Се мислам дали да и го купам не дава никако носето да и го исчистам а полно и е не може да дише, со аспиратор не сака, не сака прст до нос да и ставиш.
Јас се спасив со ноското. Не е дека дава да ја чистиш, се буни ама набрзина завршуваме работа додека се освести. И апла полесно и е после да си дише
Женски имам безконтактен топломер, од далечина што мери. На секое мерење температура ми покажува различно од 36.4 до 37.1 во рок од неколку минути. И сега која температура да ја земам во предвид?
На тој безкинтактен ич не му верувам. Мери со живин. Или има едни на чико мерат за две минути точни се и тие
Najprvo cestitki mama... Zivi i zdravi da ste ❤️ Jas zemav za grcevi kapki co lactase, i kombiniram so probiotik waya bidejki ne najdov bejbitol neonat ....i ok e kombinacijata za sega
Има ли некое чудо што може да се направи за бебе да спие по мирно? Абе од кревет ќе излезе нози раце мава, главата лево десно и оп ќе се разбуди и се така во круг. Пробано и до мене да спие, за раче го држам ама јок не пали И дали ако бебе е нервозно на цице значи дека нема млеко? Му дадов ад 90мл го испи и заспа
Стварно е претеризам со флаерите, јас никогаш не купувам со флаери во аптека. А веќе немам ни доверба кога ќе ми дадат флаер, па честопати купувам друго... супер избор инаку за бејбитол пробиотикот. Многу се безобразни докториве, а особено ме нервира што и на мали бебиња и дечиња прават пари со скапи суплементи. Честито, здрав жив дечкото! Не заборавај вежби, точаче, коленцата да му ги креваш до градите. Масажа пробај нежно околу папочето, така ми покажа патронажната сестра кога беше дојдена. Уф колку плачев кога и се јавија грчевите, ама поминуваат.
Ај ако најдеш, сподели. Година направи, се врти ко пропелер. Сега периодов спиеме заедно, ме уништи физички. Чекам модрици да ми искочат кај и да е
@AngelOfArh не се плаши. Овде саб симплекс даваат од прв ден во самите клиники на новороденчиња што се со грчеви. Кога ги прашав докторите и на клиника и педијатарот ми рекоа безбедни се. Само на моето не му помогнаа па престанав да му давам по некој ден. Е нема чудо за тоа. 3 направи и уште и работи моторче во гзето и дур спие. Уште и чувам оградици оти сериозно страв ми е дека врат ќе си скрши некоја ноќ. Ама еве колку за утеха, интензитетот на претањето значително намали по 3тиот роденден. @perlaa1 ти пак скроз си на почеток. Твоето тек сега почнува да се врти и превртува, тек допрва ќе го наоѓаш во пози што иначе не можеш ни да ги замислиш.
1 down, 2 to go. А замисли, преска му кажав на мм дека ко ќе направи ова 3 години, сакам второ. 6 години ќотек
Аууу не. 2 до 3 се најтешки години. Не би да те плашам ама ќе излезеш со трауми од terrible twos. Праи второ тамански околу 2от роденден, иначе големи се шансите да не ти текне на второ, а верувај овој ќотек ќе ти е најмала грижа. Ќерка ми имаше такви тантруми на 2 години што неколку пати сериозно помислував дека мозочен да ме мавне во некои од тие моменти беше само излез. Најсериозно, еднашка, никогаш нема да го забораам тој ден кога реши тантрумот да и трае цели 40 минути надвор по пат кој иначе го одиме 4 минути. Тркалање по тротоар и вриштење, ја трудна пред пораѓај и на 35+ степени директно на сонце цели 40 мин. Стасавме дома си нацрта една насмевка и како ништо да не било, а јас се тресев и липав пола саат не можев да се смирам. Да не бев трудна тогаш, после неколку такви испади немаше шанса да ми текне да второ. Таман првото 3 кога ќе наполни ќе планираш 3то.
Имам пишувано и предходно. Др. Маргарита од Плодност ми има кажано за грчеви е најдобро два пробиотици. Јас вака давав, диастоп, waya, sab simplex, и чајче од ким, моево бидеќи не цицаше јас навечер водата што го правев млекото ја варев со ким. Ни ден немавме проблем до грчевите, знеше само да се свитка повремено ама никогаш не плачеше до зајдување.