Иста е и мојата со цицање и очекувам следен месец 300 ка да сме качиле многу набрзина цица и само се врти и нешто ако и скрене внимание не ни продолжува да цица па со плачки се тегнеме Таман си напреднала мене матичниот ми рече од 5 да почнеме со вкусови
Те сфаќам скроз. Исто бевме со првото пред 11 немаше заспано. Сега више и ја не можам така. Во 10 најдоцна сум кома. Со првото па кога читав ги бањаа и им спиеја. Моето кога ќе го избањав па тек тогаш немаше шанса да заспие, очите рефлектори. И ова исто додуша. Ги бањам попладне ама никогаш пред спиење. 450 е супер и отповеќе. Ич не е за нервирање. 600 е многу би рекла. Односно сега веќе нема правила. Може да качи 600 па следниот месец да качи 60-70 ради баланс. Па следниот пат 150, па 300. И се е тоа нормално. Не се секирај ни за цицањето. Не е дека цица помалку, туку сега веќе си има сила и си исцицува колку и треба побрзо. Се си е во ред. Веќе се будат за светот околу нив и нормално е да ги интересира се.
Според апликација од вчера сме во фамозниот 4 скок... Човече, па тоа ни ден да задоцни, одма пуштено на најјако... Од мирно бебенце, кое само си заспиваше, од вчера на креветчето боцки никнаа како преку ден, така и за навечер. Мајки на плачливи бебенца и неспијачи, па вие сте ЛАВИЦИ ❤️
И јас си мислев баш тоа. 3ти скок кај громчето сме, бебе ми спие во раце моментално. Од 4 пробува да го ставам во креветче, вришти на цел глас. Колку ли само храбри се мајките што постојано и е вака, им се поклонувам
Исто и мојата по 5 минути цица за некој ден правиме 4 месеци па се прашував дали е нормално ме фати паника гладно да не е детето
Мајки бебе последниот период често испушта еден звук нешто како икање ама погласно, не знам како да објаснам. И буден и во спиење се дешава. Не знам нормално ли е, зошто прави така? Ви се има случено?
@Erika.greeneyes нашиот педијатар па ептен е лабава Ќерче едвај 300 гр качила . 3цм во должина. Демек баланс. Битно било да е плус не минус. Грамови не гледала . Па некако престанав да паничам да ти кажам. Претходниот месец 750гр качи , сега 290 . Јаде убаво каши , па се надевам ќе биде ок. Гледам и помалку млеко имам Она цица по потреба. На пола саат,саат, а АД кога сме излезени пие по 30-60 мл што е премалку @JuLleE ела да се дружиме. Син во во 19-20 ч. заспиваше дури и поголем кога беше. оваа не. Абе полноќ и е омилено за заспивање никако порано. Ова, овој месец така смени.
И црвов мој слабо напредува/ше. А цица активно, јаде каши. Е долгичок е повеќе. Матичната вика зошто ти е дебело бебе , нека си тера вака. Сега е 9 месеци, а брат му на 5 беше олкав ние не навикнати на шпагета бебе
Мојава ако не и дадам не ни бара да јаде. Некогаш кога и нудам и по 3часа не сака а не пак за сат време. А кога е поспана јаде убаво, исцицува до крај.
Бебе 2+ веке втора недела скоро секој ден и се случува после пладне одбива да цица а гладно плаче вриште пробано и подолг период да седи гладна џабе плаче а кога ке пробам да ја легнам да цица уште толку вреска дури не можам да ја држам се истега вика а дадам и од шише ад испие го без проблем и одма друго бебе. Дали значи дека ке се одбие од цице или скок во прашње е па после би се средило?
Многу е мало да го оставиш да се изгладни. Ќе го нудиш порано. Гледај по знаците, а не на часовникот. Обично попладне се преморени и затоа плачат. Гледај кое време ќе почне да плаче, и гледај тој период биди дома во тивка соба. Кај нас тоа помогна.
Мислев на по гладно од 3ч. Не повеќе секако бидејќи цицањето ни беше на 2ч во последно време и затоа чекав и саат плус ама не ми успева ни темно ни тивко ни гушкање ни пеење не сака ни да се доближе до цице едноставно вришти и само што ке и дадам шише го пие со сласт. Навечер и од сабајле цица не правеше проблем само денеска и преку ден еднаш ми направи исто затоа си мислам немој да се одбие од цице
И јас се соочив со ваков проблем,го решив така што чим е гладно му нудам да цица, ако нејќе му нудам ад, ако прифати го пуштам да пие некои 30мл, па па му подметнувам града.. некогаш сакаше, некогаш продолжуваше со ад.
Денес му давав тост на големото синче, а бебето кинка па му ставав цуце, во еден момент место цуцла цело залче тост му пикнав во уста, а тоа па чмата одма, кога се освестив му го извадив со прст ама раце и нозе ми се пресекоа, го измив со вода, дадов да цица еве пројде пола саат нема никаква реакција.Тостот со кечап, пченица кашкавал путер еден куп вкусови го заранив бебе со џанк фуд.Скоро слично ке ми се случеше со пица ама стопирав пред да лапне а сега убаво го наранив.Колку ме гриже совест незнам да објаснам, ништо нема да му биде на бебето нели?
Може и два часа да му се многу, а не па три за да огласник. Мислев да му даваш порано од два часа. Најверојатно е дека е преморено и затоа не сака да цица, му се спие. Нема да се одвикне од цицањето, ама ако го нудиш секој ден со АД ќе се навикне на тоа. Многу е мало два месеца, му се спие и пред да поминат два часа и затоа плаче. Порано заспивај го. Ќе му помине за една недела.