Оф, се’ си во право, ама ако не ставам ланолин премногу се сушат, нема шанси тоа, барем додека да го наместам во добра позиција. Оно е многу мало, целото е истормозено од погрешно местење и ако не ставам силиконска брадавица ич не сака да фати. Барем уште малку да подпорасне со килажа. Фала на охрабрувњето, нема да се откажам, ќе порачам перница и ќе зголемам самодоверба, ако сама се измолзувам исто е тормозење на градата, вака со пумпа ми е позгодно. Со Господ напред, како треба така ќе биде.
Целосно те подржувам. Со првото ја имавме таа мака, ќе му помине дремка и не може да заспие. А сега второто не ми станало навечер да плачи. Да , спие до мене, ќе цицне во сон и си продолжува спие по 12 часа. На дење спие три- четири пати по половина час. Значи на два часа заспива, денес бато само што заспа го разбуди, и цело попладне кенка се жали. Па и забчињата го болат, кутрото и четворките му се отечени. И ова за скоковите, дека немам време да ги следам, може и до нив беше, не можевме да го заспиеме навечер, му беше тешко, мислевме дека е од забите, ние веќе имаме 4 запчиња, па му дававме парацетамол пола доза
Ви се восхитувам на издржливоста. Јас не можев да издржам. Ќе го заспијам, ќе го ставам во креветче се биди. Па пак ќе цица, ќе заспие и се по ред. Се случуваше да го држам во раце и да заспијам ноќе. Ми беше страв дека ќе ми падне, а и беше тешко бебе, па рацете не ги чувствував, и се искривив целата. И затоа решив да пробам да го заспивам додека цица на спална легнат. Раат видов
Не му давај адаптирано, само нека цица, да не ти се многу тврди и не може да фати. Мене ми се случи така, знам дека многу боли. Мачкав крем, купив силиконски, издржав ден, два. Додека да се воспостави лактација и да се научи бебе да цица. Издржи. Ако ти дозволат напиј се нешто за болка
Адаптирано мора да му давам по шема, родено е пред време, денеска на мерење 2890 грама, уште нема 3 кг, ова со цицање може да цица колку сака, не смета за дохранување, само е мало, малечка викичка и не ја отвара устата до крај, брадавицата кога му ја давам е мека, он сака тврда бидејќи е научен на цуцли и флашички. Тоа е, ќе се помачиме Утре ќе те исконтактирам, фала ти мила
Исто вака велев и јас, зар сè мора ѕолку многу да боли? Ама да, изгледа мора, боли па поминува, па доаѓаат други грижи и така во круг. Не се секирај, ќе биде во ред само треба трпение и време. Видов даваш и АД, и секако сите ќе ти кажат немој, не давај, ќе ти се одбие ама не е баш така. Многу е тешко на почеток за една мајка да се снајде во цел тој хаос и АД ти нуди сигурност дека бебето не ти е гладно. Секако, кога ќе воспоставите лактација доколку сакаш ќе го исклучиш АД.
Морам да давам, предвремено е роден и денеска на мерење 2890, гуркаме пополека накај 3кг ама не е баш ни тоа лесно, давам 4*60 мл дохрана, може да биде комбинација ад и плус мајчино млеко, не ме ограничуваат, можам да го дојам колку сака он да цица, нема баш сила на цицање и за тоа мора почесто. Инаку баш сега пробав и со електрична пумпа, кога малиот цица од другата града излегува млеко, слободно капе, кога ставам да испумпам, многу малку капе во шишенцето, едвај 20 мл, многу чудно ова, а кога ќе цица дирекно од града му се полнат устата. Ова не ми е јасно зошто е така, дали не е природно влечењето па затоа и не капе многу?
Јас од стружанка имам , моите ми ја земаа зошто и јас мислев дека нема да ми треба најефтина е таму ,а врши работа
Мајка брадавицата ќе ја фатиш и повлечеш, ќе ја поминеш со коцки мраз да се стврдне. Дој го во легната положба и нема да ти фали рака ни перница. Кога ќе го наместиш на града малку до прстот повлечи му го брадичето надоле за да му отвориш уста и да го поднаместиш. Исто бев со болни брадавици, со рагади. Еве и ден денес ми се распукани брадавиците ама не боли кога цица.
Така ќе си капе секогаш едната од која не цица. Инаку не се грижи, ниту една пумпа не може да извлече колку што може бебе. Биди упорна со пумпањето, ќе почнеш да испумпуваш се повеќе со тек на време. И земи чај за доилки од Билна, ептен добар е.
Фала ти мила на инфото, гледам некои се доста поскапи, над 2000 Уште легната немам пробано и тоа ќе пробам, фала ти многу и да му подотворам устето со прст инаку има јак стисок, кога ќе фати не пушта брадавица за жива глава Земав чај ос Хип, со анасон и ким ама се исфрлив со алергија и престанав да го користам, ако знаеш некој друг состав?