Значи ок праам. А превриена вода колку време чуваш, со оглед на тоа што сега пие само по неколку лажички? Секоја вечер превривам пошто ми е шубе, ама се мислам дали се менува состав или нешто ако отстои 2-3 дена?
Љубов јас вријам вода бајаги дека бебче ми е повеќе на ад отколку на цице. Не се менува ништо. Во некој бокал стаклен пример ден два може да си стои. Повеќе не, прима мирис водата.
Бабицата ми кажа прво во бокал па да ја превријам, немам појма како е правилно ама вака ми е поедноставно. Право топла ја ставам во термос
Во тенџере. И пие бебе. Не ја прецедувам. Ако има бигор треба да ја одлееш внимателно во друг сад, бигорот да ти остане а само горната вода да ја пие бебе. Нема ништо во водата затоа што сум јас во Битола а тука водата нема бигор.
Од што може да е нервозно бебето додека цица? 42 дена има гладно е ама многу нервозно додека цица ја врти главата и се нервира.. Сменив и шишиња значи пробав со chicco,babynova... Џабе,незнам како да му помогнам Иначе на ад сме .
Ла рош помага за атопичен дерматит? И уште едно прашање кај газето е малку црвена гледав на слики не се работи за пеленски осип. А со што да мачкам да се тргне црвеното
Земав 5ка бејбилов. Бевме денес на мерење, напредува добро, ама добивме совет за дохрана. И тоа доста чудни да кажам. Новите насоки биле одма да се воведува се, односно еден ден јаболче, вториот одма јаболче со крушка, па јаболче Е со банана итн. По ручек да давам зеленчук за ручек. На бебе со 5 и пол месеци со два оброци да стартувам. Ова дека одбива млеко, кажав. 30 мл пие на 3 саати, а ноќе станува по 5 пати да јаде. Житарките да ги воведам на полни 6.
Што направи со доењето? Јас од советите тука и во темата доење сега за сега има подобрување. Го земам да го дојам кога е поспано, во затемнета просторија и многу малку светло, во тишина. Полусоблечено и прво му давам со силиконска, кога ќе се занесе му ја тргам. Засега функционира. Ама кај мене поради скокот можеби одбива и се нервира.