После милион пробувања, констатирав дека бебе е гладно. Одбива да цица, не сака цице да види, пробав од лажиче срка како да не видело. И сега чаре? А да се молзам не доаѓа во обзир, не сака шише. Само кога спие сака цице. Еве го сирото гладно е.
E нема чаре. Или цицка или шише трето нема. Или шприц. Ама не може. Големо е твое бебе, тоа повеќе е за новороденчиња.
Здраво, имам едно прашање. Бебето не заспива само кога е , па го земам навечер со мене, го дојам и заспива до мене на сплна. Измеѓу мене и сопругот. Спие и повремено станува за да цица на некои 2-3 саати во просек. Дали некој од вас има вакво искуство? Дали е во ред да спие бебето со нас? На интернет се изначитав лоши работи во однос на спиење на бебе помало од 4м со возрасни во ист кревет.
E јас со првото го изедов така исто како тебе стапот, исто така се понашаше бебе и цуцла да не види па умрев со лажичка додека ја научам да јаде од 4 месеци. Млеко не сакаше да види веќе па почнавме со гриз и ориз мелен и кутрото бебуле заспиваше пред да се најаде т.е гладно. Се надевам ова твоево барем млеко ќе сака ако ништо друго почни да го учиш барем со чашка. Уффф гадна работа е кога немаш млеко а бепка нејќе шише.
Јас спијам со моето од прв ден во ист кревет. Не викам дека е добро си носи свои ризици ама секој со свој избор. Ние до сега сме добро, а искрено не сум за оставање бебе само во креветче, бебињата сакаат топлина, љубов, кога ќе го допрам одма си презаспива, или само да се приближам. Не дека не сум го ставала во креветче ама пола внатре лежев и јас, или за рака фатени. Само така спие.
Имам премногу млеко, многу шприца, и се тврди градите. Тоа мислам е најголем проблем. И со стискање да ги испразнам, пак се исти. Претпоставувам поради тоа не сака. Еве го сега спие и си цицнува. Иначе нема шанса будно да фати.
Тој ли е тој озогласен 4 скок, по цели вечери со раце и нозе прета, со главата лево, десно...од страна изгледа како да се бориме, а не дека го гушкам...За една недела е 4 месец
Во овие 6 месеци сум спиела заедно со бебе на спална вкупно....дали биле 10 пати и тоа било или после вакцина или сме биле некаде каде немало креветче соодветно за неа и слично. Се будевме поуморни, во грч цела вечер така да не знам како спијат буквално од прв ден со бебе. И сметам дека секој треба да си има свој простор. За топлина бебе си бара ама го има па цел ден. Не мислам дека нешто и ускратувам со тоа што не спие со нас. Немам услови иначе би ја ставила и во друга соба. Кога беше 4-ти скок со цело тоа будење и презаспиваше (цела среќа многу брзо презаспиваше) бев преморена ама ни еднаш не ја зедов кај нас. Но, на крај од денот секој со свое мислење.
Некаде прочитав сличен случај како твојот, бебе не сака да цица и пие од чашка дури, ама цицка да не види. Мајката случајно сфатила од кај иде проблемот. Излегла од туширање уште ненасапунета дека плачело многу и одма дала да цица, бебе цицало ко да не видело, 40мин вика гола дремев да цица... и текнало дека се бањата со некој гел за туширање со јак мирис и се мачкала после со лосион, прекинала да се бања со тоа и да се мачка, продолжила со неговото да се бања и бебе никогаш повеќе не направило проблем. Па се мислам, да не му смета твојот мирис? Да не користиш некој гел, парфем, дезодоранс, лосион со јак мирис? Како идеа споделувам, не велам дека е така. На крај краеви измолзи се да ти олесни и така давај, или па од чашка, некои бебиња пијат од чашка многу рано. Само нафрлам идеи, не мора да значи дека е така. И смири се не се вознемирувај, можеби е само некоја фаза.
Ако ти се преполни градите не може убаво да фати , ние го имавме тој проблем додека да се среди лактацијата , прво се одмолзував да ја олеснам градата па после давав да цица инаку немаше шанса , одеднаш и доаѓаше силен млаз она лакома и се засркнуваше , пробај одмолзувај се пред подој 20-30ml колку да олесниш и дај да цица
Мислиш на три месеци ќе сака од чашка со клунче да пие, или каква? Бидејќи на twistshake купив, демек за понатака. Парфем не користам, со dove се туширам, истиот цело време. Со ништо не се мачкам. Каква ме упозна од раѓање, таква сум уште. И ме чуди што кога спие, си цица, на два саати цела ноќ се буди и си цица убаво, ги празни градите. Ама а се разбуди, макар ко вчера и 4 саати будно, нејќе и нејќе. А вчера може и плус тоа му фалело како бонус на сета мака. Немам памет веќе. Прво беше залепено за мене 24-7, па после се давеше и кашлаше, сега не сака ич. Каките се жолти. Не знам. Рингишпил во главата ми е.
На креветче го ставав дури беше мало, ми беше страв и мене, креветчето до спална јас до него залепена и така.
И нас понекогаш не ни заспива па маж ми го зема на спална ама не измеѓу нас, туку неговата страна, ама после сат два го ставаме во креветче. Јас ноќе не сакам измеѓу нас, преку ден ми е случено на мојата страна пола сат, сат ама ноќе не сакам за да не заспијам многу длабоко. Заспиј го прво на града, кога ќе заспие убаво стави го во креветче и продолжи да го мазиш, да знае дека си уште тука, да не мисли само е. Или доближи го креветчето до тебе до спалната скроз и исто така можеш да го мазиш, ако се спушта оградата од креветчето уште подобро, јас така правам, ама кај мене не се спушта па ја ставам раката измеѓу решетките. Преку ден му пуштам на кратко звук од фен за да не се разбуди кога ќе го префрлиме во креветчето. Мислам ако сакаш да ти спие во креветче, ако си сакате на спална вие си знаете.
Смени позиција на доење, легнато, како фудбалска топка, врз тебе да е а ти полулегната... пред тоа одмолзи се и тогаш пробај, мислам дека му иде голем млаз. А за чашка мислев на обична чашка, најубаво од овие за 1 употреба, дека се меки, ќе му даваш исправен скроз и малку поднаведната само, колку да му дојде уствари нему млекцето на уста, он сам ќе си зима колку му е таман по голтка. Сум гледала на јутјуб, не сум пробала, побарај ќе најдеш, мислам беше видео за нешто хранење со чашка... ама не сум сигурна. За оставање на бебе во креветче, после доење, особено во овие ладни денови, дојте го со тенко ќебенце или фланелна пеленка под него, па да го спуштите сосе пеленката/ќебенцето директ на душек, ама не наеднаш туку прво газето па полека грпчето и главчето. Може комотно и со ваша блуза, тренерка, да им мириса на вас. Помага ептен.
Мислам дека тоа е сопствен избор , дека постои ризик постои но сепак секој за себе одлучува , јас лично не би ја ставила со нас на спална од причина што сум толку преморена и страв ми е да не направам беља , на страна што никој нема да биде наспан , креветчето ми е залепено до спална , и пружам раче додека да заспие , ја галам , некако и она си е навикната дека тоа и е нејзино место и немаме проблем , станува и мојава за цицање , ја земам ,цица и ја враќам назад , не знам некако јас се чуствувам посигурно така.
Како мислиш така прави. Од прв ден спие со нас и тоа измеѓу нас. И немаме никсков проблем. Не бере сите тројца. Не сум ни укочена, имаме комфор. Јас спијам многу лесно само да почне да прета одма се будам. А и како ќе легнам така станувам не се вртсм во спиење па затоа знам дека е безбедна ќерка ми. Таа се пика во мене, до мојата перница е залепена и сака со рацете да ме осети дека сум тука. Една членка имаше пишано погоре дека сакаат топлина и се согласувам со тоа. Секој со свој избор, ама толку мало да го оставам само да спие мене ми е жал. А и многу убаво ми е вака што ми е пред очи. Пошто и немирно спие се врти на стомак главата ја забива во душек ,знае и да поврати во спиење нема ни да ја приметам. Има време ќе спијат и сами. Сега ако не спијат со нас кога а и не ми смета меме тоа, напротив баш ми е убаво.
Како се манифестира регресијата кај вас? Откако научи главата како што треба да ја држи, ми се џитка од раце и не сака да седи мирно за успивање. Прета и со нозе. Пак, во 10 се буди, се бориме со прдешките и после иди па заспиј го. Не личам на човек, грбот ми се искриви, на улица ќе ме зберат во зоолошка ќе ме однесат, мислејќи дека двогрба камила побегнала. Абе преку ден за 10 минути заспива, милина да ти е со бебево. Сите ми викаат што се жалиш, види го срце и вечерта а дојде се претвара во мало вампирче. Аспиратор, прочистувач, правосмукалки, фенови ништо. Думкај исправено, шетај низ стан, не бе не се дава. Уште да може среден прст да ми покаже. И што всушност ни успева во последно време, оној клипон со индиецот и лубениците, е тоа функционира. Еден думка, друг се мава по глава, лупа со лажици, тенџериња, некој да не снима во Бардовци ќе не сместат. Ме утешија дека до шест месеци ќе биле вакви ,,ќе идам да скокнам од Џевахир". Па некако ми е полесно и се тешам дека плачењево и борењето со сон има крај. И не ми кршите филм, така е