И јас така ја покривам, ама го заглавувам во кревет од една страна ќебето зошто си го трга за в уста ко ќе се разбуди. Купив вреќа ама се грееме со камин и топло е и ноќе, вака со потанко ќебенце, а знае и да го истурка ако и е жешко. Тие што користите вреќи не им сметаат горе во вратчето? Јас ко ја пробав да ја запетлам дека без вратче е ми се чинеше ќе и смета во спиењето.
И мене исто така ми прави, кога и да го успијам и ставам во креветче сака да го вадам и цел ден да го држам или на мене да спие или на креветот наш. Единствено навечер кога баш му се спие не ми се буди од креветче. Јас сега преку ден кога ќе го успијам и ставам во креветче му пуштам звук од фен и така заспива, скоро секогаш ми заспива така, ама ако се разбуди за брзо тоа е зашто се дере кога испушта гасови. На јутуб има многу видеа со фен, јас најдов едно без реклами.
Ме советуваа во диспанзер од тоа што го давам плус една капка ако има грчеви и течни столици,а во ремедика при течни столици ми рекоа измеѓу диа стоп еднаш 9 капки да дадам
Околу 7 обично заспива, некад е 6.40,некад 7 ипол хаха Сабајле секако се буди после 5,пелена менувам и цица. Некад заспива, некад е буден пола час.
Бебе не е спиел од 2ипол, од 5 вриштеше на цел глас без прекин. Во транспортер со кебе дебело и на тераса, еве сега спие, а јас мрзнам. Или грчевите се вратија или трет скок ми чука на врата Кажувајте што друго да очекувам освен не спиење и вриштење?
Мајки почнавме 11 недела,дали е некој скок или не знам што овие неколку дена дремките и се по 20 мин, а претходно по саат, саат ипол врзуваше. Заспива во раце со нишкање и плаче само што ке ја спуштам со затворени очи, абе глумица . Раце ми паднаа по цел ден. Навечер исто со живи маки заспива, со плачки, нишкање пеење по саат време. Пробав да и сменам рутина, џабе, станувавме 2-3 дена во 9 сабајле и пак во 2 заспива, сега и јас спијам со неа до 11/12 . Памперс премиум сменивме со бејби лав премиум и сум супер задоволна, ако се мисли некој. Пс. Софи жирафите од кога им ги дававте на бебиња, скоро сме три месеци и рацете да може двете ке ги напика во уста, ракавите утоп само менуваме блузи. И која е софи малата жирафа ако може некој да стсви слика, имам видено 3/4 модела.
Мајки некоја да ми препорача прожектор? Малово има 8 недели, неколку денови со ред кемка, в раце сака повеќе, на цице да заспива ,го оставам се буди, му клавам цуцла и се смирува. Се мислам да не е гладен, меѓутоа пробувам на града и имам млеко..
Од раѓање спијат во вреќа. Но вреќата нема да го спречи да шета низ креветче. Релаксатор можеш од прв ден ако е 0+.
Мајки малце сум во паника. Може не треба да се чита на нет се и сешто, но се испаничив. Бебе не сака да цица освен кога спие. Ги празни градите, полни пелени со мочки. Е сега, пишува дека сум му направила аверзија на бебе према цицање со притисокот што сум го вршела да цица. Кога ќе наполнело 5 месеци наводно може и скроз да се одбие, бидејќи повеќе будно ќе било. Сакам да цица, не сакам само да се одбие. Фаза е ова или стварно направив беља со бебе? На почетокот цело време цицаше и мислев дека и бара да цица уште, стварно напињав.
Ако е во скок нема простор за паника. Моето само ноќе пиеше млеко успан. Излезе ли од скок се враќа во нормала.
Епа мојава ко за 5 дена пред крај на 4 скок почна денес громови да ми фрла. Освен пред некој ден што имавме три ноќи заспивање во 2-3 сабајле другото беше песна. Затоа денес ме реши,цел ден ми е во раце, кичмава ми знае и пак нема нема ќе почне да вриска. Ни знам за што вриска ни па се смирува лесно