Исто сме и ние , а синојка и цела ноќ не измалтретира , значи на два саати стануваше за цицање , цел ден глава ме искина , има ли ова крај , и преку ден беше хаотично вица , се трга плаче , и се така во круг
Да, мене а јас дома со бебе што спие пола саат и батко што чека да си игра со мама. И плус бебе вади заби, на бато му се јаде, кака, мочка, се тоа се бара од мене, и плус она е капак кога ќе ми рече така
Како јас да не сакам дома да ми свети се, ама се навикнав, дека не можам да пристигнам да работам се, не можам и да испеглана, кога ќе ги заспијам навечер, ако не лежам до нив, веднаш се разбудува ат. Вие како се снаоѓате?
Значи да не паничам дека нешто лошо правам. Се си викам прозорот на будност да не го утнувам, ама па и кога е 2 часа буден пак спие кратко. Иначе и мојот бара да сум до него кога спие. По дома работам дури е буден. Го ставам на под а ја бркам работа.
Исто и јас, ама ми е жал за двете деца, ова е бебе треба работа со него, а бато е три години, бара друштво за игра. Ги оставам да направам ручек и да измијам садовите, и го успивам бебе, седнувам да поиграте и бебе се разбудило. И баткото вика- спие мамо не стана,
На почетокот живеевме сами првите недели бев само со бебе и ништо не правев. После почнав да фаќам по нешто додека не го фати 4ти скок, тогаш немав време да се измочам буквално. Сега сме кај свекрвата се ми помага ми го чува си одмарам имам време да излезам да си гледам серија супер ми е, ама и да не бев немаше да се замарам колку можам толку, ќе пуштам машина за алишта, ќе здиплам, не пеглав никогаш. Тањирите во машина и ај чао, со правосмукалка ќе поминам и тоа е тоа, ручек од сенвичара
Кај мене поголем е баткото, 7 години, ја чува некогаш набрзина да средам или да му спремам за јадење, за училиште и до вц да одам ама за друго нема време дефинитивно, особено деновите ко ќе е само в раце. Не се замарај нека си кажува свекрвата, најбитни се децата.
Па моето се потсреди фала богу не е како порано. Знае да сврзе преку ден и 2 часа ама ако го пазам да сум до него, да му наместам цуцла ако падне да го потапкам по газе ако се подразбуди. Инаку сам нема шанси.
мене дека педијатарот ми кажа само камилица на окцето бидејќи и беше залепено затоа и спомнувам за камилица
Со пеење песничка, некогаш со гушкање, некогаш во раце, а најдобро е кога ќе го изморам со вежбички и кога игра со тропалките што висат на подлога, ги мава и со раце и со нозе и после таква игра заспива и сам само што сум го покрила. Работата е што во скок многу малку сака да игра со оваа игра, плаче и се буни само што ќе го ставам, на релаксатор не сака исто, во два дена еднаш по 10 мин. Денес беше кенкав цел ден за во раце и тоа трае 3-4 дена така да знам дека веќе сме во 5ти скок.
а има ли ред на спиење поточно дали го будиш дење за да ти спие ноќе или го оставаш сам да си спие колку сака и кога сака
Мене не ми е јасно ова со скоковите, кога почнуваат, како се познаваат, како одат.. дали може некој да ми објасни?