Да се надоврзам околу вирусов. Прво маж, па сега ја и бебе. Целото е стуткано во мене два дена. Многу е жално. Сега ако му дадам на мојот цицољуб цица, иначе не. Тие што го имате со помин да е. Останатите - да ве одмине.
Искуство со Colief? Помага? Како дозирате? Читав 4 капки, но не пишува колку на ден, само да не се надмине 64 капки во денот.
Зависно колку подои имаш мајка. Или на секој ќе даваш, или преку подој. Кога ви се гладни бебуши како ви кажуваат? Моето не плаче, прво ме гледа у гради и мљацка. Ако го одтавам малку, е тогаш почнува да се кара хаха до плачење више не стигаме, знам што сака.
Јас давав, не знам дали помогнаа, тогаш немаше јаки грчеви. За мене зафркнато беше што треба да се стават во млеко па да се дадат на бебе па после да цица, некако долга процедурата ми беше,а и мало е паковањето одма се трошат. Се префрлив на Колипрев.
А од тие како си задоволна? Сакав Саб Симплекс, ама не знам каде да ги купам, не одам накај Бугарија. Гледам и од нив задоволни има. Ми треба решение, многу се мачи. Мислам дека и бетер станува
Кај мене големиот пак со температура пред два дена, па пролив, па кашлица денес. Нема кај да ги делам се околу неа е, во грч сум цело време, ама само нека поминува кај сите со лесно. Овие дена сите се болни, сите што ги знам децата со некој вирус се. @Freckles. Пресмешна е мојата, прво отвара устата широко и прави ко да цица, а ако не добие одма почнува да вика, да се расправа. Не стигнуваме до плачење и ние оти тогаш ништо не ја смирува.
Активна состојка во саб симплекс е симетикон, верувам дека истиот ефект ќе го имаш и од други капки со симетикон. Колку месеци сте? Колиеф мислам до 4 месеци се користат. Ние ги користевме прв втор месец и колиеф и колипрев, џабе и ги давав. Ама ако сакаш да пробаш од овие мислам подобро колипрев да користиш.
Му помагаат, е сега некои денови знае да има грчеви и да неспиеме по цела ноќ ама повеќето денови нема. Влези во групата Соба за доење и АД на фб мислам имаше некој што го носи од Бугарија. Мене од Германија ми ги донесоа.
Мислам дека не се исти германските и бугарските. Некој ми имаше спомнато кога ги користевме а и самата забележав дека бугарските повеќе му помагаа, ги имав користено јас. Не ме држете за збор секако..
Досега сите коментари ти биле на место, зошто наеднаш ваков коментар не знам, нема потреба од зајадливост нарочито на мајки кои штотуку излегле од болница со своето првенче, темата е баш за тоа се прашува се и сешто, не пишувајте ако неможете да помогнете ве молам нема потреба да се расправаме.