Има секрет од носот, зелен, имаше температура, и резултат од крвна слика се покачено. Препишаа алмацин три пати на ден ама не го пие, и затоа рече ќе му пише сумамед дека имал бронхитичен наод.
Тука се потребни двајца еден држи нозе раце, друг глава и со шприц во правец на образот, и нема нејќам. Ќе плаче, ќе му помине. Антибиотик ако не се истера до крај и ако така почнувате не дозавршувате, е многу полошо за детето. Да не ти е воопшто жал што плаче. Со лесно и брзо да помине!
Јас на почетокот кога беше помал пошто имаме атопичен дерматит го правев истото но сфатив дека бебе навечер не мочка којзнае колку, пелената беше речиси сува, што не е случај веќе кај 5 часот кога тежи како бомба, па престанав да го будам за пресоблекување
@Skyler Се разликува накашлување. Како нас кога ќе ни залетне. Кашлање е баш кашлање. Не застанува одма. Мојот беше многу болен кашлаше просто да не ги се верува дека 3 месечно бебе може така да кашла. Почна полесно ама се наполни шлајм. Вирус беше па само чекавме да помине. Ама се разликува. Моево уште лигави и уште секој ден се засркнува. И секоја вечер му се затнува носето и крчка од сувиот воздух. Ама па и мене ми се затнува па ради тоа не го сметам за проблем.
Не ми е воопшто жал за плачењето, јас се предавам дама со нив, банјам, носам на вакцини, по болници, немам гајле од солзи. Ама проблемот е што не го голта. Му даваме и стискаме, држиме уста, затварање нос, и на крајот пак ќе го исплука цело. Го чува во уста, не голта и прави пфффффф и лиги и сируп лом направи дома. Минатиот пат кога пиеше антибиотик и тогаш не го испи, ама дека имаше помалку килажа пиеше по 2,5 мл. Сега треба 3 пати по 4 мл. А тој нема ни 1 да испие. Пие од вторникот ама наместо по 3 по два пати, оти навечер спие по 12 часа, и не можам да го будам ноќе да му давам сируп, па плачки, па заспивање. Вака искрено ми стои подобро, секретот му е намален, ама некако ми стои како залиптавен да е. Во понеделник ќе му проверам крвна слика пак, и после кај матичен
Жени како сте? Како се држиме? Ние сме во исчекување на петката ама искрено после четвртиот не се ни плашам веќе. Бебуш е океј, даваме дохрана 120мл Аптамил после подој само навечер и сабајле после будење. Е сега ме интересира кога почнавте да давате вода? Јас планирам да почнам со храна крај на месецов значи пет и пол месеци но не знам вода кога да внесам и колку
Скроз исто е кај нас како што опишуваш. Според ова што си напишала моево се засркнува. Туку што направивте со шлајмот? Јас се уште не сум дала ништо, кенкав е, качува и симнува сам, па ќе видам ноќта како ќе поминеме.
Шлајмот си го чуваме, за успомен и дуго сечање. Двајцава се пуни, ноќе им го слушам, знае да ги дави, а не се болни, ни мрсули немаат.
@GoldenFrida На почеток многу малку вода давав, дали 4-5 лажички, а и не ја сакаше. Не прифаќаше ништо освен моето млеко строго да цица, никако шише. После почнав во чаша за ракија и се научи, пиеше некои 30-50мл после оброк.
На цела мака ме расположи Еве и маж ми го слушам веќе цела недела кашла ‘од душа’ и никако да исфрли. Поточно сите се вака, полни шлајм.
На бебево мое при крај и е настинката, не кашла толку како порано. Ама сега јас настинав, ама само носот ми течи и сега ќе влијае ли нешто на неа? Пак да не настини?
Ви се случува да имате дупки во меморија? Не знам ни дали сум поспала некој пат, не знам дали витамини сум дала или нешто од другите капки.
Pregnancy brain, трае и после породување. Пиши на гугл. Ја и зборови некогаш не ми текнуваат, ко без речник сум.
Исти се, големиот и си кашла пак. Крај нема ова со шлајмот. @Alexandrite јас се осетив дека не можам да се сконцентрирам некој ко ќе ми кажува нешто, срам ми е да препрашувам веќе. А и тоа ми се случува секој ден се мислам дали д3 дадов и му велам на мм да гледа ко ќе и давам.
Исто. Луѓе ми зборуваат, мозокот скроз исклучен. Не ги слушам ништо. А приметуваат и они. Но, повеќе ме загрижува што, баш како скокови во времето да имам.
Фала богу, не сум била само јас. Помислив да одам да си барам некои прегледи, специјалисти. Вчера имавме гости, и на сред реченица, заборавив што сакав да кажам.
Мајки најпрво Среќен Божиќ, само убавини да си имате Друго, ја приметувам бебка два дена веќе си ја гледа дланката. Сега пак, ја пресоблекувам, плаче и се тресе и ја гледа дланката. Кажете мк дека е нормално, нема да разглабам од што и зошто почна да ми бега паметот.