Дали бебе може да влезе во скок неколку дена порано? Два дена не спие како што треба, плаче и е нервозно Плус и грчеви има
Колку дремки на ден имаат? Кога им е последната дремка? Скоро 6 месеци е, мислам ми ја откажува дремката ако е можно.. Неколку денови прескока да ја преспие последната и од 3-4 е буден до 8. Во 8 од прв ден сам си направи рутина за спиење. Не е многу рано да остане без дремка? Или само фаза е? Вака не ми изгледа нерасположен за да препишам на скок…
Регресија во сон, ќе пробува он, ти ќе пробуваш да бидеш упорна и тоа. Мал е да пропушта дремка а и кога ќе почне најдобро од утринските да почнете да ги намалувате.
Не се сеќавам дали прочитав поназад, но ви се случило ли во четврт скок од развој бебе да се буди на секој саат навечер? Буквално на секој час и ко трње да има во креветчето Гледам преку ден да цица добро за да не надокнадува после навечер, иако знае да се буни на цице дали ради скокот или бидејќи сум во циклус, но наоѓам финти да го надојам. Друго, кожата му е на места рапава и сува, а на бутчето и рачето има како печати, дали се работи за сува кожа или атопичен дерматит? Тек од пред некое време му е таква и секако ќе прашам педијатар наредниот месец кога ќе одиме на преглед, но во меѓувреме да сменам Chicco со некој поприкладен лосион.
Баш така се будат на секој саат, кенкаат и бараат да јадат но моето немаше желба за јадење преку ден а ни за спиење како и кај повеќето бебиња на кои не им до јадење за време на скокот бидејќи усвојуваат одредени вештини, но затоа пак навечер надокнадуваат јадење иако спиењето им се пореметува некое време поради желбата за усовршување на наученото во текот на денот. Инаку можеби станува збор за атопична кожичка па пробај со медицинска козметика како Уријаж, Ла Рош
Може кај мене рота и шестовалентната кога ја прими дента беше ептен поспана, а вториот ден малку раздразнета и толку беше.
За црвено (нас ни се лупеше кожата)на пеленска регија мене ме советуваше педијатар да земам било каква крема со повеќе цинк оксид. Ние користиме веледа од раѓање, што всушност и има цинк оксид ама веројатно и се имаше презаситено кожата и земав на фрези дерм крема со цинк оксид и пантенол, за 2 дена немаше ништо.
Ни помина регресијата во 4ти месец, нели следна е околу 8ми… Ок си е вака. Смирен е. Ама навечер нејќе да ја заспие дремката последна. И еве дали пола саат дремна откако пишав овде и еве го буден. Ова му е ново деновиве. А што убаво од почеток во 8 најдоцна 8 ипол заспива. Јес да се буди нон стоп за цицка ама до мене е и одма продолжува. А зошто прво утринските први да се намалуваат? Јас знам дека попладневни се кратат и се остава поголем временски простор пред ноќно спиење. Кое е објаснувањето за утринските?
Ама бебиња се, не се машини сите исто да се однесуваат. Кај моето големо прво почна да ги редуцира денските откако почна да преспива цела ноќ од 9 до 9, некаде со 7м беше мислам. Логиката вели ако преспива подолго ноќе, наутро е посвеж, мада логика нема пак ќе речам, бебиња се не се машини сите исто да се однесуваат. Јас ни овие скокови не ги разбирам, не ми е јасно, можеби бидејќи не сум го прошла тоа, немав со скокови проблем освен Регресија во сон еднаш што не фати кога намали на спиење дење наспроти ноќе.
Дремките се поместуваат, и така се трга последната. Првата, обично им е најслатка и таа е таа што останува до крај да е единствена. Пример, станува во 7 ипол. Заспива во 9ипол. Како расте, ќе заспива во 10 прва дремка. Па 11. Па 12 понатака. И според првата дремка и станувањето ги водиш следните дремки. Последната се укинува со поместувањето, не знам убаво да срочам баш. Јас вака со првото бев, а и сега пак ми е овој ред некако.
Јас користам Валеда. И млеко и за лице и за бањање. Мачкам кога ја бањам. Многу добра козметика. И за газето исто.
Nie sme 5ipol meseci i 3 dremki imame..od 5 ipol6 stanuvame edna vo 8 sabajle edna vo 12 i edna vo 4 ,5 satot ..a vreme za legnuvanje mu e vo 7ipol 8. Dnevnite dremki se po pola h najmnogu 1 h.
Ве читам со спиењево и со дремки и со се и секоја чест како ги следите. Сакам да прашам дали секој ден во исто време ви заспиваат и ви се будат бебушите што може да ги следите или па јас сум немајка некоја Со првото знам си направи сама ред си заспуваше кај 22.00, прво будење за цицање 12.30, второ 5.30, трето 8.30 и после веќе стануваше ама дремки не сум броела дневни. Ова бре нит знам кога легнува нит кога станува. Пред 22.00 часот никогаш не е заспана, во текот на ноќта некогаш се буди 1, некогаш 2 пати, а некогаш тера до сабајле. Еве синоќа заспа во 22.00, стана сабајлево во 6.00 се нацица и презаспа. Преку ден знае цел ден да е будна со 2 дремки од по 15 мин, а знае и цел ден да ми го спие со паузи меѓу спиење по пола саат. За 3 дена инаку ќе има полни 5 месеци И уште нешто, само на доење па ме интересира тие што се на цице само од кога препорачуваат да се почне со дохрана,т.е пробување вкусови. Инаку машала си е супер си напредува и вака
Теди многу убаво објаснила. Првата дремка е најбрза после станување и им е најслатка. Како растат така се зголемува прозорецот на будноста и се крати последната дремка. Моето е 5,5м. има 4 дремки, но приметувам дека веќе и оно сака да ја скрати последната.
Кажувајте чаре како да ја одвикнам да не заспива со цице Не бива поинаку . Ако ме нема на видик кога и е време за спиење, страшно е , затвара очи и вришти пишти ќе се задави Нит татко и ја смирува, нит мајка ми. Онака си седи со нив ама што дојде време за спиење почнува 6месеца полни е