан. И тоа се како се погодува, јас каде што спијам. Ми се собра многу млеко,па додека преслакав, цела и со тоа бев натопена. Права контењерка. Ајде да видиме овој ден што носи.
Овој момент најмногу ме загрижува, затоа се замарам толку. Не е добро ни за бебето толку да станува, сонот е според мене поважен и од јадењето. Од друга страна којзнае како ќе е и забите кога ќе почнат. Можда сега ќе се превртиме и ќе укинеме по некој ноќен подој, забите кога ќе дојдат и тогаш ќе стануваат и ќе сакаат да се смируваат на цице. Не знам дали џабе маката. Можда некоја искусна мама ќе каже некој мудар збор за мир на душата