Девојки од што може да биде отечен горниот капак од окцеѕо? Окото е во ред не е црвено само капакот е отечен....можно од промена на формула?
Многу е близу до окото, да не го штипи, ама ако има некој поискусен нека ти пише. Измиј со вода, или натопи газа
Исто како јас да сум го пишала ова ние во четврток правиме 1 месец, уште е многу мала, ама почна се помалку да спие навечер, исто како што викаш ти: прета во креветот, мрда со рацете, стенка, се мачи да се искака ама на крај се искакува просек 4 пелени полни на ден. Ќе ја земам да цице повеќе седи со цицката во уста отколку што цица… Почна да се смирува само со шетање низ соба а мм оди само прва смена на работа и не сакам да го будам навечер, па така двете навечер се шетаме низ цела куќа, а мене ми се спие едвај гледам а она си ги ококорила окцињата и си ужива. Таман ќе заспие и ќе ја оставам во креветчето одма се буди Не сакам да се жалам се осеќам многу криво и неблагодарно така, ама многу е напорно, многу е заморно и те исцрпува и физички и психички. Се чувствувам како да тонам а знам дека сме сеуште на почетокот и дека тешкото тек доаѓа ама ајде, нека дава Господ сила побрзо и посмирено да мине времето
Да не направиш полошо дека на око. Би требало само да спадне, следи само денес, и на мојата се некогаш така ко подуени горе ама ги трие насабајле.
подобро премивај го со камилица почесто па ако не помине консултирај се со педијатар, или сега е ладно надвор стави некое крпче нека се излади малку па подржи го на окцето. Ациди борици на око не.
Камилица не е толку сигурна па да се препорачува на бебе. Кај возрасен човек, премивли со камилица предизвикаа страшна алергија.
Камилица никако. Има ситни иглички кои прават бетер проблем, бебињата не трепкаат толку често како нас за да ги извадат, така да камилица на мало бебе не.
Јуле нормално е, немој да се секираш. Исто, кај женските бебиња може да се јави и по неколку капки крв од вагината на пеленка, и тоа е нормално. Да не се плашиш ако приметиш нешто такво.
Ние исто во четврток правиме 1 месец, малиот почна да не спие навечер, вчера се успа вечерта до кај 11:30 после буден беше до сабајле до 4 саатот... Мислев ајде ок, се умори, ќе спие ама не во 6 пак стана абе лудница, ќе заспијам одејќи а тек почеток е. Плус малце е настинат па има и многу грчеви преку ден а и навечер, Господ напомош нека ми е
Во 4ти скок по колку ви се дневни дремки? И колку дневно имате? Моево пола час спие, саат време будно. Се осеќам како по цел ден го заспивам.
Уште од втора недела на бепка денските дремки и траат 20-30 минути. Сега има 4 месеци и уште има 4 дремки, некогаш 5. Само што заспала се разбудила, среќна весела и расположена за играње