Таа нема да му дава ако ти не дозволиш. Толку. Крај. Нека си роди братче на маж ти па нека му дава од старт
Нема фобија , мора со ладна глава , од се може да се засркне , мојата се засркнува кога цица лакомо а има поголем млаз , се засркнува од капки кога и давам , од плунката кога си играме .... нема да даваш легнато , ќе го подисправиш , ама сигурно нема да има потреба од АД. И нема свекрва ти што да ти кажува, ти си го родила , ако сака да помогне нека направи ручек или нека зачисти на детето мајка му треба, јас разбирам и мерак и се ама се има граница.
Ако е супер терајте со цицање. Ама сепак од шо тие страв за со шише не разбирам, многу мајки ги цицаат и додаваат ад или преминуваат на ад. Само ти ќе му даваш и од шише нема шо свекрвати да ја презема таа обврска ако тебе ти пречи, бебето си сака контакт со мајката. Ти си таму не може таа да ти кажува за твоето дете. Многу се безобразни. Ако идат да помогнат нека помогнат не да ти шефуваат. Нека зготви, нека зачисти со алишта нека помогни, во капење во држење на бебе.
Ама ти и даваш за право со твојот страв. Зар ќе ја земеш на педијатар, што има она да знае што ви кажале, ако треба да додаваш ад ќе земеш поквалитетно шише, Авент или некое со многу мал проток, изгуглај и купи, ќе најдеш и со тоа ќе даваш и толку. Тек какви предизвици во мајчинството имаш, не вреди за ова да се потресуваш. И испрати ја што поскоро зошто ова е тек почеток.
Ама тие не сакаат да работат, идат на гости, демек да се наработиле на младите години. Па дај сега детето, а ти работи си на раат, демек да не ти се мешаат по дома
Добро ти е шишето Мам, можеш и со dr.Browns да пробаш, options +. Двете се добри против грчеви и нема да се удави од шише не се секирај, ама ако немаш потреба нема што да даваш шише сега.
Јас ја испраќав уште кога се залета да команда во почетокот, ама некако ми беше жал за мајка ми дека ако одеше таа маж ми ќе речеше и мајка ми да оди и таа се меша. Се мешаше и мајка ми ама никогаш мене да ме повреди или насекира. Ама после ми препукна од свекрва ми и на маж ми му препукна и рече нека одат двете, мајка ми замина а госпоѓава "се разболе". Друго бебе имавме дома, ќе умрела од висок притисок од жал за внуче, само добро ни мислела и бла бла. Лежеше и плачеше со денови, сакала внуче да гледа. Но сега веќе оваа карта и е на 3 јануар и создравје. Маж ми викаше како да избркам болна мајка, нема да се меша веќе. Не сакав стрес и нервоза и се затворив во соба со детето, сакав да се фокусирам на детето. И таа нема никаков збор веќе над детето, знае по нешто да каже ама не да наредува. И со маж ми се заледени односите, ама сакав се да ставам на игнор и да се соземам ради детето а понатака ќе видиме. Имам лошо чувство некое и за него. Во ред, ги прочитав сите мислења и ќе дадам се од себе ако дојде денот да се дава шише, да не се плашам. Кога успеав до сега се сама, (ок маж ми му даваше ептен малку чај кога го болеше стомаче), зошто за тоа да не успеам. Стравот ми беше таа да не ми се сити, а јас од збунетост и очај да не биде гладно да дозволам друг да почне да ми го рани детето. Дека ова не е малку чај, маж ми нема пп цел ден дс му дава млеко. Затоа и барам решение да го надминам стравот од шише. Би требало се да биде добро.
Како прво неможе да се задави туку може да се засркне , и постојат шишиња со бавен проток затоа има цуцли со 0+ , 1+ , 3+ итн.. Како што ти кажа членката погоре самата со својот страв и даваш за право да ти се меша и да се прави “попаметна” и дека знае “подобро” за ТВОЕ бебе не си дозволувајте такви работи, од почеток си преземав обврски околу малата и сама ја бањав и ништо не дозволив да ми се меша свекрвата затоа и ми беше мирна главата.
Секој ден ми се засркнува, де од цице, де од плунка, де од спреј за нос, де устата му се засушила. Искрено на почеток од шише дали еднаш се засркна. Од цице, секое доење, кога имам млаз, дури по неколку пати. Се тресев некое време, сега само го исправам, го тапкаме по грбче и продолжуваме.
Абе за мешање сите се мешаат , работата е ти колку ќе дозволиш тоа да допре до тебе , еве на пример јас ја игнорирам скроз , можеби и тоа не е во ред ама поарно така отколку да изнакажам и што треба и што не треба , ако збори нешто што мислам дека не е така се правам дека не ја слушам и ја прашувам нешто сосема друго, пред да се роди бебе на пример она си збореше јас си чепкав во телефон , се исклучував скроз, мислам глупо е да... и не е културно и јас не сум таква, ама она ме ставила во таа ситуација со непотребни коментари, ти ја знаеш каква е и треба да најдеш начин како да испаднеш попаметна од неа, не е решение да се затвараш во соба верувај , не е здраво ни за тебе а си правиш плус тензија со маж ти ради некој друг што не ни живее со тебе , и нема полошо од "мајка ми и мајка ти" кога ќе почне да се префрла, најди начин да испаднеш попаметна од нив тебе ќе ти биде раат главата
Дефинитивно се сложувам дека мора да се најде начин за игнорирање. Ама не секогаш успева. Барем кај нас е така, таа ќе си најде начин кога што да ми каже. Затоа подобро е да бидеш пријател со непријател, само поради тоа да не си правиш проблем со сопругот. Оти јас кога и да му кажам она што ми рекла, секогаш сум била јас виновна, и веќе не зборувам за неа ништо. И само кога е тој дома нека иде на гости, кога сум сама ако треба ќе пукнам ама не ја викам на помош.
Не бе и јас не кажувам ,ма верувај што и да каже не допира до мене , затоа што како сум му јас мајка на моето дете , така му е она мајка на него па каква и да е и колку и да не нервира, само тактички и политички , и јас не ја викам па ако треба куќата нека ми прооди , фала богу и она не изразува некоја желба да дојде , инаку си се почитуваме еднаш месечно на ручек два саати и чао пријатно , а се случува маж ми да ми даде совет ( советуван од неа знам , ама он не кажува ) и јас нормално го правам него ненормален хахахахах
Заборавив, да се докажам. Свекорот почина лани, и да не седи сама дојде кај нас на две недели. И си замина. Е денес не викна на слава, и прашува да дојде баба кај вас на гостии велам дека соседите не даваат да ни идат гости, вчера ни правеа проблем една другарка беше со детето ќе ни викнеле полиција. Таа вели ама не на гости, да дошла да живее кај нас. се направив дека не ја слушам, не знам сопругот дали ја слушнал. Зошто сакаат да се мешаат, досадно им е, или како тие ги трпеле свекрвите, ај сега и ние. Абе не сум била на фризер, на козметичар, и страв ми е да се гледам во огледало, ама не можам ни еден час да издржам , а не цел живот да ја гледам. Знам дека нив им е мерак, внучиња им се, ама нека олабават малку.
Ама какво шише, не се замарај. Нема да треба, ти по облеката нели приметуваш колку е пораснато детето. Другарка ми го имаше истиот проблем со свекрвата, ја тераше да му дава дохрана гладно било. А тоа како по книга растеше, секој месец по 400 гр. Др и рече нема потреба од дохрана. Ама од стрес таа нервозна не можеше да му дава да цица на бебето и почна да се одмолзува. 2-3 месеци тераше така. Не знам како издржа.само да го наполни шише и да види госпожата дека има млеко. И кога почна со кашички, пак почна да го дои, ги батали шишињата. И мене мојата ми велеше дали сум му давала нешто друго, вода ,сокче, млекце да не му било малку. Гледај колкаво е бебето жено, уште млеко да му давам. И ме нервира ако ми рече нешто, ама за мое дете да ми кажува, не ја регистрирам,. Од дома не сум излегла три години, и уште три ќе издржиме додека порасне бебе, да може да разбира и да ми кажува се како бато сега. Големиот сега почна да оди сам кај неа на гости, ама не се плашам што јаде или пие за час-два. За спиење не и го оставам навечер, неееееееееееее. Прегледај сакаше на бебе од шест месеци грав да му дава, не гледало, и тетрапак сок Мавни таму свекрва, излези од соба и уживај, држи си го бебето пред неа, дој си го, не и го давај во раце. Нека се осети непотребна, тебе ти е прво дете уживај. А и немаш многу обврски по дома со едно бебе. Кога ќе се роди второто тогаш ќе ја викнеш на помош. Кажи и дека сакаш да уживаш во деновите поминати со бебе, дека многу ти е убаво,
Мамици од некој кенѓур да сте задоволни? Го гледам омни 360 на ергобејби. Малце е поскап ама сакам убав да е, со повеќе позиции. Овој е со 4.
Јас купив од енци менци и еднаш не го ставив. А земав поскап накај 4000ки и тоа не знам каков амерички најдобар кенкур на пазарот у USA за џабе пари дадов стои у кутија се надевам ќе го користиме некогаш. Сега сегде со количка
Не ми е за надвор, за дома ми е. Бебе ретко и малку спие преку ден, па да завршам нешто по дома. Со него во рака сум до сега, ама веќе е потежок па мислам со кенѓур ќе ми е многу полесно
https://www.freeon.mk/product/кенгур-comfort-8во1-2/ Јас овој го земав , ама не сме го корјстеле уште , го пробав неколку пати не е лош