Земи колипрев, исти се со колиеф, само што колипрев не ги раствараш во млеко за да се активира ензимот туку директно даваш. Јас имам давано и такви и такви, повеќе прдеше, и ги ублажуваше грчевите ама у комбинација давав со саб симплекс. Не знам искрено што и помогна ама битно и давав. Со колиеф имав мака што ако и се цица тоа беше плачење како мислиш ја дереш додека да и ги спремам капките одн да се одмолзам 10 секунд јас чистев исто со сода и вода. Убаво ти кажал педијатарот, не мора да значи дека секогаш е габична инф/кандида. Во повеќето случаи е од млекото и нас ни се исчисти за недела дена.
Не можам да ти кажам што е попрактично бидејќи немам користено марама, користам кенгур. Морав да купам зш бебе не седи ич во количка, а ми треба за да го зимам поголемиот од градинка. Ми брка работа, ама ако сакаше количка никогаш не би го користела.
Од бебе наеднаш ми стана дете, кога почна се да разбира. Моево беше права кукла, кога и да го заспиеш ќе спие, го имам капено а тој спиеше веруваш? Немаа комшиите слушнато дека бебе имаме, поодморени родители не постоеа, тогаш се молзев кога ќе побараше да јаде замисли, ама после тој 4 скок се слуша до другата страна од градот Гревота е да се пожалам и сега ама таа промена ја осетив и тоа како. Сега станува по 537376381 пати во ноќта (лесно презаспива со цуцла) и вежбам стани легни бидеќи спие во креветче и оп 6ч очите Ај да не зе жалам битно спие од 21ч до 3 без да јаде. А тоа што преку ден неможеш да го заспиеш од што трие очи и не се предава нека паѓа во вода со ноќното заспивање
Леле срамота мајка на второ, се сум заборавила. Ама се си мислам батко не какаше толку, по 5 пати на ден кака. И тоа кака, го соблакам и после тоа одма кака пак на чистичко. А што отвара една пештера за соблакање, ауууу...
Си кака и мојата уште откако е родена. На еден месец отприлика почна мн течно да кака и после секој подој (навечер по двапати ја преслекував), ја носев на педијатар мислев пролив има... Испадна нормално било
4ти скок не го осетив нешто посебно ама 5ти ќе го памтам додека сум жива Ехх, јас после 2 год не памтам како прво дете да ми е, а не ти после 5 Какаше и поголемиот по 6-7 пати на ден обавезно и грбот го полнеше и еве сега има 2ипол години и си кака 3 пати. Брз метаболизам има. Малово кака едвај еднаш и тоа тврдо. Ден и ноќ ми се различни. Да ве прашам како разликувате накашлување од лигавење и кашлица од вироза? Преплашена сум од вирусите што виреат, дома сите кашлаат и во поширока фамилија. Еве го и малово повремено знае да се закашла ама ми личи дека му е од лиги. Не сакам да чекам да стане алармантно ама па и не ми се носи по болници за џабе. Што друго симптоми имаа вашите?
Јас давам редовно колиеф, секој втор подој по 3 капки. Купив и саб симплекс, но педијатар ми рече да не ги давам освен ако плаче по 2- 3 сати да не се смирува. Сега колку што можам да приметам нема грчеви и помалку ги намалувам.
Па не е влажно ама не е ни класична сува кашлица. Буквално како засркнување затоа мислам дека е од лигавењето, 3-4 пати дневно се накашлува, а ноќе е мирно. Би требало веројатно да зачести кашлицата ако е вирус или плус некој симптом да се појави?
Па и моето е така. Но од поодамна така се случува, многу се лигави и плус повремено крчка со носето како од раѓање кога беше. Не сум го однела, со вирусиве не ми се носи некако. Мислам @Yowannty имаше таков случај, па нека каже совет.
Не ми беше тоа поентата, туку дека јас не ги следам скоковите и не знам кога сме во скок, дали дека немам време или препишувам на забите кога излегуваат само тогаш знае да ми заплаче навечер. Инаку си нане по 10-12 часа, и си цица додека спие, мама мора да лежи до него за да не стане инаку уклучува сирена на најјако. До сите нови мајки совет: Навечер не менувајте пелена освен ако не е покакано, нема да се расони бебе, ќе повика и ќе продолжи да спие. И ќе се навикне да не кака/ мочка навечер.
Крчка и моето од раѓање и еве се уште е така. Насабајле и полно му е носето, го чистам и нема гајле преку ден. Го носев секоја недела на контроли на почетокот за тоа крчкање ама се беше во ред и се опуштив малку. Сега како ги гледам сите болни околу мене страв ме фаќа, а и јас пред 2 недели имав треска и температура среќа не префати.
Верувај се приметува разликата. Устата му е полна со шлајм, каката, додека спие се буди со кашлање кое е влажно, носот му е затнат па ќе хрчи, ќе цивка жално, многу ќе е омалаксано и цело време ќе бара да е во тебе. Моментално е кај мене оваа ситуација со бебе. Го однесов вчера да го слушнат, нема на плуќа, ми кажа матичната ако крене 39° одма на клиника многу бил лош вирусот. Ја сум исто со вирусот, кај маж веќе поминува.
Да не седи во мочкана пелена. Дека има осетлива кожа и да не му се јави пеленски осип. Иначе не кака преку ноќ одамна.
Фала. Сега те прочитав дека си имала пред 2 недели треска и температура. Така почна кај нас. Буквално халуциниравме 2 вечери со маж, среќа еден па друг. Силна треска, температура, омалаксаност и носот како цемент затнат. Така да чим не префатило од тебе, го одминало. Ова го пишав и како инфо да знаете ако случајно почнат симптомите.