Јас имам вакви две, ги има по бебешки продавници. Но јас не и давам оти ќе ја јаде и ќе се најаде влакна. Од материјал е. Доста и е ќебенцето, рано и е за ужина.
Мојата преку ден цица ко новороденче. И само бљуцка. Или повратена шетам или со млеко до долу водена. Сега најново цица со едно прсте в уста, како глодалка ме користи, ама мора и прстето да го шмука. Ноќе спие ама заспива во 11-12, а преку ден по 15тина минути најчесто и секое заспивање е со цицање.
Некна персни алишта имав на спална, средував и гледам земала гаќи Среќа на време ја видов. Перани се да, ама не се са во уста. Синко ништо не ставаше во уста од страв храна да не е
@Kolache na mama @Yowannty а колкави ви се дечињата? Јад имав проблем дури почне убаво да цица, со рагади и плиток фат ама сега како си почна па криво ми е што се жслам што цице бара. Во принцип не ми смета, полошо би било со кичмава да го нишкам пошто накај 9кг е, ама па ноќеска 20пати се разбуди и само цице бара.
5,5м. е. Ама од раѓање е вака кај нас, ноќното спиење е ужас. Дневното сега го среди да е по 40-45мин., иначе беше по 15м. Но тоа не е се, и го нишкам цело време.
Леле сега се истрауматизирав. Кога имавме проблем со запек педијатар ме советуваше за два пробиотици ама различни, диастоп и waya, јас ги давам навечер пред спиење со 1 сат разлика. Веќе сме 5 месеци пробувам да го исклучам едниот пробиотик ама не оди, сега има проблем со грчеви сеуште ако е без двата пробиотици. Не може да спие од виткање и пишти до зајдување..
Моево лапачко откога почна со кашички после една недела млеко да невиди денски, гладен ќе седи ама млеко не, плаче за зеленчук момченцето, млеко денски во гриз или има една кашичка со ориз се спрема со млеко, само така ако изеде, но навечер си пие млекце2 -3 пати, којзнае дали му е малце. Мајки поискусни што викате?
Фана, кај Ирис ми успеа маж ми да ја заспива. Како се погоди корона првиот лок даун, тој почна од дома да работи, па да ме одмени почна едната дремка тој да ја заспива и немаше проблем да ја легне во креветче и да продолжи да спие. На долг рок ова ми се покажа успешно и за одбивање од доење пошто си беше навикната и со него да заспива а со него нели нема цице. Никаков проблем немав да ја одбијам. Истово сега и со Алекс е. Маж кога го заспива без проблем е. Само по цела недела работи и не можам да го научам во креветче да го легнува. Сеа ми е во план последната дремка да ја тера со него кога ќе биде дома после работа. Маж ти, сестра, мајка кој имаш нека улетува. Многу е битно да не заспива само со тебе оти потешко за се понатака ќе биде. @Freckles. 6 полни месеци на 3ти. 3 години и 4 месеци вкупно без нормален сон.
Девојки, во очи Нова Година, сакам да ви посакам секое добро на вас, малечките и вашите семејства. Сигурна сум дека на сите овој премин во новата ќе ни биде најубав, кој прв пат со бебенце, кој прв пат со две или три.. сите со свој прв пат. Ви посакувам среќни празници. Мир и спокој во сечиј дом. Се читаме после празнициве во другата тема, каде ќе ја следиме новата етапа од животот на нашите малечки. Поздрав и убава вечер.
Изгледа само јас не можам моето на цице да го наместам со вилица надолу за длабок фат Веќе 20 дена се мачам и ништо, се породив со царски ,во болница си почнаа со дохрана, јас немав млеко неколку дена, цуцли и шишиња секој ден и кога го ставам на града секогаш фаќа плитко иако изгледа дека правилно цица, внатре во устата ја стиска брадавицата а мене ми се вришти, ваков бол немам осетено Малиот сака да цица, ад намалено на 2* 60 мл, ама јас никако да го наместам да фати, гледав и видеа го местам во положба топка или превртена лулка, отвара устата и кога ќе осети брадавица длабоко во грло, не влече туку ја трга главата и пак си ја мести вилицата за плитко да си фати. Многу ми е мачно и страв ме фаќа дали ќе успеам, сакам да го дојам но не знам како, а оно си бара и не одбива цицеМила, ако може да споделиш како си успеала да доиш без болка, не знам како да постапам, го тргам неколку пати за да го наместам, оно ќе се изнервира, ќе почне да плаче и јас попуштам, мора да најдам решение
Мајки вие што давате дохрана со АД. Дали е нормално после секое пиење да ми прави фаци ко да и се гади и на крај ке поврати. Не многу ама.скоро секогаш бљуцка.
Жени, нека ви е среќна новата година и од мене, да бидете весели, среќни, живи и здрави. Бебушките да си растат големи, големи, големи и да си ја сакаат мама највеќе на цела планета. Мило ми беше што се дружевме неколку месеци, добив прекрасни и корисни совети од вас и поддршка кога ми беше најпотребна. А јас се надевам во новата година нема да играм мортал комбат со прдешките на моето бебе. Убав помин вечерва. Ве гушкам и се читаме во 2023.
Среќна и од мене 2023, ви посакувам мирни бебиња, скокови кои не се приметуваат и млеко на претек за да си кркаат срцувчињата колку си сакаат! Се чувствував преубаво во групава се надевам дека пак ќе се дружиме, се гледаме наредната година!
Официјално во 4 скок, според апликација веќе недела дена ама вака јас шо приметувам разлика во понашање од вчера сме сега за сега е по кенкав денски се надевам нема да биде многу напорно Мајки Среќна Нова и среќни празници, имајте здравје а се друго само ќе си дојде
Среќна Нова Година, мајки Да ни се здрави и живи бебушките и да ни растат големи и среќни Да ни трае дружбата во темава и следната година, да ги споделуваме најсреќните мигови, да се поддржуваме, тешиме, советуваме, радуваме и да сме си тука една за друга