Кај нас само музика има до 19.30ч. Преку ден Spotify пуштено на ТВ, глас има, видео нема или македонски детски песнички преку систем и ни е стварно интересно. И пред со мм не бевме зависни од ТВ. Сметам дека не само заради очињата, туку и заради мозочето не е убаво. Не сакам пасивно само да апсорбира шаренило, макар и цртани, затоа повеќе се глупирам по дома со пеење, играње на земја, мечиња, сликовници...Да, многу е мало, 4 месеци направи сега, не разбира ни игри, но кога го гледам како се смее и јас сум среќна и имам поголем мотив за да му правам интересно и воопшто не ми недостига ТВ
Гледа постојано, посебно кога мм гледа фудбал го влече зелената боја. Речиси секој ден му пуштам сензори со овошја, зашто стварно веќе немам идеја што да правиме. Се му многу бргу здосадува. Му читам книга, на под на меше, на под на грб со такви играчки закачени врз него, пееме песнички, му зборувам мн кога е во релаксатор, и пак останува некоја минута празна кога кисне од досада и само сензорите го смируваат. Еднаш му пуштив кокомелон пресреќен беше и сфатив дека ќе гледа, ама не дозволувам. А и сметам дека телевизот не е толку штетно, телефон таблет никако. Кажете ми други идеи за занимација на 2ипол месечно бебе? Сами сме цел ден и стварно не знам како да го занимавам, а захтевно си е преку ден и воопшто не спие, 2-3 пати по макс пола саат ако поспие пресреќна сум
Прожектор Ние добивме со животни (не дека ги разбира ) ама свети и интересно му е. Го местиме накај таванот и подолго време му одзема внимание. И јас мн се мислев дека можеби му е досадно на моменти, прашав и педијатар и ми рече дека не треба и премногу да го замарам.
Мајки дали давате babyvit витамини. Јас бев на настината на бебо не му беше ништо ама матичната ми препорача да ги пие овие витамини инаку сме 4+ па сеа незнам дали да му ги давам само на доење сме
Здраво мајки, на форумот сум долго време но прв пат постирам, имам бебенце 13 дена утре сме на прва контрола но денес забележав топче над газето.. дали е нешто опасно ова??
Педијатерот ни кажа прв месец не се даваат еспумисан, туку после месец дена. Зошто не знам, заборавив и да ја прашам. Му ги давам од раѓање, 40 дена има уште ги давам. Препишани од педијатар му се.
Мајки кога почнуваа бебињава да плескаат со рачиња, во стилот на тапшин тапшин танана или ова е за другата тема +6 месеци. Како лета време и ние со летниве бебиња идеме уште малце во таа тема
Баш вчера ја разгледував радосницата од поголемата и таму сум запишала на 8 месеци прв пат плеска со раце
Мајки дали вашите бебиња се лигават премногу? Малата ми е 4 месеци мислам рано е за заби али има лиги ненормално многу си прави балончиња со нив
Има книги за бебиња со животни. Од литература ги земав. Внатре се со крзно, набраздени, рапави. Му ги држам, ги фаќа, ги гледа. Пееме песнички, играме во раце, вежбаме вежби за раце, нозе, го превртувам, за раце го тегнам од лежење за да чучне. Низ стан тура му правам. Кога го бањам, после цел спа третман му правам со масажи, мачкање со млеко, уље. Правам ,,ѕе" со пешкир, демек го грицкам ,,ама ам". Тоа е, за друго не ни знам.
Ко лама е мојава, само чекам некој од нас да го залепи со плунка. Едно што нон стоп тече, па се научи и и стана интересно да брмчи со истата и тушира наоколу @GirlLady од 1 месец и се отечени непцата, се лигави, прави балончиња. Наполни 5 уште абер нема од заб, а слушам и на 3 месеци вадат заби децава