боцкам со игла и шприц од страна на пластиката, горе не можам, користам мали иглички и шприц. После прскам марисимо бејби спреј и влечам со аспиратор ако има што да се влече Ја носам горе на Водно на крстот, вчера беше милина.
Слободно со ова, извади едно од тие малите капачиња, брани игла и од таму вади со шприц. Во фрижидер може да стои до рокот. 2-2.5мл ќе извадиш и толку. Мене шприцот ми стои на него цело време, не го вадам.
Како спиете во 4ти скок? Ќе се онесвестам, бебе нон стоп плаче, не спие, а ако реши да поспие или е во раце, или на кревет цели 15 минути. Многу малку спие, а мислам дека цела вечност се успиваме. Нека ме утеши некој дека ќе спиеме навечер барем после 4ти скок.
Зависи од бебето, мојата продолжи ноќе да спие без будење ама денски 15 минути максимум е. Седи будна по повеќе поврзано и подолго ја заспивам од што спие.
Мајки, вчера педијатарот ни препорача да сме му купеле на синко некоја глодалка што се облакала на прстите, како шепа била,зошто си ги чеша непцата и рацете му се цело време во уста. Јас таква глодалка незнам каде да најдам. Ве молам ако знаете да ми посочите. Благодарам
Има на алиекспрес и кај нас имам видено во локална аптека. Според мене, нефункционално, непрактично и џабе фрлање пари. Всушност е гумена ракавица со како боцки, се става на раката од бебе, да се чеша.
Оти да бидиш будна за ако има реакција. Во 18ч ако ставиш вакцина реакција треба цела ноќ да чекаш будна.
Денес почнавме со еспумисан и бебе цел ден повраќа после секое јадење. Можно е да е од капките? Му се има на некој случено истото? Повраќаше ретко и многу помалце, сега баш млазови. А не пие повеќе, исто си пие како и до вчера
Здраво мајки. Како сте? Ние да се пофалиме дека денес излеговме на кафе со мама и тато. Утре правиме 4 недели. Малце шубе ми беше искрено ама па и топличко беше. Ги изнесувате ли на шетање бебиња пред 40 дена кога е океј времето?
Јас премногу сакав да го прошетам ама не го шетам заради загадувањето, жал ми е затоа што ужас е надвор. Не чекам да поминат 40 дена, ништо не ми значи тоа, чекам ден кога ќе е малце почисто да го изнесам