Ко себе да се читам. И јас кога читам, бетер сум во депресија. Регресија, скокови, прозори на будност, па колку саати треба да спие... Ти си осетила некој скок? Еве и твоето е поголемо.
Мајки малку е рано ама сепак совет да побарам...дали со мало бебе сте биле на планина? Сакаме некаде јануари да одиме кај мм на гости ( живеат на планинско место) ама многу ми е страв дека ке е мала сеуште. Ке имаме околу месец и пол,два..
И јас ништо немам осетено до сега ни скок ни регресија, скоро 4 месеци е. Спие уште ноќе, денски помалце ама нормално штом ја преспива ноќта. Решив да не се замарам ни со скокови ни со апликации, како ќе менува така ќе се прилагодиме, секако нема што да се прави.
Нормално мила, тоа им е гимнастика се разгибаваат така, така ми објасни ортопедот и колку поактивно толку подобро за колкчињата
Не е хиперактивно туку уште не е свесно за своите движења и моториката, повеќето движења му се неволни сеуште. Од 3ти 4ти месец веќе стануваат свесни за движењата што ги прават
@Black girl @eli25 еве баш со @TheGoldenPeach го правевме муабетот за скоковите - што ако знаеме дали ни се децата во скок кога реџултатот е исти, ништо не можеме да смениме ни помогнеме, ама ете знаеме хаха Исто тие прозори на будност требало и до саат ипол - два да се за 4 месеци. Моево еден час е будно, па спие пола час, па пак е час будно и цел ден легни стани.
И јас мислев дека нема потреба од одвикнување, мало е. И наместо да ја орезаспиваш, стави ја до тебе на спална, ке цицне малку и ќе заспие
Се додека го цицав стануваше на секој 2 сати, кога прекинав на 6 месеци дете си спиеше подолго сега уште станува по еднаш во ноќта за шише млеко, ретко два пати еднаш во месецот.
@Yowannty Бравос за текстот мајка, мотивирачки и грее душа. Првиот месец бебушка ни спиеше исклучиво во раце. Сите велеа ее убаво сте ја научиле, оставајте ја ќе си спие сама бла бла, нит се научи нит ништо, од втор месец си спие сама, а тогаш за мене тоа беа најубавите моменти на топлина, знаев дека бебчето се чувствува смирено и уживавме во прегратките, воопшто не беше битно што мочав еднаш во денот. Сега тој цел месец ми се чини траел само два дена и си велам застани време, да биде бебето бебе уште малце.
Јас би сакала да можам да спијам мирно, ама знам дека штом имам деца никогаш повеќе нема да се опуштам. Ќе порасне, па ќе излегуваат, и цел живот ќе го мислам и ќе ги чекам. И што кажа Јелена од Преспав- ќе си се наспиеш, кога ќе си умреш
Имав помош за невечер се молзев до 6 месеци цицаше ама сопругот навечер стануваше и ќе му дај, инаку жива ненаспана бев, потоа свртив на ад млеко одма почна да си спие уште истата вечер го заситуваше повеќе од цицањето, се разбира имаше вечери кога вадеше заби па врескаше во спијање тука ни цицање не помага но не се случуваше долго. Инаку така да си спиеш како без дете тоа не доаѓа во предвид, секокаш и кога ќе пораснат има по нешто, ноќни терори кошмари, па кога се болни е тогаш нема спиење. Дури да порасне така.
Нема врска моето е на АД и се буди 2-3 пати на 5 и пол месеци. Пред 4ти скок се будеше еднаш. Ад не ти е гаранција дека ќе спие.
Нема врска доењето со будењето ноќе. Првото до 2 и пол години цицаше, никогаш не се будеше ноќе за доење. И ова исто, прв подој после 22 часот и е во 7 сабајле.
Син ми е 3 и пол недели, навечер сака да спие до мене, да се гушнеме и да ме осети дека сум до него, така заспива за секунда. Одма добив коментари колку лошо сум го научила ама знам дека така е најспокоен и дека се чувствува смирено и воопшто не сметам дека правам грешка. Коментари секогаш ќе има, а кога ќе го гушкам толку многу ако не сега, времето лета
Ве исчитав сите. Па ај и јас да си кажам некој збор. Ние сме 4 и пол месеци. Од сам стар бебе неспијач ама со вишок енергија. Многу е цврста машала и голема сила покажува некогаш се чудам од каде толку мало бебе а толку многу сила има. Уште малку оваа ќе ме тепа мене Секаде на прегледи ми кажуваат колку е цврста и дека е права Амазонка. Ратоборна убавица на мама. Арно ама спиењето од старт не и беше омилена страна. Едноставно повеќе сака да е будна и да сними се наоколу. Јас се помирив дека такво е бебето. Докторката ми рече дека е и до генот. Па се фрлила на мене. Јас со 2,3 часа сон можам да функционирам цел ден. Сега сите ми се чудат како издржувам по цел ден со толку малку сон. Регресија не знам ни што е. Скокови не пратев. Само кога ми стана преку ноќ бебето мало вештерче си прашав да не сме во скок и се потврди дека бил фамозниот 4ти скок. За заспивање си имаме посебни ритуали. Никогаш не заспала сама. И никогаш не би ја оставила така сама да се учи да спие може грешам не знам. Ама јас не се ни обидов да ја ставам во креветче. Од сам старт спие со нас и нормално секогаш се пика во мене и со рацете сака да ме осети. Па најчесто си спиеме со лицето една до друга и приметив тоа ја смирува кога го осеќа моето дишење во неа, и се држиме за рака. Исто по цел ден колку и да ја занимаваш со тропалки на подлоги и слично пак накрај плаче за во рака. Добивав коментари дека јас сум ја научила така. Демек бебе може да го научиш нешто. Многу насмеано бебенце е. Ама мама најмногу ја ужива нејзината насмевка не ја штеди. Дури во гласчиња. А на другите знае по некогаш само да им даде кратка блиц насмевка. Може е тешко во моментот ама 4 месеци поминаа не ги паметам толку болката и заморот од неспиење како што ја паметам насмевката од ќерка ми за добро утро и мирисот најубав на цел свет. Нема ништо поубаво и поневино на овој свет од едно бебе