Сосем нормално е, особено ако се напнувало да пукне некое капиларче во ректумот. Нема простор за грижи. Околу какањето вибрации помагаат. Ако имаш релаксатор да го чуваш 10 минути се доволни, да го возиш во количка или во транспортер и во кола неколку кругови низ маало. За масажа на стомаче веќе ти пишале.
Ај да си пожалам и јас, да си олеснам малку... Бебуш префати вирус од татко му, затнато носе и кашлица веќе неколку дена, секој ден сме или Систина или Детска клиника за да го наслушаат, цела среќа нема спуштено на плуќа, цел секрет е горе, во носето ама мора да се следи, макар што докторите не очекуваат да се влоши, туку да почне процес на опоравување. Од вчера е малку подобар, повесел е ама па од вчера грчевите се вратија и тоа на најјако Ништо не ни дадоа, ни терапија, ни анализи, немало потреба, само Бебивит мултивитамини и да цица повеќе. Не можам да го гледам ваков, тешко ми е, а и мене ме фаќа настинката изгледа, грло ме гребе, телото ме боли, не сум спана И така, си се пожалив поштено. П.с Уште едно прашање, почна да бљуцка, нормално е така? Тоа е од што се прејадува?
И кај нас беше истото пред некој ден, плачеше од што напнуваше, ставив и чепче ни тоа не помогна, компот од сливи испи едно шише и едвај некако се покака ама немаше крв. Инаку и тоа е нормално, пукаат капилари при напон, може да се направи повреда на мал крвен сад, не се паничи, јас секако очекував ама немаше фала богу. Кај мене само кашичките ги кака запечени, а другото млеко што пие си е нормално сенф боја, така барем протумачив пошто само првото му е запечено после е нормална столица.
Стварно може да е ова толку запек и тврда столица од Аптамилот? Докторот ми рече да земам Новалак Ит. Прееска купив вечер ке и дадам. Аптамилот ке го фрлам упм се измачи дете .....али коа видов крв не ми излегува сликата....ке се погубев
Истово го правиме и ние, освен прожекторот, ама брзо и здосадува... Пример легната е на подлога и ставам огледало и картички менувам, сето ова трае 10-15 мин и почнува да вика . Зборење исто, смеење, играње на песни и пеење, ама ништо не и задржува повеќе од 20мин внимание што до некаде мислам дека е и нормално . Други активности нека предложи некој .
Бљуцкањето е нормално, се додека е без напор. Ако не се напрега да поврати не се секирај. Мојава бљуцка уште скоро после секој подој. Капачето кај нив на желудникот не затвара како кај нас и до година дена се регулира.
Добро е што бљуцка така ќе го исфрли и секретот. Мојава кога имаше секрет докторката ме советуваше да и давам често цицање со прецицување и после блуцкање за да го исфрли секретот.
Поврати кај мене исто два пати секрет со млеко помешан и докторот ми рече нормално е затоа што голта од секретот што му се слева во грло ама овие денови додека е болен повеќе бара да цица и почна да бљуцка, па мислам дека се прецицува.
Здраво дали сте давале од овие капки на новороденчиња? Бебето ми е старо 33 дена има секрет од носето педијатарот вика само по потреба да се чисти ако смета за цицање.. Па сакав да почнам да му давам капки малце да му се зајакне имунитетот,на АД е бебето. И малце страв ми е со оглед на тоа дека сега е период на вируси па сакав превентивно да почнам со капкиве.
Јас ги давам, моето ќе прави месец дена во среда. Настинато е, па во Систина ми ги дадоа капкиве за малце да го зајакне имунитетот.
Бебуш има 6 месеци и сака да стои на нозе. Го оставам на под оди до нешто кај што може да се фати и се исправа. Дали е штетно толку мал да стои на ноџиња? Уште не е пролазан како што Треба, а веќе се пентари по се што ќе најде, ми е страв да не падне и да се повреди.