Мајки ви пишав вчера дека грло ме боли. Прееска ми се створи во грло секрет и исфрлив жолт беше. Не ми тече нос и не кашлам... Бебе во понеделник супер крвна слика, вчера преслушан и прегледано грло се нормално. Не кашла, не е затнато носе, не свири кога дише, си цица и е расположен. Дали да го носам да го слушаат?
Ние имаме пластични томи типи презадоволна сум, зедов две мали две големи, ги стерелизирав додека беше мало.
Љубави, да, почнав. Втор ден слива дадов. Пред две недели дадов јаболче, ама прекинав поради грчеви. Па и тоа го рачунам воведено, два дена јадеше. Утре ќе комбинирам јаболче слива.
И мене од тоа ми е страв. Ама викам немој да не го приметам... Тој уствари кашла кога е буден зашто му е интересно. Веќе недели уназад. Ама кога спие не.
Јас почнав порано ама ние сме на АД и иако почнавме со овошје бебе нешто не ги сака, но затоа зеленчук тамани
Дали некој од вас користи коли прев ради интолеранција на лактоза и до кој месец се дават? На нив пишува до 4 месеци се, секако и матичен ќе прашам само искуство дали има некој
Да, вака знам и јас. Само некако ми се чинеше рано за откажување на последната дремка. А и кога ја има трае 20тина мин. Еве после една недела без, сеа ја затера пак. Ај ќе препишам на фаза. Првата дремка е точно, брзо по будење и само неа знае да ја затера и 2 часа. После неа две се по пола час до час најмногу и последната најдолго пола час може да биде и еве кога ја има кога ја нема…
Да не знаете некоја омега за бебиња освен капсулите бејбитол. Сакам да сменам веќе не ги можам ми се истураат стално а и бебе се мршти не ги сака
Дали ви се случува бебињат да плачат додека спијат ? Ние сме 4+ од вчера почна да плаче кога спие , многу е жална , до неа сум цело време , ја галам ја држам за раче , ептен ме насекира.... нормално ли е?
Ќути исто. Па тој мирисот одвратен. Една лигавка и една блуза фрлив. Безброј пати ги перев и пак тој одбратен мирис го имаа.