Не требаше, но да те прашам зошто толку често ноќе му менуваш пелена, кака навечер? Јас во 8 му менувам па дури во 5 сабајле ко ќе стане, нормално под услов да не се искака порано!
Може малку груб ми беше коментарот, ама некогаш си мислам дека на мајтап се тера. Искрено. Крици се сосема нормална работа.
И јас сум пресреќна кога не кака навечер, тоа значи пиење млеко без расонување Пелена менувам во 8 исто, следна е 7 сабајле. Бабицата ми кажа дека памперс држат без да пропуштат мочано 12 часа, го потврдувам тоа како точно
Од кај е оваа енергија во скоро 23 часот да трча в кревет ко на маратон со смеење, со викање, со се. Во паузи за одмор цица. За енергија и превозбудена е, кој знае колку и е интересно. Не знам како да ја научам порано да заспива, секоја вечер до полноќ седи..
Алал да ви е што не менувате пелена преку ноќ. Мојот обавезно кака во спиење и жал ми е да го оставам така, морам да му сменам. Јас педијатарот ни кажа седум пати на ден. Можеш и директно да му ги дадеш. Јас му ги давам така. Јас му ги давам Саб симплекс. Не знам дали му помагаат, ама мислам дека ист состав имаат како еспумисан. Прашај педијатар за секој случај.
Јас земав кенгурче и ми е супер, скоро секој ден го користиме пример за до маркет или продавничка/бутик ептен ми се наоѓа дека сами сме со мм а тој е на работа па некој пат морам со бебе да испаднам да завршам работа.
Што користите за чистење на јазикчето? Денес бевме на редовен преглед кај матичната и ми рече лажица сода бикарбона да растворам во малце вода и со газичка да и го чистам некако ми е страв со сода на бебе од 40 дена, мислев ќе ми каже метиленско плаво, проафтол или нистатин а таа сода бикарбона вика
Ако најдеш начин, сподели Еве до сега ја успивав. Демек и ја бањав и ништо, заспа и стана и еве сега дури пак презаспа.
Не се плаши слободно раствори сода малку во водичка, освен со нистатин, кандидата и со сода можеш да ја отстраниш
Ние сме иста приказна. Плачеше и дење и ноќе од шишето, буквално борба да се најаде. Сменив цуцла на philips avent шишето од 0+ на 1+ па на 3+ џабе. На крај сменив шише, најобично babynova. Има помало и помеко цуцле. Има подобрување, не целосно но сепак не плаче постојано како претходно.
5ти скок ве нема. Викате не е страшен како 4ти? Ситуацијата кај мене е биполарна. Час ми се бега, час не ми се верува колку го сакам. Вчера и завчера беше хаос. Јас не знам, ако ти спие, спиј, ако ти се јаде, јади, ако ти се прди, прди. Ама не, цел ден ќе плачеме и тоа што ни се прави, нема да го правиме. Конечно и надвор го извадив. И таму плаче. Во раце цел ден. Не смееш да седнеш. И што ми пали, да го думкам како да имам пропелер во газот. Ги знаете оние играчкине што скокаат на навивање. Е тоа сум јас. Ослабена сум ако ништо друго. Ама и коса почна да паѓа. Уште не завршил 4тиот, душа ми плаче за 5ти. Ало жуто комбе, се слушаме ли.
Со лигушки нема стабилизирање мајки. Ќе си те цел ден, ќе си бришете под. Ние сме веќе 7, има 5 запчиња и се лигави а бато до година и пол лигавеше
Ќути, да се живи скоковите што 'ги измислија' и тоа што читаат мајките и се тешат, инаку по цела ден/ноќ на клиника ќе висеа зашо плаче детето... нека си скокаат, што им е работа