@kristina.k @fana Шо праиме кога ќе тргнеме на работа , мене од тој момент ми е страв. Инаку јас секаде си ја носам со мене сега, ама потоа
Кај мене синко беше ваков, само со цице заспиваше. Уште е обиснат до мене Малава и мајка ми ја заспива иако почна да рзбира и кога сум во соба не заспива кај друг. Синоќа си заспа во количка, бевме излезени. Е после имаше циркус и не заспа до 1 по полноќ. Нема решение, што се не пробав со првото, такво е детето. Или хард кор да истрпеш еднаш, два пати, мора да заспие со друг. Јас за ова срце немам. @V.N. и јас не бројам и следам дремки освен оние кои се очигледни. Јас се нервирам што заспива после полноќ. Многу сакам бебе да заспива во 21 ч. Ама не бре и ова после полноќ спие.
Види ова не е штетно за бебе и стварно вака се учат. Мојава шише не сакаше, виде дека ме нема и будала да не е да седе гладна. Сега пие без проблем. Во 10 ипол. Ама цица во 4 и накај 7. Презаспива и не седи будна.
Јас да си се пожалам, теоретски бебево треба да ми е во регресија со спиењето, ама практично јас сум Со сати не можам да заспијам. Те ми е жешко, те ми е ладно. Сношти сегде ми беше топло, ама газот ми беше ладен и не можев да заспијам. Ставав уште едно ќебенце ама тогаш жештини ме фаќаат Ќе станам навечер за цицање, ако се изматкаме повеќе од 20 минути се ладам и не можам да се стоплам. А не дека ми е ладна собата, парното работи до кај 11, па во 1 кога стануваме за цицање пуштам радијатор. Ако се изматкам подолго време додека презаспие, моето спиење е толку. Вчера станав во 4 сабајле, мојава си тераше до 8 ипол откако заспа. Не мислам на ништо, не дека се нервирам па не можам да спијам. Умот ми е на пасење. Проблемот изгледа ми е со терморегулација, и ова ми е уште откако се породив. Во август спиев со 3 ќебиња... Има некоја со слично искуство? Хормонски да го барам проблемов или психички?
Мислев и на помош од родител, пријател, било кој. Ако може некој да те одмени барем на кратко помага. Неколку дена по ред имам поголема помош, наспана сум, повесела и веднаш имам поголема енергија.
И моето заспива само на цице. Е сега незнам дали е до тоа или така се погодило, ама снемав дездоранс и вчера се прснав од на мм и така карав цел ден и сношти мм го зема во раце и бебе заспа без цице спиеше 3 сати. Денес пак сум од на мм дездорансот да видам дали ќе пали пак истата фора.
А кај мене спротивен проблем. Многу ми фали што цицето го гледаше и како храна и утеха. Сега само кога спие цица. Што не знам ни дали се најадува. Како да го натерам пак да си цица како порано?
Мајки здраво На моја беба веќе како да и се ближи крајот на 4 скок, па веќе си спие преку ден подолго во креветче. Јас прехепи сум. Иако скоков ни беше во комбинација со грип и не беше воопшто лесно Него нели сите од овде може да потврдиме и покрај овие слатки макички, оваа 2022 ни е една од најубавите можни години некогаш. живели за храбрите мајки и слатките црвчиња кои брзо растат
Тој момент цело време ме мачи, што ќе биде со лепакот мој кога ќе тргам на работа? Потоа ќе си влепам еден шамар дека има уште 3 месеци, а тоа за бебе е многу време со надеж дека ќе смени. Е ако не смени тогаш како што ти пишаа членките, сакало нејкело ќе мора да се навикне.
Па, пребарував на нет, вика дека може. Можело само лактација да намали, ама од една шолја не верувам. Исто и во бебешките чајчиња има маточина.
Искуство со стаклени шишенца томмее тippee, не сакам од пластично да давам гледам ги има во Baby Centar