Скок во развој. Хаотични периоди Обично после нив имаме ново бебе, учат нешто ново, стекнуват нова вештина. Има и апликација која пресметува кога е во скок, според термин на рагање е најчесто
Се што бебињата учат во првата година е поделено во 10 фази и тие се викаат скокови во развој, еве на македонски превод https://betty.mk/скокови-во-развој/
Мамички сј ве молам некоја да ми кажит од кога полнавте да ги ставате на газ да седат девојчињата? Имам бебушка сега за 3 дена ке полнит 5 месеци па не знам дали да почнам да е оставам да седит
Не мора да биде после 6 месец. Нас ни излезе на 4 месеци првото, е сега има 6 месеци веќе и 4от заб се гледа. Ти допри го со прстот горе и долу. Ќе осетиш разлика. Пред да излезе забот непцето отекува
Нека заспие надвор и внеси го дома, ладно е да спие надвор, барем јас така мислам. Не знам дали е до скоковите, ама мислам дека како растат им станува досадно во една соба ги држиме сега дека ладно е времето. Да е пролет сигурно по цел ден ќе бевме надвор
После 6 треба, ама најбезбедно е кога бебе само ќе покаже интерес. Значи да се крева до седечка положба Сега можеш до положба 45 степени или како во транспортер.
Знам дека прашањево не ми е за тука, ама тука сум сигурна дека сте само мајки. Читав по форумов, ама скоро решив да станам член. И почнувам да добивам пораки кои не би сакала да ги добивам.што правите вие, сигурно и вам ви пишале безобразлуци
Денес Скопје беше убав воздухот го изнесов неможев да го распнам три саати спиеше а сат време бевме надвор. Реткост е да не се разбуди кога го вадам од количка.
Веќе наполни син ми 5 м, задутре сме на контрола кај матичната и ќе ми даде напатствија околу воведување вкусови. Да прашам што прибор треба да набавам? Гледам свашта купувате - тањирчиња од различен материјал, лажички исто, некои термоси со цуцли / чашки, апарати на пареа, блендери.... Да земам конкретно што ќе ми треба, прво дете ми е и сега нова етапа ќе ни е храната Воедно, ме интересира, дали треба да ја сменам цуцлата на шишето или ново шише? Користам стаклено со широко грло на Dr.Browns?
На пораките што ги добиваш долу има опција за пријавување, само притисни таму и напиши причина за пријавување. И можеш членовите што ти пишуваат да ги игнорираш или да си ги затвориш пораките да не може никој да ти пишува.