Она е дојдена на гости да ги види децата, не да ми работи по дома, јас за што сум дојдена тука . Да ја однесам. Ти донесов млада невеста нели
Кога ве читам благодарна сум и за мајка ми и за свекрва ми. Ептен chill жени ми се погодија шала на страна, ни едната ми другата не ми се мешаа воопшто од сам почеток, помош имав колку што можеше да помогнат никогаш не се наметнуваа. Никогаш немаше коментари облечи му чорапи, стави му капа и слично, мајка ми прв ден надвор по памперс го извади дека ми е летно бебе. За пиењето од шише на свекрва ми еднаш и се засркна и не знаеше како да изреагира од тогаш сама ми викаше да не му дава више, ама јас пак и дозволувам ништо страшно со млеко нема да се удави. Како и да е треба да се постават граници и да се знае која е мајка а која е баба, дедо, тетка и слично.
Ако ти е тешко бебето не фрлај пари. Нема да можеш да работиш со него. Купи му играл на или нешто друго да се занимава подобро, јас пробав со кенгур бебе тешко, не можев ништо да работам
Женски во 4ти скок , имате ли проблем со цицање ? Одбиваат ли да јадат? Јас не знам што се случува овие два дена , ниту цица ништо , едвај по 5 мин , во 9 јадеше еве ја се дере на цел глас , а ја доближам до града почнува да зајдува , млеко имам , не знам што е работата , вчера ноќта па на два саати стануваше , што откако се родила не се случило, ќе цицне 3 мин ќе заспие , и преку ден истото ми го прави, само јас ли неможам ред да и воведам со цицање ?
Нема ред со цицање, како сакаат така, ако цица малку време можеби повеќе млеко имаш и се заситува побрзо.
Како одат скоковите, ако може да ми кажете? За прво дете читав цело време, го забележував кога ќе направи нешто ново, сега сум тапа. Едвај наоѓам време да се истуширам (додека ви пишувам бебе цица цело време и јас си лежам до него, не се смета ова за време за мене) То
исто е кај мене бев и на педијатар до скокот е. нема друго чаре мн бил интензивен периодот им се развивала моторика забрзано учеле работи и не им било до цицање. Не форсирај, штом е гладна ќе се исцица така правам сега. Еве го денес цел ден е на града претпоставувам се смирува интензитетот
Леле ова што читав за свекрвите. Речиси Сите исти да ти биле. И мојава у филм беше како она да е мајката не бабата. Па за да ја рани со шише. Боже кога ми текнува Јас излези таа чај му дала од бекутан а не и одговараше чајот. И кога се вратив и кажав и ми вика леле како не ми текна да се јавам да те прашам. Ццц на своја рака работи. Кога треба да излезам и викам сега ќе ја надојам за еден сат се враќам.ми вика не ја дој сега измолзисе јас ќе и дадам ми вика. А зошто да се молзам додека се измолзам ќе јаде она. Помалку малтретирање. Откако почнав многу работи да ја пресечувам. Најмногу почна да ме нервира што обично чека прилика јас да одам во вц или да се туширам или сум излегла со маж ми накратко. Таа одма памперс да смени. Пошто напочетокот се замисљаше ко мама да е смени памперс преоблечија додека не ми пукна филм и ми рече да сменам памперс какана е а јас седната пример јадам и јас во корен ја сечев да завршам јас ќе и сменам. И сфати дека не сакам више да се плетка. И сега толку ниско паѓа јас у вц она со трчање памперс менува мислам срамота ова. Јас излагам од вц и викам се покака ? Поврати? Не ми вика. Па што беше толку итно да се преоблече и памперс да се смени ја дур сум у вц ми вика па мочана беше. И викам 5 минути не менуваат ништо не е толку итно. А и не ни знаеш кога сум сменила памперс па дали и е за менување може сега го сменив не е ефтин псмперсот па да се троши само. Ама џабе пак си тера по свое користи прилика у моментот кога не сум тука. А маж ми вика глупо било за памперс да се караме. Му викам па да глупо е на кое ниво паѓа да дојде ред за памперс да се караме. Па уште сега одвај чека да почне да јаде од 3ти месец ми викаше ајде ајде. Јас ја игнорирам. А нема сигурно у мое присуство она да ја храни јас да седам на страна фрлена Болест ли е што ли е не знам. Мајки кога гледате се плеткаат без да побарате сами помош од нив за инает не им давајте да го прават тоа. Сечите ги одма во корен.
Jas nemam svekrva ama zato imam svekor so uste pojke ne se razbira vo deca ipak e mazh a se mesha i uste povekje tenzii mi stvara
Ич да не ја слушаш и мојата истото го правеше малку ми било млекото син ми бил ист како маж ми нема да сакал да цица зошто маж ми не цицал како бебе па и формула му купи и му даваше демек гладно било, а ја после пораѓај немоќна незнаев мислев немам млеко, среќа тоа траеше два дена се освестив и пресеков бебе си е на цицање 4 месеци. Не ја слушај ти си му мајка на тоа дете не она како што се замислува значи ова свекриве страшно безобразни