Ќе знаеш дека е гладно кога ќе плаче. Можеби е сит. Сега веќе нема да кака толку често, може и неделно еднаш да се искака и нормално е тоа. Тоа сега научило да цица и може да испие повеќе млеко одеднаш. Не е како првите недели цицај заспиј.
А дома имате прочистувачи на воздухот? Ако да предложете некој што е ефикасен. Кај нас е жешко со камин се грееме, јас не можам топло да издржам и постојано е еден прозор отворен. Истиот загаден воздух ни е дома.
Бебе има имунитет до 4 месеци од мајката, потоа создава свој имунитет, и затоа по четврти месец почнуваат настинките. Еве ние 6 месеци сме и од четврти месец сме болни нонстоп. Само што го заврши антибиотик во петок, во сабота пак лиги и мрсолчиња. Синоќа плачеше цела ноќ, заспа во 7 сабајле. Јас не знам дали е до скок или мислам дека ќе му излезе ново запче?
Имам на Виникс. Купен е пред неколку години. Веќе е стар модел, сигурно имаат нови. Има индикатори на него за загаденост. Секогаш кога го палам свети црвено, по некое време плаво. Јас го користам и за разладување. Има опција турбо, засвежува простор од него.
Си го пререков бебето или тука ми го урочивте два дена вреска, сака цело време во раце, ако го оставам вреска буквално, трет скок поминавме, кога требаше да е плачлив според апликацијата беше мирен како бајче а сега кога ми стои дека треба да е најмирен е обратно.Се надевам дека е период, иначе не живци ,кабли ми требаат, дење и ноќе ме зафркаваат буквално две деца ама нека се живи и здрави мили на мајка.Таа апликација вондер викс кај мене не покажува точно бар до сега не погоди. До сега ми спиеше во раце го оставив до мене еве уште врти со главата лево десно, читав на нет нормално било демек.си го сакам мирното бебе назад.
Кое столче го зедовте, може слика? И јас гледав на Макси Кози онлајн ама не сум од Ск за да ги ѕирнам во живо, убаво е? Ние го имаме овој и сме презадоволни. Башка мирисот од готвење како го чисти... Многу добра работа.
Преубаво. Има две посебни седишта и се користи од 0 месеци до 14 години. Има сталка за нозе, за раце… Навлаката се вади целосно, а и послужавникот има заштита од горе, да ја чистиш само неа за да не го вадиш цел. Перничето за налегната положба е премеко и лесно со пере. Се збира и зафаќа мн мал простор вака, и лесно се движи само малку да го подигнеш позади. Јас го движам со бебе на него слободно. Презадоволна сум. Ако треба уште нешто пиши
Јас сум пробала Хип, Бебелан и Јана, најчесто бебелан користам. Вода на бебе се дава по 50-60мл кога ќе се почне со дохрана.
Фала ти ептен, скроз истото го гледав ама се двоумев заради перничињата во смисол да не не е лесно одржливо и да се пика храна во нив. Исто и ова шо го прикачив ептен ме бендиса ама и цената доста повисока, па не знам дали вреди да вложеш во толку скапо столче. Мајки со повеќе искуство може да чкртнете за столчиња по некој совет/предлог, пишав претходно во соодветната тема ама слабо активност таму.
Обична Роса. Истата и во АД ја ставам. Ако видиш на етикетата освен маркетинг за заработка вода за деца не постои Вода е вода.
Мајки на машки бебиња, знам не е темата, ама никој нема да види во пелени. Со тешко срце како најголем фан на бејби лов кажувам дека 3 ноќи по ред му протекуваат кажете кои да ги пробам? Не е опција поголем број бидејќи веќе носиме 4+ и треба тие да ги носи до 15-16 кг, а он е само 8.
Јас од раѓање ноќе му ставам памперс актив бејби и никогаш не протекле по 10-12 саати. Имаме 9.5 кг користам 4ка. За преку ден знам да сменам бренд за ноќе никако не менувам
Памперсот го сменив ради црвенило, со двете деца ми се покажа неубаво, ич го нејќам. Може да видам Виолета.
Другарка ми работи во лабараторија за проверка на квалитет на вода. Она ме убедува дека оваа од чешма превриена е најдобра, уште не сум се осмелила да и дадам чешмовача а и нема нешто што ќе ме разубеди дека постои детска вода @Eli23 јас кај Јана увидов бигор. Која ја спремав за АД цело гезве бело ми беше. Веќе 6 месеци Роса користиме.
Јад за Ад вријам обична пелистерка или каква и да имам од бебешкава давам така за пиење да не превривам па да ладам
Другарка ти е во право Проточна вода е подобар избор од вода стоена во пластика бог знае колку време. Чешмовача вриена давам и јас.