@Eli23 јас три пати неделно поале бањање мачкам со ЛаРош Липикар пошто имаме атопична кожа а за надвор кога ќе ми текне пошто и ја главечки излегивам, ставам малку павловичева на лицето
Не, има нормална кожа го бањам со мустела со авокадо, имам и такво млеко. Го мачкам кога е расположен го бањам/туширам секој ден, го мачкам 2-3 пати неделно.
Јас ги имам и хип и мустела, уште не сум ги пробала. Го мачкам на лицето (не секој ден) уште со тестерот што го добивме од болница и тоа е мустела некоја за лице(stelatopia пишува на неа)
Второво дете, со ништо не го мачкам. Кожата му е мека, убава. Надвор не му реагира. Многу ретко од пусти мерак го шљакам. Затоа за големата коа беше бебе, се живо мачкав, цела беше или рапава, или исфрлена. Кога намалив со мачкање и се среди кожата.
Дали вашите бебиња си ги тегнат и допираат ушите? Што значи тоа? Читав дека може да ги чешале, да влегла вода внатре или воспаление. Многу ги тегне.
Ако е воспалено, многу ќе плаче. Верувај. Нема смирување тоа. Може ги чешкаат, или едноставно си ги откриваат. Моево знае и да се кубе дека има косичка
Мојава има многу теменица. Дека нема коса многу се гледа. Првото до голем имаше. Пробав со масло бебешко не излегува. Тоа специјално шампонче од Мустела ја чисти во миењето или треба триење пак?
Zdravo majki, Bebeto mi e 3 meseci i pri sekoe uspivanje mnogu place/vriste. Dali nekoj imal slicno iskustvo i kako se spravil so toa? Se uspivame vo raci so nisanje.
Додека ми порасне бебево ќе полудам секој ден нешто ново. Уште крокодили да и излезат Почна често да кака, како да напнува значи не покажува дека ја боли. Весела си е. Ама кака многу по малку. Ептен малку. Потечна е столицата и има чуден мирис. Што ви помогнало за црвенило на пеленска регија. Судокрем или маст за потпарено? Дали е ова атопичен дерматит? Некој што има искуство. Дали ла рош липикар би помогнало или да си купам маст афлодерм?
@Erika.greeneyes ова може и од сува кожа да е само ако нема на друго место. На лице обично почнува дерматитот, на крајот на образите и на челото ама и не е правило секогаш. Ако се појави и на други места ќе се консултираш со педијатар дали е атопичен дерматит. Пробај прво со ла рош и мачкај редовно да не се суши, афлодермот е кортико, за големиот го користам во краен случај ко ќе не може да се смири од чешање и ко ќе почнат рани. И кратко се користи.
Со маслото на фрезидерм пробај. Еден час пред бањање нанесиго. Потоа пред бањање исчешлај или со тетра нежно помини го главчето. Нас од 1,2 нанесувања скроз се тргна.