Мене ми рече 2 х 3 капки, ги давам заради анемија, 3 месеци е бебето од 2.5 почнав.Давам плус сидерал капки.Тие бејби вит се многу благи и со вкус на портокал, баш ме чуди што се за новороденчиња со толку изразен вкус и шеќер.
Ние ја имаме малата и буквално ја обожава. Цел ден да и ја даваш, цел ден ќе си ја глода. Ако кемчи, спасот е Софи, само покажи и ја и со ококорени очи и отворена уста ја чека возбудено. Плус ко ја купивме не знаеше убаво да фаќа со рачињата, за по неколку дена да стане експерт и сега само си ја префрла од раче во раче и цела глава и ја лапнува. Инаку на проспектот пишува воопшто да не се стерилизираат, ниту мијат под вода, јас само со суво крпче ја пребришувам па си велам нема да фати мувла.
Оваа му ја купив. Си пишува дека глодалката не се стерилизира. Се чисти со влажна крпа и благ сапун. Ако се сомневате на мувла веднаш фрлајте. Инаку ич не ја сака.
Зависи од бебето. Некои може и порано, но со скоковите меѓу 7ми и 9ти месец се смета дека е една од работите што ја учат. Потоа брзо ќе почне и да го вокализира името. Да повторува по тебе некој звук. До 12 месеци ова се треба да се прави, не се секирај рано им е.
@kristina.k помалата нема дупчиња. Мене двете деца ми ги сакаат, малиов од 3 месеци ја шмока. Јас ја мијам под млаз вода. Материјалот е природен и не може да ги повреди непцата, ама е таков што се лепат влакненца и некако не ми е згодна само со крпа да ја пребришам. Ја чувам на тетра на радијатор да се потсуши не и треба долго. едит. Јас сум воопшто многу задоволна од Софка. Имавме многу работи земено за ќерка ми, тропалки разни, глодалки (тие во боја се тврди), гумени за во коритце. Се ми беше преискористено. Ама со Софи ти е ко мачка во вреќа. Или ќе ја сака или нема.
Полека се стабилизираме со спиење. Конечно завршѕва четтврти скок, се надевам со тоа и регресијата. Како беше- беше. Сопругот откри тактика за смирување и веќе цела недела ја користиме ако се разбуди накај пет му става рака нежно на гради и го фаќа за раче, одма презаспива и спие до осум. Приметив дека сака поладно, вчера го нагунтав и излеговме надвор уживаше неможеше да се освести дома. Почнува сам да се тегне по играчки дур го држам ми зграпчи лампион од елка. За вртење е мн смешен, значи зема залет и некогаш успева некогаш не и многу се нервира. Се на се декември беше ЛУ ДИ ЛО. Сега ќе примаме втора доза вакцини ама веќе сум спремна.
Моето дете е преактивно, нон стоп главата лево десно, ама уште не се врти цело на страна. Ама од многу активност со ноџињата како да мота точак, знае да се излизга надолу, повеќе пати сме го нашле на средина на креветчето уште пред неколки недели а сега е уште поактивен. Што мислиш би можело на ова?
Мајки дали мислите дека му е ладно на бебето навечер ако му се ладни образите и рачињата? Кога ке пипнам по телото си е топло и гради и грбче се топли ама ова ме буни некако да не му е ладно во текот на ноќта.. иначе сме три ипол месеци и температура за спиење ни е 20-21 степен!?
Дали некои од вас имаат искуство со ова дигитално корито за капење? Aqua scale V3 next generation baby bath се вика.
Моето се врти кога ќе го викнам по име од кај 4 ипол 5 месеци ама мислам дека по звукот се врти, ваљда. Како да знам дека си го познава името?
Мајки дали шетате со бебе? Надвор е убаво сончево, ама околу 8 степени се мислам дан му е ладно. Имам и скафандер, ама ми е страв од настинки. Иначе бебче има 8 недели.
Јас ги шетав и на пониски температури кога беше чист воздухот, соодветно облечени. Ладното не ме плаши, од гадното ми е страв.
Мајки, колку менувате постелнина (чаршав) на бебе? Тетра пелена што има под главчето менувам обавезно навечер + преку ден по потреба, чаршавот во глобала еднаш неделно (ако нема некој инцидент).