Касно одговорам ама ќе ти пишам. Ние го имаме Omni 360, за надвор го користиме дека малиот нејќе веќе да се лежи во корпа во количка и е феноменален иако е стварно скап, бебе заспива во секунда и спие како маче во него. Од ствари за бебе ни е една од најискористените и најпрактични, така што не ги жалам парите. За дома имаме боба и тоа би ти препорачала да купите ако ти треба стрикно за дома, потешка е за местење, ама од кога ќе се навикнеш е лесно, плус и таа е ергономска. И доста поевтина. https://eu.boba.com/collections/boba-baby-wraps
Дури и се исчисти кожичката вака ќе биде. Ќе и искачаат дури како бубулички бели, не ги стискај. Миј ја со водичка и не ја мачкај ништо. Може и контактно да е, од ваши алишта, од кожа, од млекце... ако се суши кожичката тогаш ќе мачкаш, ако поминува ништо не е.
Од вас тука дознав за скокови во развој па се мислам да не му се дешава на моето баш тоа. Од табелата видов почнува еден скок крајот на седмата недела и трае до деветтата. Син ми денес полни 7 недели од раѓање а од предвидениот датум на раѓање пред 3 дена. Чудно ми е детето, како да не е истото. Помалку јаде, слабо спие, брзо се буди од спиење, вознемирено е и навечер сака само со себе да со лежи и да си гледа негде занесено, не сака вознемирување. До сега менував преку 10 памперси на ден, а сега едвај 5. Од тие 5 сите се со мочка, а само 2 со кака. А претходно сите памперси му беа со кака. Сега и слабо гасови има, пред тоа скоро секој ден. И да, еднаш ило два пати јаде до 40 минути одеднаш а после тоа секое јадење му е пократко од 15 минути. Ама после секое јадење подригнува неколку пати. И сега не бара воопшто да јаде, само јас ако му понудам. Пред тоа јадеше секои два сати или сат и пол а сега може и до 5 часа да не јаде, јас му нудам одбива. А ко ќе прифати едвај 15 минути. Сега гледам рачето го ставил во уста и цица, загрижена сум да не е гладно, не знам што да правам.
Се предомислив за кенѓур. Го зедов столчето за јадење на макси кози се прави налегнато од 0+ е, бебе до мене во кујна во него, му пејам и зборувам додека готвам и супер е вака за сега Фала ти сепак, ќе ја имам во предвид твојата препорака за ако притреба
Јас уште не. Страв ми е од ладно и загадено, сега за сега на тераса кога е убаво време. Да направи 40дена и планирам да почнам да го шетам. Не сум воопшто суеверна и не верувам и почитувам ич бабини измислици, адети и сл, туку 40 дена му требаат на бебето да стекне имунитет, затоа ке чекам да направи Да 40 дена и требаат на мајката да закрепне од породување, ама и 40 дена му требаат на бебето да стекне имунитет.
Скок е мајка, истио период баш истото се случуваше и со нас. Многу кратко трае првиот ќе издржите. Нуди колку што можеш повеќе, ама ако бебе качува убаво на кичажа може и да не форсираш. А рацете почна да ги става во уста и мојот тој период, баш и како вештина ја дава во прв и втор скок. Збирај сили за 3ти, уште поголем хаос е со јадењето Буквално со плачки го ранам. Плаче оти е гладно и плаче оти не сака да пие млеко, никако не се погодува А тек 4ти што не чека, исплашена сум, ако 3ти е ваков…
Извини сега гледам кај нас првиот бил во 5та недела, а вториот во 8ма. Веројатно го почнувате втор. Што сум забележила ептен исто понашање имал и во двата, а најизразено е одбивање за јадење. А лакомо бебе имам. Првиот ми траел 3 дена (една недела според апликација), а вториот сум запишала 5 дена (две недели според апликација). Давај му да цица на тивко и во затемнета просторија, гледам поспан кога е. Можеш и со бел звук. Јас само така успевам да го наранам во скок
Ух фала Богу, се мислев со недели да не трае. Не се ни сеќавам на некои големи промени во првиот скок, неприметно сме го поминале, ова сега поизразено. Се надевам нема да трае цела седма и осма недела. Чудно ми е зашто неколку дена е вака, а денес полни 7 недели. Ама можеби ете не е исто кај сите. Кај некои порано кај некои покасно можеби почнува. Едвај чекам да помине.
Овие се кратки, 4ти е месец ипол, што ќе се прави не знам Се тешам само дека учат нешто ново и стекнуват вештини, растат. И тие минуваат тежок период и потребни сме им
Ги имам топките не ги сака баш. А какво друго телефонче? Моево изгледа идат заби тоа ладното го држи цело време пустото
Нема свеж воздух надвор, тоа е проблемот Јас чекам малце барем почисто да е, да го изнесам, едвај чекам искрено. Од утре бремените жени во Ск се ослободени од работа заради воздухот.
Има на планина, Водно… ај не би да коментирам, не знам какво е. Тука воздухот е како на Пелистер да живееш, милина. Бебе ми е како ново после секое шетање
Да, може на Водно, секако. Јас сум под Водно, речиси на сам почеток на Водно и прозорите од дневната ни гледаат баш кон Водно ама деновиве од смог Водно не го гледаме