Епа ставај што да ти кажам, мене офталмолог и неонатолог ми кажаа ова што пишав, твое е дали ќе веруваш.
Таа доаѓа ше две недели кај нас на ручек од работа кога си идеше, демек да ми помогне нешто, а бебе тогаш се успиваше, и ние седевме пиевме кафе. И јас и велам еве гледај колку спие, додека го заспиеш ќе стане, а таа е ние како можевме. Демек ние сега ништо не можеме, они многу работеле. Па на турбо да се вклучам не пристигнувам. И ве читам одамна. Си реков ајде и јас да се зачленам, ќе се олеснам чат пат кога ќе ми биде тешко, ќе имам тука поддршка од некој. Барем да не си ставам се на срце.
Следен пат кога ќе ти рече Ние како можевме, речи и дека вие сте биле повредни и покадарни од нас, нема друго... Мене една стрина ми рече така еднаш ми пререче така У наше време и и реков само Па вие покадарни од нас, затоа бебињата ви плачеле цело врњме, од што место да им обрнувате внимание на нив сте се такмичеле со свекрвите и јатрвите која попеглани ќе и се пелените. Заќуте! Мислеше не знам дека детето го оставала само за да врие и да пегла пелени за јатрва и да ја престигне, кажуваше баба ми стално.
Па го будам ама некогаш не успевам, толку е успан што нема шанси да го разбудам. Му менувам и пелена за да го расонам, го расоблекувам ама не секогаш ми успева. Убаво спиеше претходно ама два дена има ужасни грчеви и цел ред му се изремети.
Појма немам како сте постигнувале не ми е ни гајле искрено, ама еве јас не постигнувам и тоа е тоа. Знам дека треба и сакам да се измиени садовите, ама имам поголем приоритет
Имам огромен страв бебето да не ми се задави и веќе претерав, сама се оптеретувам џабе, ама не можам никако да престанам да мислам на тоа. Сега бебето дои на мене, има еден и пол месец има, сега јас го дојам, ама страв ми е кога ќе дојде време формула да пие. Се мислам дека ќе се задави и нема да може да се врати. Не знам зошто ми е тоа влезено во главата. Сега на мое млеко и да се подзадави малце одма се враќа кога ќе го подигнам, ама на млеко од шише не знам како ќе е. И не знам дали ќе можам од страв да му давам. А секој ден сум под стрес да не снемам млеко и да почне да пие формула, пошто свекрва ми едвај тоа го чека, за таа да може да му дава, пошто уште од почетокот викаше кога тогаш ќе ти снема млеко, и викаше гладно било да сме додавале формула, ама бабицата го вагаше два пати неделно и викаше супер напредок има, ни во лудило формула да не се додава. Ама утре сега имаме контрола на лекар и ако рече тој, ќе морам да почнам да му давам, ама имам страв да не ми се задави, тогаш свекрва ми ако скокне да му дава, тоа е мојот најголем кошмар кој ќе се оствари. А таа е до некаде крива што имам толку страв од шише, кпга имаше неколку дена пробуваше да му дава чај и два пати и се задави од првиот обид, а пред тоа во болница ми се задави во спиење детето и сега не можам да ги извадам сликите пд глава. Јас не знам како да се опуштам и да не мислам на тоа дека од шишето ќе изголта многу млеко и не ќе можам да го вратам детето, а плус свекрвата да се изнасити. Јас стварно не знам што да правам, како да го надминам овој страв.
@Eluna бебето ако си дои редовно нема никаква шанса да ти снема млеко. Не се оптоварувај за џабе и дои го кога сака и колку сака. И ниеден доктор нема да ти рече да даваш формула ако мочка редовно и напредува нормално, а ако е гладно верувај дека ќе знаеш.
Нема да се задави уживај може да се засркни како и секој но ништо лошо нема тука. Бебето има една основна задача е да цица и таа си ја знае добро и единствено. И на шише се учат лесно само треба да се погоди шишето. Така да само нека цица кога добро си напредува во килажа не давај ад. Нема шо да се плашиш.
Прво да ја откачиш свекрва ти. Второ чај не се дава на толку мало бебе, според мене, се враќаме на првото - да ја откачиш свекрва ти. Трето, поспособни се малите од што мислиш. П.с. се засркнало од шише, дали шишето било соодветно за новороденче?
Да, мирно бебе е, плаче само кога е гладно и веднаш престанува кога ќе му дадам да јаде. Плаче и од стомаче некогаш ама не го боли секој ден и тогаш поинаку плаче. Тоа да е гладно ќе плаче и кажав на свекрва ми ама таа викаше мирно било и можеби не барало јадење, оф господе. Полни памперси со кака и мочка, менувам преку 10. И кога ќе се најаде си подригнува,бабицата викаше супер килажа. Значи знам јас како плаче кога е гладно и не верувам во тоа да му се јаде а да не плачи, си го знам детето. Ок фала Богу, се надевам и сега е добро со килажа, две недели како не доаѓа бабица веќе, па се молам утре на контрола да не ни речат не напредува и да треба формула да се додава.
Со свекрвата е долга и широка, нема спас. Ова е шишето, пишеше на пакувањето од нула 0+ месеци и пушта по една капка. Имам и друго за млеко, досега фала Богу неупотребено. Мислам дека е во ред шишето?
Ти нели ги реши мајка ти и свекрва ти, нели им купивте карти. И што ќе ти е таа формула кога цица и напредува, ако бабицата рекла ок е, и докторот ќе рече ок е. Што си се притреба толку, затоа они те зеле под нозе и те малтретираат, зошто им се тресеш. Колку пати ти пишувавме да се заземеш за себе и бебето, ти си и се исплашила на свекрвата, божем она го родила. Откачи таму тоа и глеј си дете, не ти требаат сега советници на волку несигурност што ја имаш.
Со шишињата испробај повеќе. Дали му даваш молзено млеко или ад.Колку повеќе му даваш од шише помалце ќе цица, градата треба да се стимулира.
Ама таа нема потреба да дава молзено или АД, бебето си цица, еве и нормално си полнело пелени. Стравот е што ако снема млеко или ако не напредува бебето, а јас мислам поголем е стравот ако бабата добие поголема улога кон бебето т.е таква свекрва сигурно ќе преземе улога и ќе го рани таа од шише, а не мајката. Цел проблем е свекрвата, не е доењето. @Eluna убаво ти рече @AngelOfArh откачи ја свекрвата и гледај детето, не си прави стресови без потреба. Гушкај бебе и дои го, нека не ти ги уништува овие моменти со бебето.
Мајка ми замина ама свекрва ми "се разболи" и кревал стално притисокот, па колената ја болеле, па маж ми ја задржа уште еден месец. Ама јас почесто во соба седам сама со детето, таа со маж ми во дневна, само на кратко одам таму. Не, не и дозволив ништо веќе со детето, освен што го држи на кратко ништо повеќе. Затоа и се плашам ако треба да се додава млеко, јас пошто имам страв да не почне таа да му дава. Иначе и маж ми не и дозволува веќе да се меша за ништо, нејзина надеж е да некако добие контрола над детето. Пошто ништо на почетокот не и успеа, ни да го заспива кај неа, ни формула да му додава, ни чај. И никогаш помош за ништо не и имам побарано. Сама си го смирувам детето со маж ми и кога го боли стомаче. Само уште оваа фобија од шише да ја решев, мада веројатно ќе нема пптреба пд додавање. За сега се тече супер фала му на Бога.
Абе долга, широка нека е ама ти си мајка на тоа бебе. Другите небитни. Ако не те поддржуваат, врата. Сите коси корнат за доење, таа ќе се ситела ако треба АД. Со извинение, ебати жената. Гушкај бебе, затвори врата и дој си. Ко ќе каже бабицата дека напредува, на секој збор од свекрва ти кажи и дека напредува и толку. И уживај со бебе, не се стресирај непотребно шо и како. Овие денови со бебе никој нема да ти ги врати
Ако и сметаат нека замие, тебе приоритет ти е бебето, речи мене не ми сметаат. Кај не помага па уште ќе мрчи.