Кај нас ко да нема пауза. Скокот до 31.12. пишува, но уште прета, па се превртува ко што пишав и вчера.
Јас после 4ти скок прекинав да следам веќе... мислам дека не може по лошо да биде од 4ти . Ние сме на средина на 5ти и горе доле исто е како од 4ти, некако го спои
Дечко беше одличен за нова година! Сака да си биде со баба и дедо. Мама уживаше Среќна нова година ма сите ❤️ За 20дена влгаме во петти, среќа ќе помине ретрограден Меркур до тогаш
Па не сум експерт, ама би требало да помогне. Мојава е 5 месеци и претходно имаме користено биогаја ( не сум задоволна) па нормиа (тој беше ок) ама 2 месеци го користиме на џејмисон и сите по дома сме на готовс од ко ќе и дадам. Многу брзо се празни и обилно, тече буквално од сите страни. Ги имаше во еурофарм на акција 2 за околу 500 ден незнам дали се уште
Среќна нова мајки, ви посакувам многу здравје и среќни и здрави бебиња Кај мене мислам дека трет и четврти скок беа споени.Цел декември беше лудило.
Не сме стигнале до таму Имеѓу 4ти и 5ти сме ние, ама ова измеѓу ми е полошо и од 4ти. Само дома сака да е, повеќе од 4ца во соба е вриштење, почна да ми ја крати последната дремка па после капење е ваков Тешко го успивам се стега и вришти, па сега се замислувам да не се заби во прашање бидеќи се лигави аууу
Како ви спијат бебушите? Моево бетер стана. Порано на 2-3 саати стануваше, сега лупа, мава по кревет со раце, нозе, глава и се буди. Спијам со нозете мои да ги допираат неговите, едната рака едното, другата рака го држи другото раче и со главата своја ја фиксирам неговата. Ако ова е нормална положба за спиење еве на. А во раце кога спие, не мрда, ништо, бајче. Не сум спана ич. Кога ќе почнат помирно да спијат?
Ова јас како да сум го пишала, моево бебе почна така да спие од кога сме во 4 скок. Стварно знае некој до кога спијат така?
Од 4ти месец наваму поточно од кога научи да се врти на стомак и обратно. Од тогаш нема спиење раат. Цела ноќ прета и се врти позади и ставам барикада од ќебиња да не може да се сврти напред ја држам за раце. Ако успее да се сврти цело време прави лево деснои нормално се буди и прво како маче мјаука и после кога ќе почне како некој ѕвер. И мене ме интересира кога почнуваат да спијат мирно зошто ова не е спиење со олку претање. Секогаш ме буди после ќе ми замине и сонот и жива ненаспана сум.
Фала ти мила на разбирањето, се нервирам што морам да го хранам со ад млекото и шишињата од кои му тече млеко и не мора да се мачи да влечеи никако не можеме ред да фатиме со брадавицата, ама тоа е од самиот старт, во болница така почнавме со дохрана и плиток фат и штетата веќе е направена, има многу силна вилица, не можам на сила да му ја влечам надолу, кога ќе подотвори вилицата му ја ставам брадавицата подлабоко, ама му е чудно ја трга главата и ја мести сам на плиток фат, така научило со цуцли и шишиња, не верувам дека било кој експерт може да ми го намести со длабок фат кога он сам се трга Јас исто користам силиконски брадавици ама видов дека без нив повеќе му тече млеко и повеќе пие, со силиконски како да има бариера, треба повеќе да влече, брзо се уморува и многу често е гладен. Јас секако сум упорна, боли стварно, дури измолзувам со пумпа кога не ги празни градите, упорно го местам, ама на сила само 2-3 пати, за повеќе нема поента, се унервозува и почнува да плаче, па јас попуштамМало човече додека да научиме како треба ќе помине време, ама сепак подобро е вака да цица мајчино млеко колку толку