Од мои испробани води (флаширани) Јана и бејби и обична има најмногу бигор. Најдобри (после вриење не оставиле бигор) ми се Роса и Нера критис. Или чешмовача ама филтрирана
Момчињата мочкаат напред само, пробај навечер со пелени гаќи. Барем јас така правев. Не сеизместуваат, посигурни се
Да има. Ама минералите таложат при вриење. На површината ти е убава "мека" вода без бигор (бидејќи исталожил на дното). И нормално без бисфенол и фталати кои може да ги има во флашираната.
Битола немаше многу бигор мислам така? Јас за големиот мислам користев ладна, наводно најмалку минерали има ама тогаш матичната ми рече никако да не ја вријам флашираната ме чудите сега. Купував и една бебешка во тетрапак, на хип да не беше и на неа пишуваше да не се преврива. Е сега кон 5 и пол месеци ко ќе почнеме со дохрана планирам од чешма да превривам и јас, ако пие воопшто. Големиот до година негде одбиваше вода, после кашичка цицаше.
Да. Во Битола водата нема бигор Флашираната нема потреба да се преврива, затоа што дозирана количина минерали има во нив кои би се отстраниле со вриење. Водата од чешма покрај што ја превриваме за да го отстраниме вишокот (ако го има) ја превриваме и од бактериолошка гледна точка
Јас користам вода од бокал за филтрирање и после таа ја превривам. Подобра инвестиција ви е бокалот отколку вода од пластични шишиња. Имаме апарат за мерење на водата и на повеќето филтрирани покажа над 200, а од бокалот беше 60. А под 100 се смета за чиста вода. Ова за во Швајцарија, во мк може малку позагадена ќе е. Ама па тука има мноогу бигор
Кај нас во Скопје има многу бигор, посебно аеродром, ново лисиче. Имам и бокал ама чуден вкус некако ми има водата а директно од чешма ни јас не можам да ја пијам а не па на бебе да дадам
Да и мене ми е чуден вкусот, јас не ја пијам таа од бокалот. Ама за бебе дека дека е поздрава варијанта од флашираната
Јас филтрирана користам за нас за кафе/чај кога зовривам вода, и бокалот воопшто не фаќа бигор. Ако ставам од чешма, катастрофа е, одма за чистење.
Се појави црвенило и како лишајчиња на обравчиња, што да мачкам? Пишав и на педијатар.Пробав со оргинал павловичева не поминува.
Јас пробав и бејби лов и памперс актив и пак се вратив на премиум. Ми пропушти само два пати и тоа кога леже во релаксторот, а пелената полна од мочки и ќе се искака плус. Ама ти кажа не им одговараат. Фана, најверодостојна си ми, да си давам од чешма значи, превриена така? Или имаше нешто се купуваше на чешмите, прочистувач мислам беше. Што е подобра опција?
И ние сменивме памперс премиум со бејби лав премиум, синоќа и протекло, какана до глава, бањање сабајлево Навечер им менувате ли пелена?
Превриена вода од чешма е најдобра за бебиња. И јас преврирам па ја филтрирам во Брита. Ама ич не знам дали прво да ја филтрирам па да ја превријам? @Anturium тебе те прочитав обратно правиш, така е правилно да не знаеш? И ние дома од Брита пиеме. Ми беше чудна на почеток ама се навикнав со време. После некое време превриена вода, на бебето се дава купечка заради баланс оти домашната има повеќе флуор. Нема детска вода и вода за возрасни и може да ви е смешно, ама и водите си имаат или немаат квалитет. А за бебиња е особено битно поквалитетна вода да пие примарно со што понизок натриум поради правилно развивање на бубрежињата. Од пелени само памперс премиум втор пат ми се докажуваат најдобри. Мојов литл пупер какви експлозии има сите пелени протекле сем премиумот. @GoldenFrida леле како ме потсети на телефончето. Ќерка ми го здроби од користење. Стварно е топ, скроз сум го изумила. И јас ќе го набавам пак.
Јас изгледа се мрднувам. Се си мислам вратив. Има едно баш како телефонче на преклоп. Пушта песнички и свети сијаличката. Во фаза е што светла го интересираат, па може ради тоа. Не е за грицкање, пластика е.
Дали вашите бебиња на скоро 4 месеци држат цврсто играчка? Моето ги допира ја држи 5 секунди и ја пушти, ама затоа раката не ја вади од уста И денес е точно 1 недела од рота вакцина уште колку време треба да внимавам да не се заразам? Бебе за рок од 1 недела со рота вакцина само 2 пати какаше
@JuLleE филтри се тие на чешмата. Карбонски се и отстрануваат некои хлориди од водата како и непријатни мириси. Филтерот ти е плус, ама и превриена ти е топ. Подобар избор од флаширана дефинитивно. @Yowannty филтер и вирење или вриење и филтер му доаѓа исто ко 2+3 и 3+2. Лично јас кога би филтрирала прво би вриела па би филтрирала.