Не да се безобразни. Јас доаѓам од болница, а она се затрчала да го бања моето бебе И кажав дека тој ден нема да го бањам, јас не знаев кај сум уште. Плус и реков дека сама ќе си го правам тоа и, пази, се налути хаха Страшно. Она мислеше атер ќе терам за да се фали пред комшиите.
Лелее ова со свекрвите го чекав во труднички муабети кога хормоноте ни беа на најјако, не дека сега не ни се, ама они за тука се чувале @Eluna ти пишале сите дека тоа што се засркнува е нормално. И мојава од чај се дави, маж ми дури викаше ова дете веќе несмее да пие чај ќе ни се удави и сега скоро 5 месеци има не сака да чуе за чај само цице( а и од тоа се дави, и од плунка и од смеење...) Најверојатно е прво внуче па неможат/несакаат да се исконтролираат. И мене на поголемата ко беше бебе и буташе цуцла, од 4 месеци и купуваше сокчиња да пие ( сега има 10 год сок уште несака да пие) се само за она да ја почувала, ама Марфи си е Марфи дете сака само цице Така да не се секирај ти за тоа дека ќе останеш без млеко. Повеќе секирај се да не нешто пак ,,се разболе,, па да си остане со вас кај и да сте. Повеќе да се сконцентрираш како да ја оздравеш и исчистиш од дома
Јас од свекрва ми у мајка ми не можам да се пожалам, некако знаат дека мо требаат за помош низ куќа па кога и да дојдат секогаш таму се фокусирааат. Мене ми е мерак и околу бебето да се прво внуче им е и на двете, но осетливи се најверојатно зошто ме гледаат со хормониве Седеа кај мене по месец дена едната месец дена другата и супер ми беше пошто имав друшто но со бебе не се мешаа. Свекрва ми ми помагаше за бањање бидејќи јас ја замолував. Деновиве кога мислев дека немам млеко ме форсираше преку телефон фа го сгавам на града (медицинско лице е) и де се обидам да го држам повеќе. Искрено мене ми фали. екој дома, сама сум со бебуш по цел ден. Он е злато, преубаво ми е ама на моменти претешко бидејќи е баш захтевен. Ама тоа е, јас сум израснала во заедница и можеби тоа ми фали сега.
Од ани фарм од капитол Па искрено ми нема разлика со тоа со уста и носко на правосмукалка и од двете не вадам А 1000 и кусур беше
Кога престанува фазата на рачиња буткање во уста. Буквално и двете сака наеднаш да ги стави во уста. Цице пушта за раце да стави. Во сон пак раце става и се буди. И кога прде плаче
Со тие прдешки коса ми се крева. Уште плаче кај мене кога ќе прдне. Викаат три месеци, ќе биде подобро, како да не. Секој ден истиот период од 9 до 10, прди и плаче. После иди па заспиј го. Додуша вчера цел ден го масирав и правевме вежби. За прв пат после толку време тој период не плачеше. Од друга страна, не знам што бидна со будењето сред ноќ. Се бунев претходно со рацете се будеше, сега е бетер. И глава и раце и нозе со се мрда и треска по кревет. Многу многу немирно спие. Стај го во раце, бајче, ни мрда, ни ништо.
Моето така прдеше и плачеше додека давав Биогаја, и какањето ни беше со плачење откога го сменивме е раат бебе
Зегин шишето има и лажливки на Bibs таму ама премал избор , најголем избор од цуцлите имаш на kidsandco.mk
5 кг е сега не е тешко, барем додека да почне да седе на земја ми е потребен, после мислам подруго ќе е
Леле кој манипулатор значи. Просто не ми се верува дека вакво нешто гази по светов. Само отворено. Никој нема право вашето мајчинство да го засенува. Ако сакате помош барајте. Но ако не сакате сечете од корен и од одма. Никаква помош немам и не сакам. Сега секако сум во странство и немам избор, претходно свекрва ми беше во ист град со мене па иако е многу ок жена, дете не и оставив на чување. Сем кога се селевме, па дури и тогаш до крај детето беше со мене, само последните 2-3 дена кога веќе го расчистувавме станот оставив дете да го почнуваат. Толку било. Свекрва ми е разбрана, со свекор ми нема разбирачка. Знам дека ја има товено само со сладолед и чоколадо тие денови, не ни прашав за да не се нервирам. Еднаш жив го фативме кога проба да ја шета на 40 степени. Маж му свика се врати дома ама сигурна сум дека има излезено само што сме заминале. Среќа беа 2-3 дена само во прашање. Искрено, не сакам никој да ми се плетка па ни мајка ми. Со дохранава не ни оди баш најдобро. Не ни оди воопшто уствари. Баш се разочарав, за ова дете бев убедена дека ќе биде лапач. А чинам ќе треба трета цицка да израснам за во чеиз пред да го пратам домазет.
Нема да е подруго, ќе се научи да биди до тебе и ќе плачи кога ќе го оставиш на земјата, барем моето така се научи