Убаво е кога и двајцата родители подеднакво одлучуват ама пробај да му укажеш дека е преопасно со толку вода. Не е битно кој е во право, туку што е подобро за детето. Земи адаптер и на него си пише макс до каде да е водата. Многу ми е лесно откако го користиме (од вториот месец), двете раце ми се слободни и бебе ужива си претка
Ај кога сме на тема бањање. Сакаат бебињата да се бањаат? Моево кога беше помало обожаваше. Од 3месец наваму нон стоп со плачки е бањањето.
Искрено веќе не се замарам и со маж ми, му објаснував не разбираше и понатака сакаше во толку вода, дека мајка му му ја наполни главата, способен си сине ти. Да ама не со мое дете! Знам и тој е татко ама ете јас можда претерувам можда не е толку опасно со водата, ама јас како се осеќам посигурно така ќе го капам детето, а не да се докажуваме кој е поспособен, па не е тоа играчка. А следното капење е за три или четири дена, и тогаш мислам ќе пукне се измеѓу мене и маж ми. И така му го варам откако седеше како нем кога мајка му не сакаше детето да ми го даде да го дојам, на толкав стрес ја остави уште еден месец тука да не сум раат, мајка ми замина а таа не. И сега ќе се докажува пред мајка му за способен, а детето и му се слизна и се, ај бар да го држеше ко шо треба не велев ништо. Способен бил за се господинот САМ. Ајде ајде, деновиве нека си се фатат под рака со мама му и создравје. Во брак сме скоро три години, како во бајка живеевме, ама се уништи за еден месец. Блиските што им кажав викаат ајдеее за длабока вода се разведуваш. Не за длабока вода, туку за неговиот арогантен став пред мајка му, детето го ризикува од арогантност. Ајдеее за свекрва се разведуваш! Не за свекрва, туку што и дозволи тој на свекрва ми кога ми беше најпотребен. Ја така слаба тогаш породена, таа ме измалтретира а тој изреагира дури мајка ми ко се скара со неа а до тогаш не. Демек двете одете. За малку не паднав во депресија. Значи ме згази буквално и сега со капењево не сака да ме разбере и да ми помогне да го капиме како што се осеќам јас посигурно, туку ете важниот и способниот на мама, можел тој се. Затоа ете ти мама сега, да му ја видам фацата во среда.
Избањсј го сама додека е тој на работа, кога ќе си дојде од работа кажи му многу беше поканет морав да го избањам Решен проблем, нема потреба од развод. Ако почнеме да читаме по други теми какви проблеми имаат другите, ќе сфатиш дека можеби ти живееш во бајка. Свекрвата ќе си оди за кратко време, затоа уживајте, направи нешто добро за неа- прошетај ја малку, па натерај ја да зготви некое јадење кое ти не знаеш да го правиш, ама затоа таа го прави феноменално и. Сигурно ќе ти текнат уште многу итроштини да ти биде забавно УЖИВАЈ
Jas na mreza go kapam ja kupiv koga imase 1 mesec sega sme 5ipol meseci 8500 tezime i ne mozam sama da go kapam preta mnogu so mrezava mi e spasi odozgora mu turam voda vo dnevna go kapam i toplo preporacuvam na site ..neznam do kolku kg se ..vaka mi izgleda stabilna
И јас така мислам инаку и јас го бањам со адаптер и со туш, вода само да може да шлапка со ноџињата т.е сосема малку
Колку време треба да се апсорбира витамин после пиење? Ако бљуцне да знам дека нешто останало или да дадам пак.
И ние сакаме вода, и како мало а и сега и пошто со туш го бањам одма ги крева ноџињата под тушот а со рачиња си игра со водата, ептен ужива
Кај нас па обратно. Претходно беше со плачки, сега сака да шлапка со ноџињата. Пробај со детски песнички во позадина. Масирај го и мачкај го бебето после бањкање. Нека го асоцира на спа центар. Јас и Моцарт пуштав и ставав на главата смешни капи. Туку, не знам што бидна овие два дена со бебе. Знае да завришти, ама по малце. Мислам дека не е толку до 4ти скок, колку што си има мака со мешето. Сега по 6-7 пати на ден масирам меше и вежбам ноџиња. Абе да ти е милина да си покрај него, не како претходно, ми идеше кога ќе ми речат што ти е слатко бебето да им го дадам во раце и да бегам. Дај боже вака да ни минуваат деновите. И бебе се мачи и мене душата ми ја квачи, притисокот качи, 3 литра пот од думкање лачи. Ајдее поздрав, почнав да забегувам.
Дали најмалата Софи е добра за оваа возраст или поголемите се користат подолго? Дали вредат за парите? Читам дека повеќето бебиња ги сакаат. Ги немам видено во живо, ама мора да купиме нешто. Ај рачињата што си ги изеде ама дури цица ме штипи страшно и планирам да и ја давам в раче дури се доиме. Имало специјални такви играчки ама кај нас не верувам да најдам. Вака за две намени ќе ми е ако ја прифати. Не знам зошто толку ме греби и штипка, сега почна и со непцата да ја стега брадавицата и да влече и се смее после, мислам игра е за неа ама рани сум цела. А осет нема колку силно стега. Што ќе биде запчиња ко ќе има
Пробај помалку да размислуваш за секоја ситница и да не ставаш на срце се. Маж ти мислам дека има комплекс на ниска вредност и сега сака да се докаже пред мајка му колку е он супер татко и е над тебе. За жал, најлошо е докажување преку детето. Скоро сите минеме низ брачна криза кога ќе добиеме дете, ете на пример јас со мм војна водиме за шетањето на детето и за тоа која температура треба да е дома. Да е до него со бебе не смееме надвор од врата и дома може да е и 30 степени, нему му е супер така. Ама затоа јас кога тој е на работа постојано отварам прозори и 23 степени правам, земам количка и надвор сме секој ден, тој пак нека вреви Мораш мудро. Бањај го сама кога тој не е дома, верувај дека можеш не се плаши. А свекрва ти ако многу знае кажи и дека има морков за лупење, за манџата де Хормони вријат сега, големи одлуки не се носат. Ама терај си по твое и свиркај си. Верувај дека никој не знае подобро од тебе за твое дете и никој не прави ништо подобро од тебе! Те гушкам за поддршка