This too shall pass... Јас кога се замарав вака со статистики и "научни" статии многу се нервирав. Кога тргнав се и бев смирена дека е бебе, ќе смени, тогаш смени, кога ништо не правев.
Сеа јас пак со немој да се нервираш, знам дека не ти е нималку сеедно, ама барем околу спиењето прифати ги работите како што се. Знам дека читате сеа се и сешто ама спиење не се учи. Спиењето е потреба, основен, битен, дел од постоењето. Колку пати ние се будиме ноќе и не можеме да заспиеме? Нешто не мачи, нешто не боли, ни се моча, некој звук ќе не разбуди или само така ќе се разбудиме и не можеме да заспиеме. Тие се бебиња во забрзан развој. Сешто им се дешава во телото и мозочињата, често се престимулирани и без ние да сфатиме, или едноставно се будат. Некогаш само си седат будни, некогаш плачат од замор, некогаш од болка, коските им растат. Знам дека ти е тешко, ама ќе помине. Мој совет е секогаш да се следи потребата на бебето. Будно е со причина само што не знае да ја каже. Спиењето е потреба и тоа со време ќе се среди. Знам дека сега ти е претешко, ама ќе видиш колку брзо ќе помине времето. Ова е апсолутно неточно и не постои ниедно истражување што го потврдило истото. Ама затоа сите истражувања тврдат обратно. Многу е битно да си тука за твоето бебе. Бебињата не знаат да лажат или манипулираат, не зборат и не знаат како да ги изразат емоциите сем преку плачење. Чим плачат дали глад или нешто друго ги мачи значи имаат потреба од тебе и ти си тука да одговориш на таа потреба. Кога плаче, без разлика на причината и ти го смируваш, праќаш сигнал до неговото мозоче дека мама е тука и тоа се чувствува безбедно и смирено. На долг рок тоа му помага да стане посамостојно и со здрава самодоверба оти не било оставано само да плаче и да се смирува и не почувствувало дека џабе плаче секако никој нема да го утеши. Сега ви е тешко што станувате и не спиете, ама бебето има потреба од вас и одговарајќи на таа потреба вие градите дете што понатака ќе биде сигурно во себе и ќе има доверба во вас. Здрава врска родител - дете започнува да се гради од прв ден. Знаете колку брзо ќе помине ова? Дур да трепнете. Знаете како викаат, кога имаш бебенце ноќите се предолги, ама годините се прекратки.
@GoldenFrida колку капки пливит витамин д даваш? Давам бејбитол д3 и д3 со омега. Ми рекоа да зголемам за 400 единици.
Колку ми требаше вакво нешто да прочитам. Сите ми велат одтави го ќе се исплаче, ти воопшто не го оставаш, ама стварно не можам да го слушам. Не бараше од нас да се роди, ние така сакавме. Е сега ќе правиме како сака.
Моево на 10-20мин се буди и само цицка го смирува. 3 ноќа вака, еден ноќ на 2 часа, па ноќва пак на 10-20 мин. Читав за рутина, за drowsy but awake, за самостојно заспивање без цицање и џабе. Освен рутина друго ништо не можам да применам и ќе оставам на него да кажува како да правиме.
Се надевав дека и од тебе ќе добиеме одговор. Кога не читам на нет и кога исклучувам надворешни информации секогаш сум океј со бебето. Со спиењето, јадењето, плачењето, какви и да се. Барем тоа го научив во овие 4 месеци. И еве некоја ваква информација ќе ми улета од некаде (како докторката што и кажала на членката голденфрида, и мене порано докторка ми има кажано таква информација) и ме вади од колосек, па веќе си градам очекувања од бебето, стравови и сомнеж во себе дека негде нешто мора да грешам чим не ми е бебето во моментот "по книга". И ми треба време да сфатам дека расцепканото спиење и неспиење не ми сметаат толку колку стравот и сомнежот и очекувањата. Па еве вака ми треба некогаш некој да ми уклучи светло во маглата дури не се научам сама. Фала ти @Yowannty и @TeddyGrey
И заспивање без цицање, и самостојно, и поспано ама будно некогаш ми успеваат, некогаш не. Имало периоди кога не можам ни со џокерот цице да ја успијам, а е нервозна за спиење. Изгледа во оваа прва година баш и нема константи...
Не требало да им менуваме ништо дури трае скоков. А маж ми баш сакаше он да го дои. Некаде прочитав дека треба да сме се радувале што се вакви во скок, значи учат, па така се тешам. Се развива и расне, се му се менува, а цицето е познато.
, ќе се средат и отоците, трпение, научени сме на тоа нели? Сега бебушко е тука и му треба мама опуштена и среќна.
Срцка моја бе,да видиш ти што контењерка бев јас вчера. Ручаше бебе во 14 часот зеленчукова кашичка и изеде околу 100гр. Легна и заспа срцушот. Стана во 15:30 а во 16:30 бараше да јаде. Испи млекце 150мл и си игра бебе весело со глодалки, во 17:30 реков да сменам пелена и да го пресоблечам пошто и ракавчиња и околу врат беше мокар од лиги. И така пресоблечено измиено викам убав тој на мајка го зедов во раце и да го бацам, така ми се исповрати во фаца да не сум можела да гледам , мажот ми зајде од смеење а ја викам не се смеј дај некој пешкир за бришење да прогледам и правац двајцата во купатило на бањање Ужас!
Какви егзибиции му правеш на толку мало дете? Сериозно прашувам. Друго, и ти и сите нови мајки премногу сте оптеретени со апликации, со скокови, прозорци на будност, па следите насоки за спиење на бебе итн. Опуштете се и прифатете дека тоа е само бебе. Ќе плачат, нема спиење, ќе гукаат, нема да сака да цица, па ќе ви се погоди нејадач. И ништо не е како според апликација и книга. Не за џабе сме на породилно оти овој период сме потребни на бебе 24 часа. Ние сме му се на тоа бебе. Премногу се оптеретувате со секоја ситница и дополнително си правите уште толку поголем притисок. Тазе мајки сте, па и ова не ви треба. Уживајте мајки Еве мојава преку ноќ станува по цела вечер, дење не спие. Следен ден ќе заспие и не се буди. Вчера дадов мало богатство за они гризалките за заби. Зедов Софи ама за заби што е, со плус гумени на нејзе. Жирафата ја оставив може некој поклон ќе и ја купи Купив плус уште 3 за забиве и она бре пак рацете во уста и пак сите ќебиња ги јаде.
Може е глупо ама јас стварно незнам. Што е тоа регресија кај бебиња? Ве читам, ама незнам што е. Може не сум во тек ама јас незнам ни па пратам скокови регресии сето тоа што се случува со моето бебе е нормално за мене
Стварно, јас нема време да пратам тие прозори, регресии што и да е…. Бебе е и се ми е нормално и многу да спие и да не спие и да плаче и да е мирно и да штрајкува со глад итн…. Фатив инсталирав еднаш апликација мислам бебо беше и со брзина на светлината избришав кога ми даде дека бебе има триста чуда Си реков Ели ова не е за тебе Бебе уште една недела прави 6 месеца. Од вчера врти лево десно со главата , како да вика не , ама баш онака по неколку пати , прави некоја друга бебушка вака? Синко не правел , па ми дојде чудно