Мила јас еднаш до два пати на ден давам АД и сега ќе пробам со вода со ким да го правам млекцето. Кажи ми колку ким ставаше во водичката?
Околу 10-15 зрна (одприлика, не сум броела) ставав во 240мл вода да зоврие и ја оставав да се излади заедно со кимот.
Во 3ти веќе ја држи исправено без да се клати, иначе и претходно ја држеше само што беше нестабилно. Само на меше го ставав. Или на земја, или на кревет, или на перница за доење или на мене.
Без клатење од кај 3-4м треба веќе да биде способно, а со клатење од почеток. Вежбајте, ставај го на себе како желче, врз колено, преку рака, на под, на кревет...
Имам пробано и БиоГаја и Ваја. Бебе има многу болни гасови. Уште. Кои други пробиотици ги има, а сте задоволни?
Исто и ние сме со гасовите уште и ја што не пробав од пробиотик сега земав Jamison и исто е пак, мислам само џабе пари даваме за пробиотици.
Јас давам Бејбитол неонат ама мислам твоето е големо за нив. Пробај ги Диастоп, види дали ќе поможат.
Здраво, Загрижена сум за моето бебче.. Има 6 недели и пред некој ден забележав ‘ржење.. Некогаш ‘ржи преку ден некогаш навечер..
Р’жи и ти Некогаш мислам дека мајтап си играте овде. Р’жело Па нормално е, бебе, ќе испушта секакви звуци, ќе претка, ќе се смее, плаче, квиче. Не е кукла туку бебе.
Нормално е, бебе и мм во хор се секоја вечер, концерт лајв имам Мислам дека треба да имаме малку поголемо разбирање во овие теми. Голем дел од мајките минат тежок психички период на почетокот и паничат за се и сешто. Ако можеме да помогнеме супер, ако не подобро да не пишеме ништо. Некој стварно може премногу емотивно да го прифати некој наш одговор
Точно, се паничи, ама логички, најнормално е било кој да испушта звук. Особено бебе. И за тоа паника? Јас се разбирам, ама и јас почнав да мислам дека некогаш се трола. Патем мајка си, не си болна, не си ништо посебна, па за паземе што коментираме.
Не ми се допаѓа коментарот, мајка си, не си ништо посебна. Зошто од жени вакви коментари? Посебни сме сите, особено за својата фамилија. Мајка ми моја е најпосебната жена на цел свет, ја обожавам и иако имам 30тина години се уште си ја барам како мало дете. Се надевам и моето дете така ќе ме доживува. Не сме болни, но далеку од нормални после породување. Човече држиш во раце, дека баш не кукла и реагираш на секој крик. Некој пат на човек му се одмилува да праша нешто. Инаку јас да се пријавам. Ќе да ја поминуваме регресијата. Абе пред два дена пишав дека конечно убаво ни тргна. Ете го пак. Очите крв црвени, не се дава и не се дава. По прашањето пред некој ден, дури тв пуштив да се успие. Ништо живо не успева. Ќе ме умре овој 4ти скок. 17ти јануари као демек излегуваме. Е ај баш да видиме што ќе биде.
Посебна мислев дека си исто како и секоја друга жена, мајка, девојка. Само си мајка. Точно. Патем не знам зошто вадите од контекст муабети. И јас си ја сакам мајка ми и за мене е посебна. Ама околината околу нејзе, околу мене ме третира како било кој друг човек. Пак ќе повторам, прашувајте, и јас прашувам, ама вакви работи некогаш навистина се прашувам дали некој од зад мониторот си игра мајтап овде. И да, скроз сме нормални, значи раѓаш, се остваруваш како родител, ама си нормален. Нема ништо ненормално во тоа што сме родиле.
Мајки здраво, ни кажаа дека на бебче ресичката под јазичето треба да му се сецне зошто не ноже скроз да го исплази и мака мачименси доење не фаќа убаво и се нервира.Дали имате искуство и каде го имате направено?