На 3-4 дена ама мојата многу се лигави оти спие со отворена уста и обавезно 2 пати неделно е мокар чаршавот
Не шетам оти немам време, ама на сончево и 8° би излегла Додека не е апла загадено барем, за во Скопје зборам
Да не знаеш од кај ги имаше земено? Моиве се мали, по 3 месеци имаат, нема да можат сами да си ги вадат
Баш го исеков едното топче ме интересираше, немаше мувла. Изгледа ми мирисаше од гумата нешто ама шубе ми беше така да му го дадам да игра.
Колку што можам да. Сега сме повеќе дома ради носето што му тече инаку шетаме, со кенгур или количка. Ако е со кенгур му облакам скафандерче, во количка со јакничка. Поубаво спие навечер кога ќе излеземе на чист воздух имам приметено.
Мајки дали знаете од што се појавува ова црвенило? Има само на тој предел од ноџињата.. дали може да е од што е многу активен во смисла цело време прета со нозете и си ги струга од памперсот? Планирам да го однесам на педијатар да видам што ќе каже ама во меѓувреме некоја да има искуство слично? Ставам павловичева сега за сега..
Тука ги има во аптеките, ама во мк не знам каде ги има. Ако имаш некој во Швајцарија порачај да ти ги земе Да се редактирам еве и на амазон ги најдов
Мамички, дали користите бекутан козметика и како сте задоволни? Јас користам моментално купка и шампон 2/1 на chicco и млеко за тело мустела, ми донесоа колекција бекутан со овес има и хидратантна крема и млеко за тело. Му се појави на малиот перутање по телото па сакам да сменам на помрсно дали ќе помогне? Син ми е 10 дена стар
Јас само бекутан купувам. Имав мустела некој препарати што ми ги донесоа ги искористив, разлика не гледам, а пари немам да давам толку по козметики. Само шампон/купка и павловичева користам и така. И јекодерм за лицето. Да се поправам и кремите на бекутан за пеленска регија, задоволна сум до сега сме немале мала никаква. А може е и до детето, секое различно.
Можно ли е да почнуваат заби??? На 08.01 ќе прави 5 месеци, ај рацете што ги става, ја вади цуцлата и ја трие пластиката од жлебините. Софи ни е изедема до грклан ја става во уста. Што да купувам? Какви глодалки? Не знам што е работата…. знам дека со забите се дешава накај 6ти месец…
Како ви спијат бебенцата помали од 3 месеци? Јас го покривам со ќебе до под рамената а рачињата надвор. Педијатарот вчера ни рече вреќа за спиење било подобро. Бебето е ептен активно и ќебето го турка од мотање со нозете, до пола креветче доаѓа од лизгање, не знам дали ќе ми седи во вреќа? И од кој месец почнавте да користите релаксатор ?
Моето си спие во вреќичка од прв ден. Исто е активен, се лизга ама нема можност да се открие или да се покрие преку глава. За мене вреќичка е најдобра варијанта
Во вреќа ти е најзгодно барем ќе биди постојано покриено, моето од мало не сака вреќа, па кога ќе заспие го облекувам.
Малиот од 3ипол месеци баш немирно спие. Ќе го спуштам во кревет и мрда со раце, нозе и главата ја мава лево десно и се буди. Така е секој ден, секоја вечер. Некое чаре? Значи ако не го дигнам се дере на цел глас.
Скокачи у вис во четврта како ви се бебушки? Моево денес поспано.две дремки од саат, една од саат ипол и една од пола саат и еве го пред 10мин го успав, да видам ќе сврже ли до утре со редовните будења.