Помагајте сега, оглупавувам кога имам болно дете. Почнува да качува температура. 38.2 има, раце нозе топли, го расоблеков, имам ефералган од 80мг, друго што да правам? Да го носам на доктор?
Какви други симптоми има, не трчајте веднаш на доктор. Дај му парацетамол и почекајте дали ќе се симне температура. Гледај го како е расположено. Кај мене пред вадење на заб крева температура еднаш и толку. Инаку некни беше омалаксан главата му паѓаше од стол. Еве го сега е весел, ама нас поради покачени леукоцити ни пишаа терапија. Ама не го пие сируп и мислам дека болница не ни бега овој пат.
Јас за температура не сум носела на доктор. Освен ако нема неколку дена висока температура. Му даде сируп? Расоблечи го, туширај без главчето. Други симптоми има? Оти мојата и на 39° температура беше весела, скокаше.
@Mother of 2boys @LiquidLuna Не сум дала ништо само го расоблеков. Во рок од 2 саати два пати качи и симна од 38.2. Моментално спие и пак качува. Кенкав е ама не е спиен мислам од тоа е. Знам дека паничам, големиот не бил болен како бебе и затоа пишав зашто трезвено ќе ми кажете.
И моето цело време кака, по неколку пати на ден сигурно. Нормално е кај мали бебиња. Зошто не го пие?
Хелп мајки, бебе за прв пат не се покакало еве веќе трет ден. Плаче, се мачи, што може да направам? Сливи јадев вчера, ќе помогнат?
Јас исто како прво да родив се осеќам некогаш Какаат, кај бебка се регулираше, кај синко не, ама он испадна и нетолерантен на лактоза. Синоќа проверив и вели уште 4 дена влегува во 5 ти скок. Ова е од кога имав термин, ама кај нејзе промени осеќам порано. На пример неделава? Што е 5 тиот скок?
Ако не е претерано плачлив, малаксан се толерира до 38.5 па дај му сируп. Ако е малаксано, тажно јас и на 38.3 имам дадено сируп.
Прави масажи на стомаче, можеш и термофорче да ставиш. Би требало да помогнат сливи, свари ги како компот и пиј ја водата, нас ни помагаа.
Пробај ленено семе и јогурт јади, компот од суви сливи исто така би требало да помогне. Оф леле многу ми е жал. Пробај со шприц и малку по малку му го давај. Биди упорна мора да го сака, не се откажувај за негово добро е.
За да голтне сируп без проблем шпицот се насочува кој еден од образите, од таму не може да го врати, мора да го голтне.
Никако, и со убаво и на сила борби водиме со татко му, и нос да му затниме. И не го пие, го држи во уста и го плука.