А зошто после 7 недели сеуште му го чистиш? Ние неколку дена само одкако падна папочето со хидроген 3%, после тоа матичната рече дека нема потреба.
https://www.mi.com/global/product/mi-360-home-security-camera-2k-pro/ Jas ja koristam ovaa. 3390 den vo Mi Store vo GTC i City Mall, se povrzuva na wi fi, ne se iskluchuva ako nema zvuk.
Мамички, помагајте за болни брадавици при доење. Никако не можеме да се наместиме, цело време оди на плитко фаќање на брадавица од тоа што се научи од флашички и цуцли да фаќа плитко, некогаш убаво ќе го наместам и не е болно, ама претежно е болно, сега веќе не можам да се измолзувам со пумпа и тоа ме боли. Како да си помогнам, ставам ланолин за да омекнам брадавици и држам ладни облоги од листови зелка. Пие адаптирано млеко на 6 часа, јас имам млеко, мора или да го дојам или да се измолзувам, а тој огладнува на 3 часа некаде. Почнува страв да ме фаќа, како да не боли толку, користам и силиконски брадавици ама пак боли, многу ја цвика брадавицата, не знам колку можам да издржам
500 денари во зегин го купил маж ми случајно. Не го остава, значи го ставам малку у фрижидер и он е пре среќен скроз се игра цело попладне беше со него во уста
Јас користам на chicco, погодени се спрема брадавица ама пак боли. Потешко оди отворање на долната вилица за да фати, ако многу го местам се нервира и почнува да плаче. Тешки почетоци
Да. Се согласувам дека е претешко и знам колку боли. Со првото дете кога се вративме од болница ставав крпа или ќебе во уста за да не си ги скршам забите од болката кога повлекуваше. Мора убаво да ја отвори устата и поголем дел од ареолата да ја има во уста. Од лактациски консултанти ми реченицат дека: ако те боли додека доиш, нешто правиш погрешно. Мачкај ланолин и малку оставај ги градите голи откако ќе ги намачкаш. Ќе помине
Дали ти дојде патронажната? Мене многу ми помогна. Ќе ја фатиш целата брадавица и директ во уста. Мене само медела силиконската ме спаси и на фрезидерм кремчето. После ги заборавав да ги земам, почнав така да дојам. Уште едната не ја фаќа добро, ама навика е во прашање. Ја стиска, ја гмечи, но не ми е непријатно. Додека се навикнат.
Фала ти мила, а кога ќе ми се тврди градите од надојдено млеко што да правам? И од тоа се плашам, едвај ги отпушив каналите кога се вратив од болница, од старт многу ми се измалтретирани брадавиците, веќе две недели се мачам, прво да надојде млеко, да отпушам канали и сега неправилно местење Секој совет е добредојден!
Ми дојде патронажна, се мачеа да го наместат ама не успеа местењето, мојата брадавица е мека од силиконската, страно му е тоа и почнува да плаче, ќе се вознемири ептен па после не сака ни силиконска да фати. Денеска во Ремедика ми покажаа да го дојам во топка позиција па така ќе пробам после, многу пафта со рачињата кога треба да цица, а јас сум хаос во местење Ах што си немам перница за доење, тоа не успеав да купам, мислев се’ не ми треба, но денеска видов дека е многу згодна за грбот Слатки маки
Мора млекото да излезе од градите за да се создава ново млеко. Штедејќи се од болката во брадавиците со немолзење и нецицање може да направиш мастит, а неминовно и количината на млеко ќе се намали. Затоа со мало шише наполнето со топла вода (колку можеш да издржиш жешка а да не се изгориш) го тркалаш од под мишка према брадавицата и од под клучната коска према брадавицата . После тоа или даваш да цица или молзиш. Молзењето не мора со пумпа може и рачно ако така помалку те боли. Со лесно мила.
Ќе се навикнете на доењето ама треба време. Мене ми се плачеше кога ќе дојде време за доење на почеток, крвави ми ги имаше направено брадавиците па бев на раб да се откажам, сакав само да молзам и да давам. Кога видов дека и молзењето нонстоп не е баш лесно, повеќе се посветив на доењето ама ми требаше време за да намали и болката а и двата да фатиме некој ред. Сега за навечер знам да измолзам, затоа што кога ќе му дадам шишенце не се ни буди, го пие во сон и продолжува да си спие Како и да е, поентата ми беше дека болката мора да се истрпи на почеток. Миј ги градите после подој, мачкај ланолин и шеткај малце топлес после тоа
Не е во ред, ама ако спие до тебе за него е лесно да не го разбудиш кога ќе го преместувам, а и за тебе штом го доиш. Нема да стануваш, па да го враќаш пак во креветче. Кај мене и првото спиеше со нас, ама јас спиев во средина, ми беше страв да не го смачка татко му. Еве сега и второто бебе спие со мене раат ми е. Креветчето ми е ново, го продавам или подарувам ако сака некој. Ако спие со вас, треба да внимавате да нема перници, ќебиња околу него, нешто од што би можело да се гуши. Купи си ограда за кревет и нека спие до тебе ако не ви е тесно. Или татко во дневна
А да пробаш пред доење да се одмолзиш малку, да ги омекнеш. Или да му смениш положба, легнато, во раце, пробај смени нешто. Колку месеци е твоето бебе? Бебињата може и да се исплашат додека цицаат ако мајката направи некој звук. За ден, два ќе му помине, нема да седи гладно.
Да ми препорачате перница за доење, да порачам преку интернет Вака не бива, не можам сама да го наместам, сите перници што ги имам или се тврди или меки, а немаат облик за околу половина.
Јас после неколку користења на ланолинот престанав да го користам, многу ми ги омекнуваше брадавиците и бебе се нервираше не можеше убаво да фати, фаќаше плитко и бев цела рани, дури парченце ми имаше поткинато, језиво. За тврди гради влегував под туш и се одмолзував или со пумпа електрична, ова беше додека да воспоставиме ред , цицање, молзење за пола саат пак дошло време да цица. Ама мора да помине овој период, издржи. Силиконски брадавици не ти препорачувам, додека да воспоставиш лактација дој почесто, измолзувај се, стисни заби и после градите ке се навикнат. Менувај положби на бебе при цицање, во одредени помалку боли. Бебе ми има 2 ипол месеци и веќе немам болка а бев на праг да се откажам од доење.
Фала мила, ова со шишенце не ми текна, еден памет имам и тоа во паника, јас ги миев под топол млаз вода ама вака е попрактично.еднаш отпушив канали, сега нема дозволам до таму да стигне, само упорност и стискање на заби Фала од срце, еве и сега сум топлес, цело време сум така, добро е што сме дома, инаку не ни приметувам веќе дека мајцата ми е спуштена Гради на изволте, ама бебе мора да цицаБолки трпам цела бременост па и после породување, барем ова да не беше толку тешко, но изгледа нема лесна фаза во раснење на бебе