Исто значи само навечер убаво цица преку ден нејке да чуе плачки… се сакаа да гледа..ќе. видиме како ќе напредува битно не терам со сила и не давам Ад
Од сега ваков тип на играчка ни е омилен. Што се не изнакупив, во ништо нема интерес. Ваква слична купив на зафрканција уште пред да се роди и реков ајде ќе му ја дадам после толку време. Ја шмука, ја лиже, ја тегне, лесна е на дофат, си ја чува на раче. Се заљубив во сликата на бебе и играчката. Испонарачав уште, едвај чекам да дојдат.
Ти плаче преку ден на цице? Значи не си имам само јас мака. Никако не можам да го натерам да цица. По цели денови си офкам од мака што убаво си цицаше, на што спадна. Ама не се откажувам.
Толку од моето спијачко бебе Златно заспиваше во 23 - 23:30, сега заспива во 1 по полноќ. Па станува накај 4 да цица, а знае после 15 мин пак да стане. Накај 7 - 8 пак станува и спие докај 10. Толку. Преку ден нема долги дремки, вчера две имаше само. Ова веќе ме нервира. Добро уште ненго стигаббратби кој рекорд му беше заспивањето во 5 часот наутро. Цела вечер си ја седеше. Лудило децава мои. Не знам веќе што да направам.
4++ е мојава и скроз исто прави. Од меше на грб се треска, ама од грб на меше до пола и назад, само со моја помош оди до крај. Се трудам речиси цело време дур е будна да сме на тврдо на земја и приметувам дека секој ден има разлика. Најново од вчера, се поткрева со газе и се турка со нозете по малце напред за да достигне по играчките. Ко шо тргнала работава попрво ке пролазе неголи шо ќе се сврти. Дааа, преслатки се. Ааа, еее, ео ео ео, цели изведби имаме пред спиење, нишкам и се смеам.
Ова има улога слично како секјурити бленкет. Ја шириш и ја ставаш кај тебе на стомак и преспиваш така да го упие твојот мирис. И после да му е полесно на бебе да спие без тебе, а да си го гушка плишко. Ќерка ми едно време исто заспиваше со ова и спиеше помирно, ама кај неа кратко траеше за жал. Многу деца до 4-5 години го користат ова и е супер ако успее да се поврзе со него оти им дава чувство на сигурност. Психолози го препорачуваат.
И првото мое ја имаше таа фаза да заспива во 1. Не знам што да ти кажам освен да стиснеш заби и да издржиш, сигурно е само фаза. Кај мене хроничниот умор си го зема данокот. Што дека мојов спие од 8 кога ја треба да сум во разни скроз неудобни позиции за да има цицка на дугме практично. Се будам мртва уморна џабе сум преспала некој саат. Башка што цело тело ме боли, веќе со денови со вртоглавици сум и ми шантраат очите од умор. Од вчера и некој нерв ми се потфати, кичма ми се укочи прв пат ова ми се дешава. Сеа се налапав ибупрофен чекам да проделува да можам да станам од кревет да одам да мочам. Налет!
@Yowannty мајка и твоето бараше само цицка по цел ноќ? Доволно да му ставиш во уста и заспива. Или па чисто да му е пред нос? Не си сама Не топлиме во спална ради бебе, него ради мене зашто измрзнав по цела ноќ со цицка надвор до пола покриена. А ќе го ставав да спие во креветче. Важи, важи...
Ако можеш да се оттргнеш на еден час барем, оди на масажа кај физиотерапевт. Ќе се преродиш. Секако е привремен ефектот, ама ќе одиш пак. Додека да пркне малиот. Кога е на под, си игра, јога истегнување колку што можеш. Јас така вежбам над мојава, интересно и е да ме гледа, ми се смее. Инаку и јас сум со болки моментално, врат грб, дури и половината почна да ме боли, наредна недела летам на масажа. Баба ми ми кажуваше татко ми само на "боска" спиел, хахаха маки, ама ете универзални низ времето и просторот се цицкоспијачите
Јас легнам накај 2 и она во 4 стане, па ја земам кај мене. Од една страна бебка, од другата синко. Катастрофа. Ко што сум со дискусхернија, со болки станувам. Еве сега спие уште. Не би бебе да будам, а бучно е дома моментално.
Имам видено во Окаиди, јас имам од Џамбо, сега од Мапет Кидс нарачав, имаат различни, не се нешто скапи, по 300 и кусур денари.
Си цицка асално 2-3 пати ноќе. Другото му е ако промрда ја бара одма да ја чува во уста или само ќе нурне нос да ја мириса и рачето ќе го стави на неа да не случајно помислам да си ја приберам. Не ја греам спалната јас. Замлачувам само пред да легнеме, кај мене сите тројца се сафросани и бебе се поти ако грееме жива вода и џабе лесно го облакам. Цицките навикнаа, а грбот секако више не го осеќам. Многу сум уморна иначе вежбање очајно ми фали. Со такви резолуции сум за новата. Ма да јога никогаш не сум пробала ама би сакала, поише на кардио сум била. Дојам и оставам дете на маж ми кога си доаѓа од работа и одам да поминам време насамо со ќерка ми. Морам и нејзи да и докажувам дека ми е исто битна како и бебето, физиотерапевт немам простор кај да вметнам. А сега по ново колку лошо зајдува кога плаче страв во коски имам. Ич не се потресував на зајдување, ама сеа од лошотија ако нешто не му се даде во моментот кога тој сака, во секундата се губи, главче му паѓа на страна до пред онесвестување е. Престрашно ми е. И пошто се дешава многу брзо, само вриснува и зајдува маж ми му се деси и воопшто да не го примети а во раце го држеше, умирам од страв дека јазик ќе си проголта. Едвај чекам следна недела на педијатар да видам што ќе ми каже за тоа. А што убаво си зајдуваше нормално пред 4ти скок.
Ќумрам од тебе Срц... Дај кажи како да натерам бебе да спие? Мислам не од чиста мира да спие кога јас сакам, туку да заспие кога е преочигледно дека му се спие а не сака да спие. Или ако заспие, тој период во раце што е тоа е спиење, во креветче дали уште 5 мин би поспал. Прозори на будност? What?
Многу се драматични бебињава И мојава еден период вриштеше и никако не се смируваше освен кај мене. Како за беља тогаш морав на доктор да одам, двапати што бев излезена маж ми мислам се истраумира од плачењето (не признава нормално ама беше доста екстремно). Те разбирам, ќе биде физиотерапевтот за подобри времиња... Не мора јога, јас овие вежби си ги правам кога ќе имам време и енергија. Обични за истегнување. Некогаш пола час имам за вежбање, некогаш 5 пати по 5 минути хахаха https://youtube.com/playlist?list=PLqpWsk4hi7_YmVhnC03bHNpSFc9LvFFwB Уф, исто и лежење на тепих. Да се исправам за промена. Си имам јас редовно веќе со години болки во грб и врат заради работа на компјутер. Професионална деформација. Затоа сум толку упатена хахаха. Ама како што бебе ме искриви, ниедно работење по цел ден Најдобро досега ми се покажало аеробик, ама сега 5 минути да повежбам нешто такво ќе умрам од тахикардија Со среќа мајка, побрзо опоравување
Ми стигнаа ќебенцата од Мапет Кидс. Совршени се, премеки, преквалитетни. Ги ставив за перење, едвај чекам за Нова Година бебе да си добие совршен поклон.
@Freckles. @Yowannty и моето е по цела ноќ со цицка во уста. Мрднам ли одма се буни. 80% е со цицка во уста, 20% врз мене и тоа само во една положба која бара да сум полуисправена. Цела сум здрвена. Краток период се истегнував по 5мин. дневно, супер ми беше тогаш, ама уморот ме преовлада и доста сум болежлива веќе 5месеци. @see.emily.play Добро ме потсети со лежење на тепих. Тоа го правев редовно, само на паркет директно. Помага и тоа.