И ние добивме од Хип, јас под елка го ставив со пакетчињата од бато нема гајле штом не се отворени и во аптеките не стојат во фрижидер.
Не мораш во фрижидер. После отварање се чуваат ден-два во фрижидер, претходно си стојат на собна температура.
@velesanka еве ги во слика не знам дали има и со други кашички, странично е напишано состав на пакетчето. Овие се ко за почеток.
Јас мислам дека секое бебе си е различно исто како и ние возрасните. Не можат сите да бидат бубачки и да заспиваат сами или да спијат на цицка и слично. А коментари од страна од типот така си го научила. Пример за во рака. Да бе океј јас така го научив мене баш ми одговара цел ден во рака да ми е. Според мене тоа се глупости. Оди научи го бебе новороденче на нешто. Можеш дете да научиш ама бебе. Тоа самото бебе си е такво и си бара да биде во рака сигурно осеќа поголема сигурност. Исто како што има бебиња што воопшто не сакаат во рака. Плаче заоѓа на кревет и јас нема да го земам за да не се "научи" во рака. Не би рекла. Не ви се погодило такво дете. Секое дете е различно доказ за тоа се две деца од исти родители а сосема спротивни во карактер. Јас мислам прво второ дете небитно секоја мајка се труди да го направи најдоброто за своето бебе пошто она најдобро го познава. Не викам дека ние мајките не правиме грешки. Сепак совршен родител не постои. И цел живот се учи.
Како ви реагираат бебињата на непознати или кога одите на гости каде не ги гледаат често. Кога беше помала седеше кај сите со сите се смееше. Сега 4 и пол месеци повеќе разбира и пример моите не ги гледа често кога бев последниот пат плачеше од сите и од толку вриштење се вцрвенува цела како точки по лицето. Потоа и исчезнуваат. А баш сакам да поседам неколку денови таму. Само со тие дома седи. И на преглед кога одиме плаче од докторите а претходно и нив им се смееше.
И мојот плачи од луѓе кога ќе му пријдат да не речам “насилнички” па ќе го земам во раце кај мене да се навикне на гужвата, потоа нема проблем. А ако е многу гужва и пискотници тој нема мир, станувам си одам. Исто ретко се гледаме со моите ама на камера секој ден ги гледа и се навикна, сега не плаче од нив.
Се слагам, еве мене сега ми спие во раце, зошто јас сакам да си го држам не дека нема да спие, дека имам поголемо детенце све мислам дека не му обрнувам доволно внимание па секоја прилика ја користам да го гушкам.Навечер едно спиење во раце врз мене ноќе исто е на обострана иницијатива, некогаш тоа сака некогаш јас.Болки и јас имам, имав и бремена, цела сум укочена грб ме боли ама тоа. Има многу овде драма квинс што од све прават шоу па и од чување бебе.Јас од деца не се жалам, све ми е нормално за нив.Сега ми е потешко со поголемото синче одколку со бебето, сака тој да е бебе, па тродупло го тинтрам за да не се чуствувам отфрлен и пак е љубоморен.Нема упатство за чување деца, само треба многу љубов и трпение и се ке си биде на свое место.Јас за се останато сум мн нервозна и анкциозна ама за децата не, додека трепнав поминаа 5 год на синчето и ова за час ке порасне.
Мојата е малце помала, али нема гајле. Само да и зборат, пеат и она готово окезена од едно до друго уво со сите Али сосема е во ред и другото. Може и зависи колку ти е мешана меѓу луѓе, други било кои.